Контакт

Економија

100 милиони евра казна за „БМВ“, „Фолскваген“ и „Дајмлер“

Објавено пред

Германските антимонополски власти ги казнија водечките домашни производители на автомобили – БМВ, Фолксваген и Дајмлер вкупно 100 милиони евра за картелско спојување за потребите за набавка на производи од челик.

Од 2004 до 2013 година, овие производители на автомобили редовно се состануваа со производителите на челик и други компании во синџирот на снабдување за да преговараат за еднаков износ на надоместот за набавната цена на челикот, соопшти Канцеларијата за сузбивање на картелски активности.

Нелегалните цени што произлегуваат од картелското договарање се исплатени до 2016 година, се додава во соопштението.

Германските компании за автомобили ги прифатија казните, пренесува „Ројтерс“.Од БМВ соопштија дека ќе платат казна од 28 милиони евра, а портпаролката на „Дајмлер“ изјави дека компанијата ќе мора да плати 23,5 милиони евра.

Ова значи дека речиси половина од вкупно изречените казни, или 48,5 милиони евра, ќе треба да плати најголемиот германски производител – „Фолксваген“. Компанијата одби да ја коментира висината на казната, но го поздрави завршувањето на истрагата.

Антимонополскиот регулатор соопшти дека набавната цена на производите од челик на кои картелот влијаел, а кои се користат за производство на вратила, запчаници и шипки за системот за управување, чинат помалку од еден процент од крајната вредност на автомобилот.

Економија

Еуролинк осигурување: Одземањето на дозволата на Еуростандард банка не влијае на нашето работење

Објавено пред

Во врска со тековните случувања поврзани со Еуростандард банка, а со цел правилно информирање на нашите клиенти и соработници, Еуролинк осигурување потврдува дека нема никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка.

„Еуролинк осигурување АД Скопје од 31.03.2020 е во 100% сопственост на Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group) со седиште во Грац, интернационална компанија со осигурителна традиција долга повеќе од 190 години. Оттука, сакаме да ги информираме сите наши осигуреници и соработници дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема и ниту ќе има ефект врз нашето работење.

Еуролинк осигурување изнајмува деловни простории во сопственост на Еуростандард банка, каде е сместена нашата Централа, и истата продолжува да работи без прекин и пречки, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. За сите дополнителни информации за осигурениците на Еуролинк осигурување на располагање стои нашиот Контакт центар достапен 24/7 на 02/15888, а за дополнителни информации за јавноста достапни сме на [email protected]“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Објавено пред

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка за укинување на дозволата за основање и работа на „Еуростандард банка” АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на банката дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи.

Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година. Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година.Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Под вкупни депозити на еден депонент се подразбира: денарски и девизни депозити и трансакциски сметки на физички лица во банката, депозити врзани за паричните картички издадени од банката, девизни приливи на физички лица и сертификати за депозити издадени од банката. Фондот ќе ги извести депонентите-физички лица за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето и за називот на банките преку кои ќе се врши исплатата на депозитите.

За дополнителни информации, граѓаните коишто ги користеле услугите на „Еуростандард Банка” АД Скопје, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на е-адресата: [email protected] или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/3235-735.

Прикажи повеќе...

Економија

Агенција за супервизија: Одземањето на дозволата на Еуростандард банка нема да влијае на стабилноста на осигурителниот пазар

Објавено пред

Во врска со објавената вест дека НБРСМ ја одзела дозволата за работа на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека осигурителниот пазар останува стабилен и развојот на настаните околу горе споменатата банка нема да влијаат негативно врз ликвидноста и солвентноста врз работењето на осигурителните компании.

„Фактите велат: според последните податоци, вкупната актива на осигурителниот сектор изнесува 26,4 милијарди денари. Осигурителниот сектор го сочинуваат 16 друштва за осигурување, од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а пет вршат работи на осигурување на живот. Само четири друштва за осигурување имаат парични средства и депозити во Еуростандард банка, а вкупната вредност изнесувала 31 милиони денари, што претставува 0,1% од вкупната вредност на активата на осигурителниот сектор.

Средствата кои осигурениците ги уплатиле по основ на премии во друштва за осигурување се вложени во инструменти и пласмани почитувајќи ги принципите на диверзификација и нивната вредност на 30.6.2020 година изнесува 14.742.452.987 денари. Во депозити во банки и парични средства на сметки во банки се наоѓаат 4.691.078.198 денари што е околу 32% од вкупната вредност на сите вложувања кои друштвата за осигурување ги направиле од средствата на осигурениците. Од овој износ, во Еуростандард банка на 30.6.2020 се наоѓаат пласмани на две друштва за осигурување во вкупен износ од 24.446.041 денари, што претставува 0,5% од вкупната вредност на вложувањата во депозити во банки“, се вели во соопштението.

Според агенцијата, вкупната вредност на средствата со кои располагаат друштвата за осигурување, а се од други извори, односно капитал и останати обврски, изнесува 11.645.170.177 денари. Од нив, во депозити во банки и парични средства на сметки во банки се 1.485.690.994 денари, или скоро 13%. Од овој износ, 6.624.875 денари се вложени од страна на две друштва за осигурување во Еуростандард банка, што претставува 0,4% од вкупната вредност на вложувањата во депозити во банки и парични средства на сметки во банки.

„Во текот на 2019 година, АД за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје доби нов сопственик, односно австриската осигурителна група ГРАВЕ од Грац ги купи сите акции издадени од ова друштво за осигурување од претходниот сопственик, кој е сопственик на банката. Оттука, ова друштво за осигурување не е во сопственичка поврзаност со банката, и не постои ризик од пренесување на обврските од банката на друштвото за осигурување.

Заклучокот што се добива од изнесените факти ја потврдува констатацијата дека не постои никаков ризик дека отворањето на стечајна постапка на Еуростандард банка ќе влијае на исполнувањето на обврските на друштвата за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување ниту пак ќе се одрази суштински на профитабилноста и солвентноста на друштвата за осигурување“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија35 минути

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка за укинување на дозволата за основање и работа...

Свет2 часа

Лекот РЛФ-100 покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек РЛФ-100 (авиптадил) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои...

Македонија2 часа

Џафери поради семејни причини не закажа за денеска собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери се предомисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел...

Европа2 часа

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаја на коронавирус, што е најголем дневен број...

Свет3 часа

Стотици луѓе починале од лажни информации за коронавирусот

Во првите три месеци од оваа година најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации за коронавирусот, објавија научниците. Според...

Македонија3 часа

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска, се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјата...

Свет14 часа

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет16 часа

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија16 часа

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија19 часа

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија19 часа

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија21 час

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија21 час

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Македонија22 часа

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернативата нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија23 часа

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се...

Македонија23 часа

Засега нема воведување на ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести...

Македонија23 часа

Сведоштво на прилепчанка што го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството, кое...

Топ1 ден

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија1 ден

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет1 ден

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Досие