Контакт

Економија

Индија со рекорден број милијардери

Објавено пред

Индија во 2010 година доби седумнаесет нови милијардери со што нивниот вкупен број порасна на рекордни 69, а прв меѓу нив е се уште магнатот Мукеш Амбани,

Индија во 2010 година доби седумнаесет нови милијардери со што нивниот вкупен број порасна на рекордни 69, а прв меѓу нив е се уште магнатот Мукеш Амбани, стои во годишниот извештај за најголемите индиски богаташи на магазинот Форбс.

Амбани, претседателот на најголемата приватна фирма Релианс Индустрис, трета година по ред е најбогат човек на земјата со богатство проценето на 27 милијарди долари.

По него следува Лакшми Митал, главниот дирекор на водечкиот светски производител на челик Арцелор Митал, кој поседува 26,1 милијарди долари.

„Рекордниот број на милијардерите е дополнителен сигнал дека центарот на најголемите акумулации на богатства во следните десет години се повеќе гравитира кон Индија и Кина“ оценува Индрајит Гупта, главен уредник на Форбс Индиа.

Меѓутоа организациите предупредуваат на  се поголемата разлика меѓу жителите на Индија.

Приближно 836 милиони Индијци живеат со помалку од 20 рупјии дневно, а статистиките во областа на здравството, смртноста на децата се полоши и од субсахараска Африка.

Четириесетте најбогати Индијци поседуваат богатство од 243 милијарди долари, и е во пораст во однос на 229-те милијарди долари пред една година, но се се уште далеку од рекордните 351 милијарда долари од 2007 година, пред економската криза.

Најбогатите Индијци се двојно побогати од 40-те најбогати Кинези кои минатата година собрале 106 милијарди длари./крај/хи/фф

Економија

Apple ДЕНОВИ во Нептун! Големи попусти и до 24 рати без камата до 31 јануари  

Објавено пред

На задоволство на голем број вљубеници во врвниот квалитет, модерниот дизајн и ненадминливите перформанси на Apple производите, Нептун Македонија  подготви извонредна Apple понуда  – Apple ДЕНОВИ ! Не само што ќе можете да ги најдете вашите омилени Аpple прои зводи со неодоливи попусти, туку ќе можете да ги платите на 24 рати БЕЗ камата!

Купувајте овие Apple ДЕНОВИ во Нептун и искористете ги извонредните попусти и понуди само до 31 јануари. Одберете MacBook Pro, iPhone12 Pro, iPhone12 Pro Max, iMac, iPhone 12, MacBook Air, iPhone 12 mini, iPhone 11, iPad Air, iPhone SE, AirPods Pro, Apple smart keyboard, AirPods2 и други одлични модели на попусти и до 24 рати без камата со happy кредит, кредитни картички и синдикална продажба.

Понудата на Нептун за попусти и до 24 рати без камата важи само за оние кои ќе купат производ од Apple понудата најдоцна до 31 јануари 2021г. Затоа побрзајте и имајте го вашиот нов Apple уред! Целата понуда може да ја погледнете на следниот линк:  https://bit.ly/39c7hrp

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023

Објавено пред

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023. Овoj стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи кои треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

Во Програмата за економски реформи 2021-2023 се опфатени 20 приоритетни мерки (реформски области), кои треба да се спроведат во наредните три години во насока на реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на деловното окружување и намалување на сивата економија, поддршка на истражување, развој и дигитална трансформација, регионално економско поврзување, образование и вештини, социјална заштита и инклузија, како и здравствена заштита.

Од аспект на реформата на пазарот на енергија и транспортот предвидени се мерки за зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија, промоција на обновливи извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и имплементација на интелигентен транспортен систем по должина на  паневропскиот Коридор 10.
Во насока на развојот на земјоделскиот сектор предвидени се мерки за подобрување на системите за наводнување, консолидација и дефрагментација на земјоделско земјиште, формирање на земјоделски задруги и подобрување на пристапот до обработливите земјоделски површини.

Програмата предвидува и мерки насочени кон подобрување на деловното окружување и намалување на неформалната економија. Од аспект на подобрувањето на деловното окружување се предвидува рационализирање на парафискалните давачки и формирање на единствен регистар за истите, понатаму формирање на електронски пазар за набавки од мала вредност и поддршка на новоосновани мали и средни претпријатија во помалку развиените региони. Во насока на намалување на неформалната економија ќе се преземат механизми за поттикнување на регистрираните економски активности и трансакции и со фокус на секторите, каде што има најголема веројатност за непријавена работа.
Мерките со кои ќе се поддржи истражувањето, развојот и дигиталната трансформација опфаќаат проширување на опсегот на услуги на националната платформа Е-услуги, како и подобрување на соработката меѓу академската заедница и индустријата.

Во делот на регионалната економската интеграција се опфатени мерки насочени кон поедноставување на прекуграничните инспекциски и царински процедури и зајакнување на внатрешниот пазар во земјата.Понатаму, ПЕР предвидува активности за подобрување на резултатите од образовниот процес и намалување на неусогласеноста на вештините и квалификациите со потребите на пазарот на работна сила. Истовремено, ќе се работи и на спроведување на новиот Закон за социјална заштита, особено во поглед на најранливите категории граѓани, како и поголема активност на работоспособното население. Во оваа Програма за првпат се вклучува здравствениот сектор, каде се предвидени активности за подобрување на здравствената заштита на населението.

ПЕР 2021 – 2023 ќе се достави до Европската комисија до крајот на јануари 2021 година. По доставувањето, истата ќе биде оценета од страна на ЕК. На крајот, ќе се спроведе дијалог во рамките на Советот на ЕУ со министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите кандидати за членство од Западен Балкан и Турција. Резултат на дијалогот е донесување заеднички заклучоци врз основа на оценката на ПЕР, со што се даваат препораки за подобрување во економските политики, со цел забрзување на економската конвергенција, зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање на нови работни места.

Прикажи повеќе...

Економија

Акација на „Спорт лајф“ за најголем број погодени натпревари!

Објавено пред

Во Sport Life стартуваше акцијата „До 50 шанси за 100 000 денари“ во која ќе се натпреваруваат играчите членови на СЛ клубот. Акцијата ќе трае од 22.01. до 22.3.2021 година, во 4 етапи од по 15 дена. Во тој период, во секоја одделна етапа, Sport Life ќе доделува вредни подароци за оние кои ќе погодат најголем број на натпревари на еден тикет, независно дали е тој добитен или недобитен.

Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100.000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25.000 денaри за производи од „Анхоч“ или „Техномаркет“, а, пак, третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.

Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари, со минимален коефициент од 1,30. Акциската понуда важи само за несистемските тикети, односно за тикетите со една комбинација уплатени со приложување на СЛ клуб-картичката, а ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и тикетите со натпревари од Супер тип понудата.

Сите информации во врска со овој натпревар, како и тековната ранг-листа можете да ги дознаете ТУКА.

Со зачленувањето во СЛ клубот играчите na Sport Life се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во оваа и голем број други акции и натпревари како што се Типстер на месецот, Втора кеш шанса, како и да освојуваат поени за вредни подароци од СЛ маркетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет3 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа3 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа4 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија4 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија5 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа5 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа6 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија6 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија7 часа

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија7 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа8 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет8 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет19 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет20 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија21 час

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет21 час

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Топ22 часа

Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички,...

Македонија1 ден

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Македонија1 ден

Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на...

Досие