Контакт

Економија

Пешевски на средба на Македонско- германското стопанско здружение

Објавено пред

Потпретседателот македонската Влада за економски прашања Владимир Пешевски ги покани потенцијалните германски инвеститори да вложуваат во Македонија, со оглед на атрактивните услови за инвестирање

Потпретседателот македонската Влада за економски прашања Владимир Пешевски ги покани потенцијалните германски инвеститори да вложуваат во Македонија, со оглед на атрактивните услови за инвестирање.

Пешевски, кој денеска беше почесен гостин на деловната средба што ја организираше Македонско- германското стопанско здружение, имаше излагање на тема “Предизвиците во економијата во Република Македонија”, при што ја истакна политиката на Владата за потпомагање и создавање на услови за еднаков раст на бизнис заедницата, како што се новиот пакет антикризни мерки, потоа мерките за унапредување на санкционата политика, како и процесот за усовршување на т.н. Регулаторна гилотина.

Во своето излагање, како што е соопштено, вицепремиерот Пешевски стави посебен  акцент на капиталните инвестиции во Република Македонија во делот на енергетиката, како и можноста за унапредување на соработката меѓу компаниите од Република Македонија и СР Германија врз основа на позитивните трендови во досегашната трговска размена помеѓу двете земји.

Претседателот на Македонско-германското стопанско здружение Николај Бекерс, го поздрави вицепремиерот Пешевски и му заблагодари за неговиот несебичен влог во унапредувањето на економските односи помеѓу Македонија и Германија.

На деловната средба беа присутни и делегатот на Германското стопанство за Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија, Михаел Шмит, заменик амбасадорот на СР Германија во Република Македонија и раководител на Одделот за економија Томас Штридер, како и претставници од Амбасадата на СР Германија, членови на Македонско – германското стопанско  здружение и претставници на повеќе македонски компании. /крај/со/мп

Економија

Заев: Да бидеме прва држава во регионот која поголемиот дел од енергијата ќе ја обезбедува од обновливи извори

Објавено пред

„Еден од најголемите фокуси од областа на економијата ни е енергетиката и реално овде имаме направено многу. За нас коментира Европска енергетска заедница дека сме најголеми реформатори во енергетиката и тоа е так затоа што го донесовме законот што ја регулира оваа област, обезбедивме практична имплементација на законот во многу брзи постапки и имаме практични реализации на проекти во целата таа политика на транзиција, односно да го замениме загадувачкиот ресурс во производството на електрична енергија со обновливи извори на енергија“, рече премиерот Заев на денешното отворање на самитот „Македонија 2025“ во дебатата во која учествуваше во рамките на панел-сесијата на тема: „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во Југоисточна Европа“.

Заев на дебатата даде повеќе информации во однос на искористувањето на сончевата енергија кај нас во земјата, при што се скратени временските рамки за поставување фотоволтаици, како и за постапките за поставување на ветерниците, со цел да се искористат бизнис-проектите во овие области, за замена на јаглените централи со обновливи извори на енергија, доминантно фотоволтаици и ветерници, но и гасните централи, како и хидроцентралите, како инвестиции во државата во моментот.

„Поставени се нови 62,5 мегавати фотоволтаици, кои се во фаза на изградба, по пат на јавно-приватно партнерство. Државата понуди готови локации со обезбедени приклучоци и со трафостаници за да може да инвестираат инвеститорите. Инкасиравме речиси три милиони евра“, додаде премиерот Заев информирајќи и за успешно завршена постапка за инсталација на 100 мегавати во Осломеј и за целта да бидеме прва држава во целиот регион, која ќе произведува поголем дел од потребните количини енергија од обновливи потенцијали на државата.

Исто така, освен другите, беа споменати и плановите за изградба на гасна централа во регионот на Битола, каде што се планира со тек на време затворање на јаглените термоцентрали, како и инвестициите во интерконекторите со Грција, Бугарија, Косово, Србија како сериозни инвестиции во енергетиката.

Тој истакна дека Владата, како и другите земји во светот, е насочена кон екологијата, енергетиката, заштедата на енергијата, дигитализацијата и по надминувањето на ковид-кризата, подготвена е за брз рестарт и за унапредување на реформите кои се однесуваат на администрацијата, кои, како што нагласи, се почнати и се однесуваат на зголемување на ефектите на јавната администрација.

Премиерот Заев во однос на прашањето за подобрувањето на деловниот амбиент во државата, особено нагласи дека основната цел на Владата е да не штеди и да вложува во зајакнување на технолошкиот и човечкиот потенцијал на нашата земја, притоа нагласувајќи дека евтината работна сила не треба да биде основна карактеристика за вложување, туку да се искористи можноста дека нашата држава сè уште е привлечна за инвестиции во поглед на ниските даноци и пониските цени на ресурсите.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев: Обезбедуваме сигурност на инвестициите преку владеење на правото и борба против корупцијата

Објавено пред

Обезбедуваме сигурност на инвестициите со воспоставување владеење на правото и борбат против корупцијата, владините стратегии се за обезбедување економска сигурност на граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев на панел-сесијата на тема: „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во Југоисточна Европа “, на која учествуваше заедно со ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и со Кејт Мари Брна, амбасадор на САД во земјата.

