Економија
Почеток на градежни работи на централа на соларна енергија во Демир Хисар
Фотоволтаична централа што ќе произведува еден мегават на електрична енергија ќе биде изградена за неколку месеци во месноста Суводол, Демир Хисар. Денеска беше поставен камен темелникот на новата централа, инвестицијата вредна околу 5 милиони евра.
Фотоволтаична централа што ќе произведува еден мегават на електрична енергија ќе биде изградена за неколку месеци во месноста Суводол, Демир Хисар. Денеска беше поставен камен темелникот на новата централа, инвестицијата вредна околу 5 милиони евра.
,,Изградбата на една ваква инвестиција, и воедно стимулирање на енергија од обновливи извори, е нешто кое во другите земји се практикува со години. Со над 300 сончеви дена во текот на годината, Демир Хисар е исклучителен регион за искористување на сончевата енергија. Тоа е одличен податок што оди во прилог на изградба на централа на електрична енергија. Секако она што е најголемиот бенефит, е секако заштитата на човековата околина, која е неминовен и значаен фактор за целата држава’’ – изјави претставник на Компанијата АБ Солар.
Зад инвестицијата се неколку македонски бизнисмени кои во производство на енергија од обновливи извори гледаат предизвик. Општината Демир Хисар, со оваа нова инвестиција станува енергетски и еколошки центар, кој освен што ќе произведува енергија, ќе се грижи за заштита на човековата околина.
,,Повеќе од задоволни сме дека токму во Демир Хисар, е местото каде се прави една значајна инвестиција, како што е изградба на централа на соларна енергија. Суводол е местото, и точната локација на оваа инвестиција. Место, за кое сметаме дека е идеално пред се заради временските услови, што значи претежно сончеви периоди во текот на цела година. Заштитата на човековата околина, е воедно најголемата придобивка во која гледаме голем позитивен ефект’’ – изјави Градоначалникот на Демир Хисар Г-дин Тони Ангелевски.
Македонија е една од земјите што е високо рангирана во Европа, според потенцијалите за искористување на соларната енергија. Иднината на производство на електрична енергија , преку обновливи извори на енергија, допрва доаѓа. Експертите велат дека интересот за изградба на соларни централи во земјата е огромен и во споредба со другите енергенси, кои ги има помалку и стануваат сé поскапи, инвеститорите одлучија да се свртат кон македонското сонце, кое освен што трае бесконечно, го добиваат и бесплатно.
Македонија котира високо со користењето обновливи извори на енергија. Сончевата енергија е нова технологија која допрва ќе започне да го опслужува пазарот на енергија. Според Проектот 20 – 20- 20 на ЕУ и Стратегијата за развој на енергетиката, до 2020 година дури 20 проценти од потребите за електрична енергија треба да се произведуваат од обновливи извори на енергија.
Според експертските анализи, со користење на сончевата енергија во земјата, годишно може да се заштедат минимум 32 милиони евра, колку што чинат и давачките за отворање 6.874 нови работни места./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.