Контакт

Економија

Берзата и понатаму во минус

Објавено пред

На почетокот на трговската недела Македонската берза бележи намален обем на тргување, кога се остварени 9,766,433,85 денари од 89 реализирани трансакции.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на трговската недела Македонската берза бележи намален обем на тргување, кога се остварени 9,766,433,85 денари од 89 реализирани трансакции. Од овој промет 8.496.333,11 денари се реализираа на Официјалниот пазар од 73 трансакции, додека 1.270.100,00 денари се остварија на Редовниот пазар од 16 реализирани трансакции. Сите три индекси како и на крајот на минатата недела, така и денеска забележаа пад на својата вредност. Најмногу изгуби индексот на Јавно поседувани друштва МБИД кој падна за 13,73 поени, или за 0,50 проценти, а на крајот ја задржа вредноста од 2.708,46 индексни поени, индексот на 10 најликвидни компании забележа пад на својата вредност за 0,22 проценти или 5,33 поени и оствари вредност од 2.462,21 поени. Индексот на обврзниците ОМБ исто така забележа минимален пад од 0,04 проценти исто толку во индексни поени, и при тоа неговата вредност беше 108,41 индексни поени.Најтргувани хартии од вредност на Официјалниот пазар, денеска беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија, со кои се истргуваа 111.876 количина, по просечна цена од 77,50 проценти и при тоа остварија вредност од 5,332,506,61 денари од 23 реализирани трансакции.Втора по својата ликвидност на Официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со која се истргуваа 301 обични акции по просечна цена од 3,015,14 денари и при тоа оваа цена беше за 0,54 проценти поголема во однос од тргувањето во петокот, вкупно се оствари 907,557,00 денари на промет..Трета по својата вредност на тргување на Официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со кои се остварија 873,300,00 денари промет што се реализира од 13 трансакции, а се тргуваа по просечна цена од 4,100,00 денари од акција. Со нив се истргуваа 213 акција.На Редовниот пазар прва со својот обем на тргување беше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје, со кои е истргуваа 1.939 обични акции по просечна цена од 499,86 денари од акција, и при тоа остварија вредносен промет од 969,225,00 денари.Втора по својата ликвидност на Редовниот пазар беше акцијата на Усје АД Скопје со 150.000,00 денари промет која се тргуваше по цена од 15.000,00 денари од акција и со неа се истргуваа 10 акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р. Македонија обврзници од денационализација 092. Македонски Телеком АД Скопје3. Комерцијална банка АД Скопје4. Алкалоид АД Скопје5. Гранит АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. ОХИС АД Скопје 2,882. Комерцијална банка АД Скопје 0,54%3. Макпетрол АД Скопје 0,37%4. Р. Македонија девизни влогови 0,11%5. Македонски телеком АД Скопје 0,11%Хартии од вредност со најголем пад1. Жито Лукс АД Скопје 9,05%2. Попова Кула АД Демир Капија 4,55%3. Реплек АД Скопје 4,47%4.  Ф-ка за цевки 11 Октомври АД Куманово 3,495. Топлификација АД Скопје 2,13%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.

dobivaj vesti na viber

Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.

Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8. мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија23 минути

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија10 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија11 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија12 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија12 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија13 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија14 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија14 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија15 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија15 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија15 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија16 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија16 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија16 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија17 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија17 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија18 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...