Контакт

Економија

Европски пари за европски стандарди на македонската царина

Објавено пред

Реформите во Царинската управа на Македонија, што во изминатите години се спроведени со средства од ИПА фондовите, денеска беа поздравени од Европската унија (ЕУ).

Реформите во Царинската управа на Македонија, што во изминатите години се спроведени со средства од ИПА фондовите, денеска беа поздравени од Европската унија (ЕУ).

Како што информираше евроамбасадорот Ерван Фуере, македонската царина со средства од ИПА фондовите спроведе реформи во делот на хармонизација на регулативата со европското законодавство, во делот на забрзување на постапките за царинење и регионална соработка и за надградба на техничкиот капацитет на царината преку набавка на софтвер и хардвер усогласен со европските царини.

„Царинската управа има стратегиски цели во обезбедување на сигурноста и безбедноста на државата, во заштита на животната средина, да се заштити финансискиот интерес на земјата, преку спречување на нелегални активности и да се олесни легитимната деловна активност и да се подобри квалитативната соработка со другите институции, но и со деловната заедница“, рече Фуере.

Македонскиот министер за финансии ги поздрави реформите што се спроведуваат во царината поддржани од ИПА средствата.„Со овие подготовки царината ќе биде во можност кога Македонија ќе стане интегрален дел на ЕУ, да биде функционална и да ги реализира сите предвидени активности“, изјави Ставрески.

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов информираше дека една од основните задачи, која што е поддржана со ИПА фондовите, е усогласувањето со конвенцијата  за транзит на ЕУ.

„Во тој контекст работиме на изградба на нов систем за процесирање на царински декларации, како предуслов за реализација на идните ИПА проекти“, рече Каргов. /крај/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Бабовски: Исплатени 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за финснсиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, и членови на Советот на општината, денеска разговараа за реализацијата на капиталните проекти кои се реализираат со средства од Програмата за рурален развој.

Бабовски истакна дека општината Кавадарци има добиено поддршка за реализација на четири проекти со вкупна вредност од околу 50 милиони денари, и сите се од витално значење за тој крај затоа што овозможуваат развој на рурален туризам и раст на локалната економија.

„Преку ваквите инвестиции овозможуваме рамномерен регионален развој и пристојни услови и можности за живот и развој на целокупниот потенцијал на руралните подрачја во целата држава. Но, не само за рурален развој, и подобрување на живот во руралните средини Владата и Агенцијата, водат сметка воошто за земјоделството. Во таа насока, сакам да ве информирам дека денеска, се исплатени субвенциите за овошни и градинсрски култури, предадени во преработувачки капацитети. На сметките на 3.647 земјоделци, исплативме 229.5 милиони денари. Средства кој се свеж капитал во агро – секторот и кој ќе помогнат за зголемување на производството и површините“, истакна Бабовски.

Градоначалникот Јанчев истакна дека во завршна фаза е проектот за реконструкција на мрежата за атмосферска канализација и водовод во Сопот со што граѓаните добиваат пристојни услови за живот.

„Со овој проект се изврши реконструкција на водоводни линии на ул.Илинденска, ул.Коле Василев, ул.Кочо Рацин и ул.Гоце Делчев и реконструкција на атмосферска канализација на ул.Коле Василев, ул.Маршал Тито и ул.Илинденска во село Сопот. Проектот е со вредност од околу 19 милиони денари. Со овој проект во голема мера се подобрија условите во село Сопот кое е едно од најголемите села во нашата општина и во кое за среќа, младите остануваат тука да егзистираат и да живеат. Ги имаме сите услови за добар живот. Голема благодарност до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за соработката и финансирањето на овој проект. Во текот на вчерашниот ден беа асфалтирани и две улици во село Сопот, а во наредните денови ќе се изврши и поплочување на уште неколку улици, а тоа докажува дека Општина Кавадарци во континуитет работи на развојот на руралните средини и подобрувањето на условите“, рече Јанчев.

Прикажи повеќе...

Економија

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г мрежите

Објавено пред

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г мрежите врз здравјето и околината. Во документацијата за тендерот е наведено дека поради стравот кај јавноста, потребно е да се покаже теоретски и практично дека изложеноста на радиофреквентни електромагнетни полиња во различни микрооколини на постојните мобилни мрежи, вклучително и на новата 5Г мрежа, се во согласност со сите светски препораки.

Тендерот е објавен во Бирото за јавни набавки, а заинтересираните компании кои ќе ги исполнат бараните критериуми врзани за стручноста, искуството и експертизата, своите понуди ќе можат да ги доставуваат до 22 декември.

Избраната компанија со која ќе биде склучен договор ќе има обврска во рок од шест месеци да ја изработи бараната студија која ќе биде и основа за понатамошните чекори кои ќе ги презема АЕК врзани за развој на безжичните телекомуникациски мрежи во земјава.

„Веројатно ниту една технолошка револуција не поминала без да предизвика страв кај одредена категорија луѓе. Иако, реално, 5Г за обичниот граѓанин ќе значи само надградба на 4Г мрежата којашто сега е во функција, сепак во АЕК постојано пристигнуваат поплаки кои се мотивирани од страв од новата генерација 5Г мрежи и барања да се отстранат антени за кои граѓаните сметаа дека се од новата генерација“, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

Тој додава дека и мобилните оператори имаат проблеми во поставувањето на антени за 4Г мрежа кои се инсталираат за подобра покриеност и подобри услуги.