Истовремено, Заев упати честитки за организацијата на годинешниот самит „Македонија 2025“, кој од 1 до 3 декември 2020 декември, поради околностите предизвикани од пандемијата на Ковид-19, првпат се одржува во хибриден формат фокусирајќи се на светот за време и по глобалната здравствена и економска криза и изразувајќи верба дека како и секоја година и оваа ќе произлезат квалитетни заклучоци, кои понатаму ќе придонесат кон имплементација на важни проекти и активности, со оглед на, како што нагласи премиерот Заев, нагласената потреба од наметнување на современите трендови и фокусирање кон економските реформи, кои ќе придонесат кон одржлив и инклузивен економски развој.

Осврнувајќи се на процената за состојбата во поглед на економските реформи и најголемите достигнувања и можности за успех, како и најголемите предизвици за успех и подобрувањето на владеењето на правото, премиерот Заев истакна дека Владата посветено работи на ублажување на ефектите од пандемијата наведувајќи ги веќе донесените четири економски пакети за заздравување на економијата потенцирајќи дека се работи и на економско планирање за подобрување на состојбите на среден и на долг рок.

„Нашите заложби се на долг рок креирање стабилен предвидлив деловен амбиент за да може да се реализираат предвидените инвестициски проекти, со гаранција на инвестициите како одраз на зголемување на правната сигурност. Во време кога се соочуваме со економска неизвесност и сè уште разновидни сценарија за кризата, предизвикот за реалниот сектор е голем. Во справувањето со предизвиците важна е придружната улога на јавниот сектор, која е предуслов за амбиент за развој на претприемаштвото и иновациите“, рече премиерот Заев.

Заев истакна дека Владата ја смета платформата за просперитетна иднина донесена од „Македонија 2025“ и дека е компактибилна со владините стратегии, при што се истакнуваат предностите и предизвиците со цел економски прогрес и економска благосостојба на граѓаните во Северна Македонија.

Тој нагласи дека приоритет се човечкиот капитал и образованието. Притоа тој ја спомена „Младинската гаранција“, преку која се вработија и млади луѓе во согласност со потребите на пазарот на трудот.

„Преку рекомбинирање на образовниот систем, кој треба да продуцира квалификувана работна сила во согласност со потребите на пазарот на трудот, веднаш по тоа, доаѓаат економските перформанси, водењето бизнис во државата и во делот на привлекувањето на странските инвестиции, но и во делот на поддршка на оние капацитетни економски дејности што постојат во нашата земја и како области, но и како конкретни компании што може да генерираат сериозен раст на економијата“, нагласи премиерот Заев на денешниот самит „Македонија 2025“.

Прикажи повеќе...

Економија

Шпаркасе банка Македонија со нова промотивна кампања за корисниците на платежните картички VISA – „Со Sparky до е-ваучер!“

Објавено пред

Во духот на новогодишните и божиќните празници што нè очекуваат, Шпаркасе банка Македонија започнува нова промотивна кампања, наградувајќи ги сите нови корисници на VISA Classic Debit со вредносен ваучер на износ од 1.000 денари.

Во рамките на оваа промотивна активност, сите клиенти што ќе аплицираат онлајн за платежна картичка Visa Classic Debit преку Sparky Viber асистентот, по активацијата на платежната картичка ќе добијат подарок – е-ваучер од 1.000 денари на својот мобилен телефон.

Вредносниот е-ваучер на износ од 1.000 денари може да го добијат сите постојни или нови клиенти на Банката коишто не се корисници на дебитната платежна картичка од брендот Visa издадена од Шпаркасе банка Македонија. Постапката за аплицирање се спроведува онлајн, со пополнување апликација за Visa Classic Debit преку Sparky Viber Chat асистентот, како и доделувањето на е-ваучерот што се врши преку мобилниот телефон на клиентот.

Корисниците ќе можат да го искористат е-ваучерот еднократно во продавниците на Tinex, Cosmo и Tinex Home, во рок од 30 дена од денот на издавање. Кампањата ќе почне од денес, 1.12.2020 година, и ќе трае сè до истрошување на предвидениот буџет за издавање на вредносните ваучери.

Како една од мерките за поголема заштита на граѓаните од евентуално заразување и ширење на коронавирусот Ковид-19, Банката ја разви оваа алатка, со која го олесни начинот на комуникација со нашите вработени. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање.

Повеќе информации во врска со оваа промотивна активност, клиентите можат да добијат на официјалната веб-страница www.sparkasse.mk, на социјалните мрежи на банката или преку Контакт-центарот на телефон: 2 3200 600.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија12 часа

Починатите од Ковид-19 не мора да бидат погребани во затворен и залемен метален сандак

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести дека овластените оператори за погребални услуги се должни...

Македонија13 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија13 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ15 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија15 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија17 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион17 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија18 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија18 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија21 час

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион21 час

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија22 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет22 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет22 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет22 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет23 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет23 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија24 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Досие