Економија
„Јунајтед груп“: Стабилен раст на профитабилноста и трансформација во текот на 2020 година и првиот квартал од 2021 година
-Растот на приходите на речиси 2 милијарди евра годишно, во споредба со 742 милиони евра генерирани во 2019 година
– Раст на ЕБИТДА на 763 милиони евра годишно, во споредба со 316 милиони евра реализирани во 2019 година
– Големи аквизиции со силен органски раст и одржлива програма за инвестиции
– Проекти за трансформација на нови пазари
– Продолжување на позитивните трендови во сите деловни сегменти
8 јуни 2021 година – „Јунајтед груп“ (United Group), во чии рамки во РС Македонија работи Тотал ТВ, ги објави деловните резултати за 2020 година и првиот квартал на 2021 година, по последната средба со инвеститорите одржана на 27 мај.
Со оглед на тоа дека „Јунајтед груп“ забележа значителен развој од почетокот на 2020 година, водечката телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа сподели информации за резултатите од спроведувањето на деловната стратегија.
„2020 година беше една од годините на најголемите трансформации во нашата историја и се чини дека 2021 година е подеднакво важна. Позитивните трендови на раст на приходите и EBITDA продолжија во текот на 2020 и 2021 година. Нашиот пат кон профитабилен раст беше поддржан од големи аквизиции што ни отворија нови пазари и кои обезбедуваат поддршка за продолженото лидерство на ‘Јунајтед груп’ во регионот кога станува збор за телекомуникациските и медиумските услуги. Гледаме значителни можности за раст на секој нов пазар, како и здрави синергии со остатокот од групацијата” , рече извршниот директор на групацијата Јунајтед, Викторија Боклаг.
Влезот на „Јунајтед груп“ во Хрватска, Бугарија и Грција го зголеми вкупниот пазар на приближно 40 милиони луѓе со значителен раст на приходите од речиси 2 милијарди евра годишно. Бројот на претплатниците на крајот на првиот квартал од 2021 година е приближно 11 милиони, односно забележува раст од 120% во споредба со претходната година.
Иако аквизициите придонесоа најмногу за растот на компанијата, „Јунајтед груп“ успешно го продолжи органскиот раст и покрај низа предизвици што ги носи пандемијата со Ковид-19, пред сè преку Pay TV услугата, телефонија, мобилна телефонија и Интернет, како и повеќе други услуги.
Добра диверзификација на бизнисот
„Јунајтед груп“ има добро диверзифицирана деловна активност, со водечки позиции на пазарот во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Грција.
Во првиот квартал на 2021 година, Виваком во Бугарија оствари 29% од приходите на Групацијата, Телемах Словенија и Фортнет во Грција по 14%, СББ Србија 13%, Телемах Хрватска 10% и Телемах БХ и Телемах Црна Гора помалку од 5% од приходите. Компанијата на „Јунајтед груп“ , „Јунајтед Медиа“, генерира 13% од вкупниот приход на групацијата во првиот квартал на 2021 година. Најголем придонес кон консолидираниот EBITDA во овој квартал дадоа VIVACOM (34%), SBB (17%), United Media (14%) и Telemach Словенија (13%).
Важни достигнувања
„Јунајтед груп“ оствари голем успех на секој од новите пазари во текот на изминатата година. Во првиот квартал од 2021 година, групацијата ја ребрендираше Теле2 Хрватска во Телемах Хрватска и дефинираше нова деловна стратегија, заснована врз искуството по исклучително успешната интеграција на поранешниот словенечки Тушмобил, сега Телемах Словенија. Воведена е и првата хрватска оптичка мрежа од 10 гига.
Во првиот квартал од 2021 година, „Јунајтед груп“ исто така претстави нова стратегија на VIVACOM во Бугарија со ново лого на VIVACOM и воведување на платформата ЕОН, една од најпопуларните телевизиски платформи во регионот и пакети на ЕОН со супер брз интернет.
Групата исто така ја презеде најголемата бугарска медиумска компанија „Нова радиодифузна група” и весникот „Весник телеграф” за зајакнување на бизнисот на Јунајтед медиа.
На крајот на 2020 година Телемах Словенија стана водечки интернет провајдер во таа земја, што ја прави една од само неколкуте алтернативни оператори во Европа што го надминаа поранешниот монопол на својот пазар. Компанијата исто така успешно го зголеми својот удел на пазарот во мобилните комуникации на околу 25%, со над 600.000 корисници.
Позитивниот момент во растот на „Јунајтед груп“ е поддржан од програма за одржлива инвестиција која е основа за понатамошен раст. Капиталните расходи за цела 2020 година се зголемија за 57,3% на 310,2 милиони евра и за 57,9% на 91,3 милиони евра во првиот квартал од 2021 година.
Групацијата продолжува да инвестира низ целиот регион, вклучително и инвестиции во фиксни и мобилни мрежи, како и во медиумите. Програмата од 500 милиони евра, објавена
Во март, за поддршка на воведувањ нова генерација на оптички кабелски мрежи низ Југоисточна Европа, ќе им овозможи на милиони станбени и деловни корисници пристап до 10 гига услуги.
„Јунајтед груп“ продолжува со воведување на 5G мобилни услуги во Југоисточна Европа, со аукции од 51,6 милиони евра за аквизиција на нови 5G фреквенции за Телемах Словенија и 2,3 милиони евра за Виваком Бугарија.