„Денес веќе е дојдена ситуација дотаму што секој нов предавател се смета дека е антена за 5Г мрежа. Па дури имавме ситуација каде два антени без запалени, веројатно од оние кои веруваат во опасноста од 5Г мрежата, а кои сметале дека станува збор за такви антени. Затоа и решивме да распишеме меѓународен тендер за избор на компанија која ќе направи сеопфатно истражување, мерење и анализа за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните. Веруваме дека со неа ќе имаме документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата“, изјави Димитријоски.

Научната студија, како што е наведено во тендерската документација, треба да даде јасна слика за моменталната ситуација со влијанието на зрачењата од телекомуникациските алатки поткрепена со факти, да разработи методологија за мерење, лоцирање и спроведување на мерењата, да содржи анализи и извештаи врз база на добиените информации и извршените мерења. Со неа треба да бидат објаснети зрачењата кои ги создаваат телекомуникациските уреди, нивните гранични вредности на дозволена јачина на зрачење, дефинирано како максимално дозволено, за да не се премине прагот од нештетно во штетно зрачење по здравјето на луѓето како и заштита на околината.

„Територијата на Македонија е покриена со 2Г, 3Г и 4Г мрежа, а операторите се во фаза на подготовки за изградба на 5Г, понатаму и 6Г и други генерации на мрежи. Во јавноста се отвора дебата поврзана за влијанието на овие технологии врз здравјето и животната средина. Имајќи предвид растот на создадениот страв во јавноста, потребно е да се покаже теоретски и практично дека изложеноста на радиофреквентни електромагнетни полиња (RF RFM) во различни микрооколини на постојните мобилни мрежи, вклучително и на новата 5Г мрежа, се во согласност со сите светски препораки“, стои во документацијата.

Научната студија треба да докаже и прикаже дали до денес постојат или се докажани некакви здравствени ризици од изложување на RF EMF зрачења, од јавните здравствени агенции и СЗО. Таа треба да опфати и теоретски објаснувања и видови на зрачења, европската регулатива, директивите од меѓународни организации за телекомуникации, приказ на развој на мобилните технологии, научни стандардизации како и примери од земји кои имаат 3,4 и 5Г режи и друго.

Исто така, велат од АЕК, се очекува таа да даде и препорака за употреба и изградба на постојната и идната 5Г мобилна мрежа, каде да се изгради, растојание меѓу нив, како и проценка на ризик по здравјето како резултат на изложеност на EMF во различни микросредини.

Прикажи повеќе...

Економија

Северна Македонија првпат на министерскиот совет на ОЦЕС

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ја претставуваше Република Северна Македонија на 42-риот состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска економска соработка, што претставува наше прво учество на овој Форум, откако земјата пред само неколку дена стана полноправна членка на оваа Организација.

Во своето обраќање министерот ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска економска соработка за земјите членки особено во економската сфера преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство и особено продлабочување на взаемното почитување, доверба и соработка во поширокиот Црноморски регион.

„Северна Македонија, како најнова членка на ОЦЕС активно ќе придонесува во исполнување на целите на Организацијата и ќе се залага кон зголемување на нејзината ефикасност преку постигнување на конкретни економски резултати особено во областа на транспортното поврзување и енергетиката преку конструктивна регионална соработка. Оваа организација, која покрива три различни региони – Балканот, Кавказот и Црното Море, со површина од 20 милиони квадратни километри, за нас е многу важна, особено ако се има во предвид обемот на трговијата во рамки на ОЦЕС кој изнесува приближно 170 милијарди долари годишно, но и втор најголем извор на нафта и природен гас по регионот на Персискиот Залив, со што претставува еден од главните снабдувач на енергија за Западна Европа“, истакна Османи.

Тој кажа дека заедничката цел на сите земји членки е економски просперитет преку унапредување на меѓу-поврзувањето, при што дополни дека иако се соочуваме со сериозни здравствени и социо-економски последици од кризата предизвикана од Ковид-19 не смееме да останеме инертни и препуштени на судбината, туку преку активен ангажман како што е нашето зачленување во оваа нова форма на регионално економско поврзување да придонесеме за зголемување на можностите за нашите компании и бизниси, да им отвориме пазари и да ги поврземе со нивните потенцијални партнери во земјите со кои досега сме имале помалку интензивни врски и размена.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија16 минути

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г...

Регион23 минути

Словенечки педијатри: Некои деца заразени со Ковид-19 имаат потешка клиничка слика

Иако децата главно ја поминуваат инфекцијата со коронавирус без или со благи симптоми, тие поради силната имунолошка реакција може да...

Македонија2 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет2 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирус започнува следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцина против коронавирус ќе започне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет3 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет3 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет3 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт4 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет4 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет4 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија16 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија17 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија18 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа18 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион20 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија20 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија22 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија22 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија23 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Досие