Контакт

Економија

Германскиот извоз забележа неочекуван пад во јануари

Објавено пред

Германскиот извоз во текот на јануари годинава забележал неочекуван пад од 6,3 отсто во однос на претходниот месец.

Германскиот извоз во текот на јануари годинава забележал неочекуван пад од 6,3 отсто во однос на претходниот месец. Според Федералната агенција за статистика од Визбаден ова е прв пад на извозот од август мината година. Германија во јануари извезла стока во вредност од околу 64 милијарди евра,, додека увезла продукти за околу 56 милијарди евра.Трговскиот суфицит на Германија за јануари се намалил на 8,7 милијарди евра од  16,6 милијарди евра колку што изнесуваше во декември.Инфлацијата во Германија достигна  0,6 отсто на годишна основа во февруари, во однос на 0,8 отсто за претходниот месец, покажуваат податоците на статистиката. Резултатот беше повисок од првичните прогнози за инфлација од 0,4 проценти во најголемата европска економија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Студија на ОН: Половина милијарда луѓе би можеле да се најдат на работ на егзистенцијата

Објавено пред

Економските последици од кризата поради коронавирусот може да ја зголемат сиромаштијата кај половина милијарда луѓе во светот.

Ова предупредување доаѓа од студијата на Обединетите нации за финансиските и човечките загуби предизвикани од пандемијата. Податоците укажуваат дека сиромаштијата ќе се зголеми на глобално ниво за прв пат по 30 години, пренесува „Би-би-си“. Светската банка предвидува дека само во Кина, 25 милиони луѓе ќе бидат на работ на егзистенцијата.

Низ целата планета има голем притисок од сегашниот вирус, така што едната алка во синџирот ја влече другата. Модните брендови ги откажуваат своите нарачки во земји како Бангладеш, каде повеќе од еден милион работници работат во фабриките за текстил. Сега се без работа, а со тоа и без приход.

Соединетите Држави бележат невидени бројки кога станува збор за бројот на отпуштања, односно граѓани кои бараат парична помош заради невработеност. Според најновите податоци, најранлива група се жените, помладите лица, па дури и здравствените работници.

Богатите сега донираат пари на банките за храна, меѓутоа, милиони Американци, како и луѓето од другите делови на светот, и пред коронавирусот немаа пристап до најосновната нутритивни производи.

Извештајот на ООН е направен пред клучните состаноци на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и министрите за финансии на Г20 што ќе се одржат следната недела.

Прикажи повеќе...

Економија

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Објавено пред

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта за 14 проценти, или 1,6 милиони барели на ден, изјави неименуван официјален претставник на руското Министерство за енергетика.

„Ја потврдувам нашата подготвеност да го намалиме производството на руска нафта за 1,6 милиони барели на ден“, изјавил официјалниот претставник на Кремљ.

Според некои извори, во новиот договор се вклучени САД, Мексико, Норвешка, Канада и други земји и се предвидува да се намали глобалното производство за 70 милиони барели на ден. Видеосесија за падот на светските производство на нафта на земјите од ОПЕК се очекува да се одржи денеска.

Рускиот претседател Владимир Путин порано изјави дека Москва е подготвена да го намали производството на нафта само доколку другите светски производители на нафта, вклучително и САД, се согласат да го сторат истото.

Прикажи повеќе...

Економија

Инспекторатот за земјоделство: Увозот и извозот на земјоделски производи без застој

Објавено пред

Државниот инспекторат за земјоделство од 15 март до денес изврши 4.100 фитосанитарни прегледи, при што се овозможи и во вонредна состојба извозот и увозот на земјоделски производи да се одвива без каков било застој.

Од Инспекторатот соопштија дека сите погранични пунктови, како и пунктовите во внатрешноста на државата, секојдневно работат.

„Правните лица што го вршат извозот и увозот во Република Северна Македонија истакнаа дека се задоволни од ефикасноста на работењето на инспекторите, кои даваат значаен придонес во пласманот на домашните земјоделски производи. Само денес до 16 часот на граничниот премин Табановце извршени се 87 фитосанитарни прегледи од страна на инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Економија1 час

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет2 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион2 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет2 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа4 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија13 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа15 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа16 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија16 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија17 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија19 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет19 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија20 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет20 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија20 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет24 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет24 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија1 ден

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет1 ден

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Досие