На крајот на 2020 година „Јунајтед груп“ ја прошири својата деловна активност во е-трговија со лансирање на првата интегрирана онлајн и ТВ продавница Shoppster.com во Србија и Словенија. Преку оваа гринфилд инвестиција, „Јунајтед груп“ се обидува понатаму да го искористи својот уникатен телекомуникациски систем со нови извори на приход на овој брзорастечки и динамичен пазар.
„Позитивните трендови продолжуваат низ целиот пазар. Ние сме многу оптимистични за иднината на компанијата и проактивно работиме на нови успеси“, рече Боклаг.
Консолидирани финансиски извештаи за 2020 година и првиот квартал од 2021 година
Приходите во 2020 година се зголемија за 56,5% и изнесуваат 1.161,3 милиони евра, додека приходите за првиот квартал од 2021 година се зголемија за 126,5% на 439,4 милиони евра. Годишните приходи на стекнатите компании (PF L2QA) во март 2021 година изнесуваат 1.928 милиони евра.
Прилагодениот EBITDA се зголеми за 52,5% и изнесува 481,3 милиони евра во 2020 година, додека прилагодениот EBITDA во првиот квартал од 2021 година се зголеми за 111,8% и е 179,2 милиони евра. Слично на тоа, PF за аквизиции, прилагодена EBITDA на годишна основа (PF L2QA) во март 2021 година беше 763 милиони евра.
Капиталните расходи за инвестиции се зголемија за 57,3% или 310,2 милиони евра во 2020 година, додека капиталните расходи за првиот квартал од 2021 година се зголемија за 57,9% во износ од 91,3 милиони евра во првиот квартал од 2021 година.
Ова резултираше во реализација на готовина од 171,1 милиони евра во 2020 година во споредба со 118,4 милиони евра во 2019 година и зголемување на 87,9 милиони евра во првиот квартал од 2021 година од 26,8 милиони евра во првиот квартал 2020 година
Детали за резултатите на компанијата се достапни на веб-страницата на „Јунајтед груп“.
За „Јунајтед груп“ :
„Јунајтед груп“ , со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Компанијата работи во осум земји и на крајот на 2020 година има приближно 11 милиони клиенти и повеќе од 12.500 вработени. „Јунајтед груп“ има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ-содржини од целиот свет. Значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумска содржина и технологија, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги обезбедува на клиентите. Од март 2019 година, „Јунајтед груп“ е во мнозинска сопственост на БЦ Партнерс, една од најголемите инвестициски компании во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“
Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.
„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.
Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.
Економија
Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто
На 16 април 2024 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.
На седницата на Комитетот беше оценето дека тековнaта поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Така, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чијашто примена започнува од јуни 2024 година, значат и дополнителна поддршка на прудентниот карактер на монетарната политика, извести Народната банка.
Во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа, имајќи ги предвид присутните ризици, коишто во голема мера се поврзани со геополитичките тензии. Имено, инфлацијата очекувано забрза во март 2024 година на 4% на годишно ниво (3% во февруари), со оглед на престанокот на важноста на мерките за гарантирани цени на дел од прехранбените производи и пијалаци и за укинување/намалување на дел од увозните давачки. Сепак, остварувањето е под проекцијата на Народната банка, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории во првиот квартал, во согласност и со преземените монетарни мерки. Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, со исклучок на нафтата којашто има одредени флуктуации. Остварувањата кај инфлацијата од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во април повторно беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво.
Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на март изнесува 4.287,1 милион евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар се поволни и придонесуваат за интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка, при умерено намалена нето-побарувачка од корпоративниот сектор и натамошен висок прилив на девизи на менувачкиот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во првите два месеца од 2024 година е малку повисок од очекувањата според октомврискиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со март се малку пониски од проектираните нето-приливи од приватните трансфери.
Остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година, како и за целата година, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното. Имено, реалниот раст на домашната економија во 2023 година изнесува 1%, при раст на БДП во четвртиот квартал од годината од 0,9% на годишна основа. Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2024 година со кои се располага упатуваат на годишен раст кај индустриското производство и угостителството, при мал реален годишен пад на прометот во вкупната трговија и кај градежништвото. Сепак, расположливоста на податоците е ограничена и не е доволна за попрецизна оцена. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти.
Во монетарниот сектор, според првичните податоци за март 2024 година, депозитите растат со слична динамика како и претходниот месец, но малку посилно од очекувањата. Од друга страна, кредитната активност на банките умерено забавува, но годишниот раст е малку над проекциите за првиот квартал.
Сѐ на сѐ, амбиентот за водење на монетарната политика е умерено поповолен од очекувањата. Сепак, ризиците кај инфлацијата наметнуваат потреба од натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и преку пазарот на труд каде што има високи стапки на реален раст на платите. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, соопшти НБ.
Економија
За универзален снабдувач на електрична енергија Владата ја прифати понудата на ЕВН Македонија
Владата, согласно Законот за енергетика, ја донесе и Одлуката за избор на универзален снабдувач.
За најповолна понуда за избор на универзален снабдувач, во соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје – носител и ЕВН Македонија АД Скопје – член на групата.
За носител на набавката е избран економскиот оператор којшто има понудено најнизок процент на бруто маржа во текот на електронската аукција, а чијашто понуда претходно е оценета како прифатлива. Критериумот за доделување на договорот за универзален снабдувач, притоа, е бруто понудената маржа за снабдување.
Основата за пресметката на цената по којашто универзалниот снабдувач ќе ги снабдува малите потрошувачи и домаќинствата во којашто е вклучена и бруто маржа, е во согласност со Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 246/23), донесен од страна на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, појаснуват од Владата.