Економија
Индексите на берзата повторно во пораст
На Македонската берза АД Скопје, денеска се оствари промет од 20.681.326,00 денари од 120 реализирани трансакции.
На Македонската берза АД Скопје, денеска се оствари промет од 20.681.326,00 денари од 120 реализирани трансакции.
За одбележување е блокот трансакција во вредност од 7.263.000,00 денари, што се реализира на Редовниот пазар со акциите на Пекабеско АД Скопје, со кои се истргуваа 1.614 акции по цена од 4.500,00 денари од акција што претставуваше зголемување за 12,50 проценти во однос од последното тргување со овие акции, а воедно оваа количина претставуваше 4,97 проценти од вкупниот број на акции од оваа фирма.Денеска повторно е забележан пораст и на двата индекса. МБИ10 за 0,76 проценти или 19,43 поени повеќе во однос од вчера и застана на 2.467,54 индексни поени, додека индексот на Јавно поседувани друштва МБИД исто така порасна за 45.23 индексни поени и оствари вредност од 2.722,18 поени или изразено во проценти пораст од 1,69.Индексот на обврзници забележа пад на својата вредност од 0,05 проценти и оствари вредност од 108,45 индексни поени. Од целиот овој промет на Официјалниот пазар се реализираа 12.438.936,00 денари класичен промет од 98 реализирани трансакции, додека остатокот од 8.242.390,00 денари се реализира на Редовниот пазар од кои 7.263.000,00 денари претставуваше блок трансакцијата додека 979,390,00 денари беше класичниот промет кој се оствари од 21 трансакција.Најтргувани хартии од вредност, на Официјалниот пазар беше обврзницата од денационализација на Република Македонија од деветата емисија, а се истргуваа 92,810 количина по просечна цена од 77.62 проценти и при тоа остварија вредност од 4,430,397,79 денари од 17 реализирани трансакции.Втора по својата ликвидност на Официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со кои се истргуваа 1.415 обични акции по просечна цена од 2.999,08 денари и при тоа оваа цена беше за 0,93 проценти поголема во однос од вчерашното тргување, а вкупно се оствари 4.243.705,00 денари промет.Трета по вредноста на тргување на Официјалниот пазар беше акцијата на Топлификација АД Скопје со кои што се остварија 1.137.650,00 денари промет, што се реализира од 10 трансакции, истргувани по просечна цена од 3,882,76 денари од акција. Со нив се истргуваа 53 акции.На Редовниот пазар освен блок трансакцијата која се оствари кај акцијата на Пекабеско АД Скопје, позабележително тргување имаше единствено кај акцијата на Македонски Телекомуникации АД Скопје со кои се истргуваа 1.559 обични акции по цена од 499,31 денари од акција и при тоа остварија 778.432,00 денари промет.Пет најтргувани хартии од вредност1. Пекабеско АД Скопје2. Р. Македонија обврзници од денационализација 093. Комерцијална банка АД Скопје4. Топлификација АД Скопје5. Македонски телекомуникации АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Скопски пазар 14,29%2. Раде Кончар 14,29%3. Бетон Скопје 9,95%4. Тетекс АД Тетово 9,43%5. Попова Кула Демир Капија 4.76%Хартии од вредност со најголем пад1. Коста Абраш АД Охрид 400,00%2. Р. Македонија Девизни влогови 0,78%3. РЖ Арцелормиттал ХРМ Скопје 0,62%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.