Контакт

Економија

Првиот човек на Дојче банк лани заработил 10 милиони евра

Објавено пред

Првиот човек на Дојче Банк Јозеф Акерман лани заработил вкупно 9,55 милиони евра, од плата, бенефиции и бонуси

Првиот човек на Дојче Банк Јозеф Акерман лани заработил вкупно 9,55 милиони евра, од плата, бенефиции и бонуси.

Ова се наведува во годишниот извештај на компанијата објавен во вторник, во кој се додава дека 70 проценти од оваа сум на Акерман ќе му биде исплатена дополнително во зависност од резултатите на Дојче Банк.

Минатата година на осумчлениот управен одбор на Дојче Банк му се исплатени 38,98 милиони евра, што е за 4,48 милиони повеќе во однос на 2008 година кога избувна кризата.

Богатото наградување на банкарите стана спорно во целиот свет по избувнувањето на глобалната криза, која ги принуди владите на заострување на прописите за исплата на бонусите.

Инаку Дојче Банк во 2009 година остварила добивка пред оданочување од 5,2 милијарди долари. /крај/хи/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заев и министрите од економските ресори на состанок со германски стопанственици

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, амбасодарката на Сојузна Република Германија во земјава Анка Холштајн, како и Михаел Хармс, директор на Комитетот на источна Европа на германското стопанство, со воведни обраќања го отворија онлајн состанокот со делегацијата од над 20 германски стопанственици од повеќе сектори кои покажаа интерес за инвестиции во земјата.

Во фокус на состанокот беа теми поврзани со инвестиции во областите на дигитализација, енергетска ефикасност, третман на отпадни води, градење на општинска инфраструктурата, како и зајакнување на здравствените системи, кои ќе креираат понатамошен економски раст.

 

Премиерот Заев истакна дека економската соработка меѓу двете земји континуирано расте. Сојузна Република Германија е најважен трговски партнер на Северна Македонија од осамостојувањето до денес. Премиерот нагласи дека повеќето од германските инвеститори работат со голем успех во нашата земја и Германија е најголемиот надворешно-трговски партнер, со вкупна трговска размена во периодот јануари-септември 2020 година од 2,4 милијарди евра.

Вицепремиерот Битиќи дополни дека Владата е посветена на креирање на предвидлива бизнис клима за инвеститорите во земјава. За таа цел е отпочнат процес на долгорочен стратешки Национален развоен план и Централна единица за следење на ефективноста и ефикасноста на економските политики, борба со сивата економија и елиминација на корупцијата на сите нивоа.

На состанокот со германските стопанствениците дискутираа и министерот за здравство, Венко Филипче, за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врска Благоја Бочварски, како и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање околу спецификите и можностите за инвестирање во соодветните области.

Во таа насока и на годишниот самит на Берлинскиот процес што се одржа во Софија, а ко-претседаваше Бугарија, Северна Македонија се приклучи на потпишување на две важни политички декларации што ќе го забрзаат идниот економски раст. Првиот е имплементација на заеднички регионален пазар меѓу шесте земји од Западен Балкан, додека втората е за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан, подготвена од Европската комисија. И двата процеси ќе доведат до понатамошно зајакнување на регионалните економска интеграција, што дополнително ќе го забрза економскиот раст на Северна Македонија.

Заедно со Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, што издвојува до 9 милијарди евра за целиот регион во следните неколку години, тие регионални иницијативи создаваат солидна основа за идните перспективи на регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

Малите продавачи го молат Безос да се воздржи од „Црниот петок“

Објавено пред

Малите продавачи од САД би биле најсреќни ако за време на корона-кризата големите трговци, како „Амазон“, одлучат да го прескокнат овој „Црн петок“ и да им ја препуштат шансата за профит.

Француската влада им нареди на големите трговци на интернет да го одложат намалувањето планирано за „Црниот петок“ за да не бидат во нееднаква положба со оние што не може да работат поради строгите мерки за сузбивање на пандемијата, пишува „Телеграф бизнис“.

„Би било прекрасно ако Џеф Безос земе слободен ден и ни остави дел од колачот нам, на помалите продавачи. Мислам дека луѓето не може да разберат колку е сега тешко за нас“, вели сопственик на бутик.

Сепак, „Амазон“ објаснува дека 1,7 милион мали и средни компании работат за нив, што сочинува околу 60 проценти од целата продажба на оваа платформа.

Илјадници мали бизниси веќе се затворени од почетокот на битката со пандемијата бидејќи за нивното опстојување не беше доволно, дури ни со државната помош. Од оние што продолжуваат да работат, околу 20 проценти не се сигурни дека ќе може да закрепнат од ударот што им го нанесе глобалната борба против вирусот.

Ако малите трговци нудат попусти, како оние што ги нуди „Амазон“ за „Црниот петок“, многу од нив ќе бидат на нула во најдобар случај.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено пред

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средните претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област пврзана со економски работи во 2021 година, обезбедени се 4,5-проценти поени повеќе во однос на буџетот за 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24 % од расходите се наменети за економски работи, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими, на комисиската расправа за буџетот во Собранието.

Во однос на развојната компонента на буџетот за 2021 година министерот за финансии посочи и дека се превидени средства за капитални проекти 20 % повеќе во однос на ребалансот, како и дека првпат има 5-годишна рамка за проектите со цел да се подобри нивнината реализација.

„Буџетот за идната година треба да даде перспектива за раст и развој. Поради тоа, капиталните инвестиции споредбено со ребалансот предвидуваат зголемување од 20 %. Предвидуваме и механизми со кои сметаме дека може да се подобри реализацијата. Во самиот документ има листа на капитални проекти на среден рок, како автопатишта, железничка инфраструктура, енергетска инфраструктура, комунална инфраструктура, инфраструктура од образование и здравство“, вели министерот за финансии.

Во однос на економскиот развој и соочување со тековната ситуација, министерот во однос на четвртиот пакет-мерки посочи дека за октомври за речиси 14.000 правни субјекти е веќе одобрена финансиска поддршка за исплата на плати, со што се опфатени околу 58.000 работни места. Станува збор за 15 милиони евра, кои воедно се инјектираат и во стопанството.

Министерот посочи дека економското заздравување и развојот на економијата ќе се поттикнуваат и преку Стратегијата за економско заздравување и раст, преку која на среден рок ќе се обезбедат стапки на раст од 4 до 5 % или двојно повеќе во однос на просекот од последните десет години.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Двајца повредени со нож во Швајцарија, се утврдува дали е терористички напад

Две лица се повредени, а едно лице е уапсено во можен терористички напад во стоковна куќа во Швајцарија, пренесува швајцарски...

Македонија2 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура3 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа4 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет4 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија5 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион5 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа5 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет5 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет6 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет6 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет7 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет7 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија18 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет19 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет20 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија20 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа20 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет21 час

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Досие