Економија
Македонија со „Пчелино гнездо“ ќе се претстави на „ЕКСПО Шангај“
Концептот со кој што Македонија ќе претстави на годинешната светска изложба „ЕКСПО Шангај 2010“ е „Пчелино гнездо“, кој што има двојна улога, покажување на урбаната средина и на природата
Концептот со кој што Македонија ќе претстави на годинешната светска изложба „ЕКСПО Шангај 2010“ е „Пчелино гнездо“, кој што има двојна улога, покажување на урбаната средина и на природата
Ова денеска во Скопје го изјави заменик-министерот за економија Методиј Хаџи-Васков, при презентацијата на македонскиот павиљон на „ЕКСПО Шангај 2010“, кој ќе трае од 1 мај до 31 октомври 2010 година.
„Она што сакаме да го прикажеме на ЕКСПО е урбаниот континуитет на Република Македонија, но покрај тоа сакаме да ја прикажеме и важноста што ја придаваме на хармонијата помеѓу животот во урбаните средини и животот надвор од урбаните средини“, рече Хаџи-Васков.
Тој појасни дека целиот македонски павиљон е на 324 метри квадратни и целосно наликува на гнездо на пчела.
„Внатрешноста на павиљонот е претставена од бројни шестоаголници (саќиња), во кој што се застапени повеќе делови од вистинскиот урбан живот во Македонија, но истовремено претставени се и делови од животната средина“, рече Хаџи-Васков
Тој истакна дека светската изложба е натпревар помеѓу државите да презентираат што имаат постигнато досега и на каков начин ќе можат да одговорат на темата на експо, но од друга страна е извонредна можност за покажување на различностите.Хаџи-Васков информираше дека Македонија во наредните шест месеци во Шангај ќе има презентации на шест различни теми.
Првиот месец презентацијата на Македонија ќе биде под темата „Традиционална здрава храна и вино“, во вториот месец темата ќе биде „Занаетчиство, рурален развој и модерна економија“, а во третиот темата е „Локални специфики и локален развој.
Четвртиот месец ќе биде посветен на „Природните реткости и екологијата, петтиот месец на „Културната ризница“, а последниот месец на „писменоста, образованието и иновативноста“.
Кинескиот амбасадор во Македонија Донг Чунфенг информираше дека Кина со огромни амбиции го организира „ЕКСПО Шангај 2010“, во што се вложени 4,5 милијарди евра, сума, која е поголема и од организирањето на олимпијадата во Пекинг 2008 година.
„Светската изложба претставува олимпијада помеѓу нациите во областа на економијата, културата, науката и технологијата“, рече Чунфенг .Тој посочи дека учество на „ЕКСПО Шангај 2010“, пријавиле 192 држави и 52 меѓународни организации, а се очекува целата манифестација да ја посетат над 70 милиони луѓе. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.