Контакт

Економија

Туристичките агенции во колапс, се придружуваат на протестот на угостителите

Објавено пред

Секторот туризам е еден од најпогодените во периодот на пандемијата, за нашите државјани се затворени границите на речиси сите европските држави, а поради рестриктивните мерки на движење во другите држави, нема ниту странски туристи. Дополнително, и капацитетите на објектите од овој сектор беа под извесни рестриктивни мерки не можејќи и да сакаат да ја извршуваат својата дејност. Големиот број заболени граѓани, немањето вакцини, намалената платежна моќ на граѓаните ги става туризмот и патувањето како последна точка на интерес. Приходот во изминатите 13 месеци е со паднат од 85 до 100 %, а нашите трошоци сѐ уште се акумулираат, потенцираат од Туристичко-угостителската комора.

dobivaj vesti na viber

„Повеќе од една година ситуацијата со коронавирусот континуирано е лоша, без изгледи за нејзина стабилизација. Проблемот со кој се соочуваат туристичките агенции е континуиран и се однесува на немање можност за работа, плаќање режиски трошоци и трошоци за плати, без да се остваруваат никакви приходи. Поради тоа што сме дел од економијата на нашата земја во која придонесуваме и сме дисциплинирани во плаќање даноци и такси во нормални услови на живеење и работа, инсистираме да ни се помогне да опстанеме во овој тежок период за нас и да не се дозволи секторот туризам да се уништи и да згасне“, изјави Ана Марија Алексова.

Таа истакна дека сите се надеваат и сакаат да работат и да заработат самостојно како и досега, но поради виша сила, односно пандемија, туристичките агенции, хотелите и другите придружни дејности се пред колапс, затоа е неопходно институциите да помогнат овој сектор да опстане. Ситуацијата е толку неизвесна што поради состојбите со коронавирусот во светот, секојдневно се менуваат условите за влез и излез, што оневозможува да се планираат туристички патувања и оваа година.

„Бараме неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција со цел опстанок и ликвидност на компаниите за 2021 година, а ваучерите што ќе се доделуваат од Владата за кампањата ‘Дома си е дома’ задолжително да се користат преку туристичките агенции, кои ќе може во аранжманите да ги вклучат сите учесници од секторот туризам, како хотели, категоризирани објекти за престој, превозници и за тоа да може како помош да биде искористено од сите учесници во секторот од таа причина бараме задолжително да се користат преку туристичка агенција“, изјави Алексова.

Туристичките агенции бараат да се продолжи рокот на ваучерите издадени за нереализираните патувања во 2020 година, наместо до 31.12.2021, до крајот на 2022 година, бидејќи, за жал, состојбите сѐ уште се неизвесни и не се знае дали и кога ќе се стабилизира ситуацијата и ќе може тие да се реализираат.

„Барањата за поддршка на секторот туризам се реални и засновани на големите штети што ги имаме за што во овој момент ни е потребна помошта за опстанок за да не се соочиме со колапс. Барања за помош досега неколкупати се доставувани до надлежните институции и затоа од вторник, 20 април, ќе се приклучиме на протестот на угостителите и ќе останеме пред институциите сѐ до моментот додека нашите барања не бидат во целост прифатени“, истакна Алексова.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

dobivaj vesti na viber

„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.

„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Објавено пред

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

dobivaj vesti na viber

Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“

Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.

„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.

Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет2 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија3 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет3 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија4 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија4 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија4 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија15 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија16 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија16 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија16 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија21 час

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија21 час

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија22 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 ден

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија1 ден

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...