Економија
Пад на индексот МБИ 10 за половина процент
Промет во вредност од 7,101,216,92 денари преку 86 трансакции остварен е во вторникот на Македонската берза за хартии од вредност.
Промет во вредност од 7,101,216,92 денари преку 86 трансакции остварен е во вторникот на Македонската берза за хартии од вредност.
Од овој промет поголемиот дел од вредноста се оствари на Официјалниот пазар за хартии од вредност од 5,728,762,92 денари преку 59 трансакции, додека тргување во износ од 1,378,454,00 денари беше остварено на Редовниот пазар преку 27 трансакции. Индексот МБИ10 падна за 0,48% и изнесуваше 2,348,27 поени, МБИД немаше забележа пад на вредноста од 0,10% и изнесуваше 2,544,91 поени, додека ОМБ исто порасна за 0,10% и оствари вредност од 109,21 поени.
Најголемо учество во прометот на Официјалниот пазар имаше акцијата на Макпетрол АД Скопје која се тргуваше по просечна цена од 26,071,60 денари од акција и преку 11 трансакции беше остварен промет во износ од 1,642,511,00 денари, и при тоа со нив се истргуваа 63 акции.
Втора хартија од вредност по реализираниот промет беше акцијата на Комерцијална банка Скопје со која беа остварени 1,121,870,00 денари промет а при тоа се тргуваа по просечна цена од 3,299,62 денари, додека со нив се истргуваа 340 количина.
Трета по промет на овој пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со остварени 820,130,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 3,850,38 денари и при тоа со оваа акција се истргуваа 213 количина на обични акции.
На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност според класичниот промет беше акцијата на Тутунска банка Скопје со кои се истргуваа 363,782,00 денари на промет кои се тргуваа по цена од 3,750,00 денари по акција, додека вкупно се истргуваа 97 количина. Втори по својата вредност беше и акцијата на Македонски Телеком Скопје со кои се истргуваа 885 акции по цена од 399,98 денари за акција и остварија промет во вредност од 353,896,00 денари.Пет најтргувани хартии од вредност1. Макпетрол Скопје2 . Комерцијална банка Скопје3. Алкалоид Скопје4. Стопанска банка Битола5. Р. Македонија девизни влоговиХартии од вредност со најголем раст1. Текстил Скопје 22,45%2. УСЈЕ Скопје 2,40%3. Гранит Скопје 1,30%4. Челичен лив и гранулат Железник Д. Хисар 1,00%5. Реплек Скопје 0,58%Хартии од вредност со најголем пад1. Интекс Скопје 18,76%2. ТТК Банка Скопје 4,69%3. Макстил Скопје 1,64%4 Макпетрол Скопје 1,47%5. Тутунска банка Скопје 1,31%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, преку фејсбук-објава извести за рекорден трговски дефицит во 2023 година за земјоделско-прехранбени производи во висина од 436 милиони евра.
„Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра. Еве како СДС го уништува македонското земјоделство, Македонија со СДС стана земја увозно зависна од храна. Негрижата за македонските земјоделци и тотално погрешните земјоделски политики на СДС ги принудија земјоделците да го напуштат полето, а со тоа македонските граѓани да јадат увозни земјоделски производи, Македонија од земја извозник стана земја увозник на храна под власта на СДС. Земјоделците ќе имаат вистински партнер во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме македонското земјоделство во онаа препознатлива состојба, а Македонија повторно ќе биде земја извозник на храна“, рече Трипуновски.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
На крајот на четвртиот квартал од 2023 година:
На 31.12.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.458 милиони евра (или 32,6% од проценетиот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2023 година, е зголемен за 305 милиони евра, или за 7,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.
Во текот на четвртиот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.500 милиони евра, односно 62,2% од проценетиот БДП за 2023 година.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следниот линк.
Економија
Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5 отсто, одржана седница на Советот на Народната банка
Советот на Народната банка, на својата редовна седница, одржана на 28 март 2024 година, врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во Република Северна Македонија во висина од 1,5%, којашто ќе се применува и во вториот квартал од 2025 година. Одлуката се заснова врз оцените за постепено стабилизирање на нагорните циклични системски ризици и постојана стабилност на банкарскиот систем. Исто така, ги зема предвид условите од окружувањето коешто и натаму е неизвесно и придружено со ризици, што е причина за претпазливо спроведување на макропрудентните мерки заради натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Со одржувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот се придонесува за спречување и за намалување на можните ризици.
Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Притоа, имајќи ја предвид природата на противцикличниот заштитен слој на капиталот и насоките на релевантните европски институции, Народната банка може да ја оцени потребата за зголемување на стапката, при раст на ризиците и неизвесностите од окружувањето, во услови на поволни остварувања на банките. Во случај, пак, на значително остварување на ризиците во билансите на банките, може да се оцени и потребата од делумно или целосно ослободување на овој заштитен слој на капиталот, како поддршка во работењето на банките при евентуални неповолни сценарија.
Советот на Народната банка на седницата разгледа и други материјали поврзани со работата на централната банка.