Економија
„Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина“ почнува во сабота
Проектот „Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина“, со кој ќе се претстават единиците на локалната самоуправа на Република Македонија, започнува во сабота на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Проектот „Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина“, со кој ќе се претстават единиците на локалната самоуправа на Република Македонија, започнува во сабота на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Ова денеска на конференција за новинари го соопшти извршниот директор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија ЗЕЛС Душица Перишиќ, презентирајќи го проектот.
„Станува збор за Проект што општините им го посветуваат на граѓаните, сакајќи што понепосредно да ги запознаат со надлежностите на локалните власти“ додаде Перишиќ.
Прв, од осумте статистички региони во земјава, ќе се претстави Пелагонискиот регион, во чии рамки се општините: Битола, Прилеп, Ресен, Могила, Новаци, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани и Крушево, а секоја наредна сабота, во на плоштадот Македонија од 12 до 17 часот, на истата локација ќе се претстават и останатите седум региони.
„Градоначалниците, претставниците од советите и од општинската администрација, ќе ги информираат заинтересираните граѓани со сегашните и со идните локални и регионални проекти, со поволностите што општините ги нудат за развој на локалната економија, со туристичките потенцијали и културни и природни богатства со кои тие располагаат“ истакна Перишиќ.
Сето ова, ќе биде претставено на поставените штандови што ќе бидат лоцирани на Плоштадот ,,Македонија“, а целата атмосфера ќе биде збогатена со културно-уметничка програма и со занаетчиски производи и традиционална храна, карактеристични за регионите.
Претставникот на германската организација за техничка поддршка ГТЗ Јанс Адлер, нагласи дека овој проект претставува голема можност да се развие регионален идентитет.
„Овие заеднички напори ќе водат кон подобар развој на економијата што е од особена важност во овие времиња на економска криза“ рече Адлер.
Проектот го реализира ЗЕЛС, во соработка со осумте центри за развој на планските региони во Македонија, со Министерството за локална самоуправа и со Секретаријатот за европски прашања, а поддржувач е ГТЗ – Владина германска организација за техничка поддршка.
Завршната манифестација ќе биде на 26 јуни, со општините од Скопскиот регион, во чии рамки е и Градот Скопје, како посебна единица на локална самоуправа. /крај/ир
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.