Економија
17 јануари 2022 – СРЕЌА во „Нептун“! Еден ден за попусти!

Денес е “Blue Monday” – Син понеделник. Третиот понеделник во јануари го носи тоа име и важи за најдепресивниот ден во годината. Се смета дека е предизвикан од постпразничната криза, вината за непочитување на зацртаните новогодишните резолуции, студеното време и други фактори, а оваа година паѓа на 17ти јануари.
Нептун ве радува на најтажниот ден во годината! – Нептун Македонија, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство, се потруди на граѓаните на нашата држава овој “Blue Monday” да биде поинаков! Нептун денес организира голема акција haPPiest day – Само еден најсреќен ден! со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со попусти и одлични понуди во сите продуктни категории. Понудата вклучува врвни модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.
Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите, ИЗБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО ЗА НАЈДОБРА ЦЕНА! ПОБРЗАЈТЕ!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Ковачевски: Отворен Балкан не е замена за ЕУ-интеграцијата, но значи можност за економски раст на регионот

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска учествуваше на Самитот во организација на „Македонија 2025“, чија главна тема беше регионалната соработка, со фокус на економијата, иднината на компаниите, работната сила и администрацијата низ иновациите и дигиталната трансформација.
Ковачевски притоа оцени дека регионалната соработка е клучна за пребродување на кризата во која се наоѓаме и дека со оваа иницијатива земји како нашите можат да обезбедат многу поголемо влијание и поголеми перформанси во областа економија.
„Оваа иницијатива по сите основи на економската логика е позитивна, креира поголем пазар на капитал, можности за размена, како и зголемување на БДП на регионот. На следниот Самит во Охрид во јуни очекуваме да ни се приклучат и други земји од Западен Балкан затоа што оваа иницијатива може да донесе бенефит за сите шест земји од регионот“, истакна Ковачевски.
Премерот воедно нагласи дека оваа иницијатива, не е замена за ЕУ-интеграцијата, но дека нашата интеграција во Унијата е заложник на инсистирањето на Бугарија да се зборува за историја и минатото, а не за иднината.
„Тоа не дава бенефит за никого. Зборувањето за теми кои се однесуваат на иднина е позначајно и на таква основа треба да се одвива дијалогот и соработката помеѓу земјите“, истакна Ковачевски.
Подвлече и дека земјите од Отворен Балкан имаат формирано тимови кои работат на заедничка промоција во однос на привлекување директни странски инвестиции, а се работи и на заедничка промоција на туризмот во сите држави и промоција на производите што се поврзани со туристичката дејност или индустрија.
„Во моментот се работи на единствен ИД број којшто оние кои ќе решат својата кариера да ја продолжат во една од трите земји тоа ќе можат да го направат на наједноставен начин преку овој број. Тој важи во сите три држави, без да мора да се бараат работни дозволи на секоја недела или секој месец”, рече Ковачевски.
Тој најави дека регионалната соработка продолжува и во други области, како култура и образование, сé со цел да се намали јазот со ЕУ.
Економија
Бензините поскапуваат за два и пол денари, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80 % во однос на одлуката од 16.05.2022 година.
Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, додека малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.
Од 19.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 – 94,50 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС – 98 – 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,339 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,619%.
Економија
Министерство за финансии: Обезбедени средства од ЕБОР за реализација на автопатот Скопје-Блаце

Над 200 милиони евра поволни средства од ЕБОР се обезбедени за реализација на регионален проект за управување со отпад и проектот за изградба на делница од автопатот Скопје-Блаце. Предлог законите за обезбедување на средствата од оваа меѓународна финансиска институција предложени од Министерството за финансии, беа прифатени на вчерашната владина седница, информираат од ова министерство. Договорите за реализација на проектите со ЕБОР, после усвојување од страна на Собранието како што појаснуваат, ќе бидат потпишани од страна на Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавното претпријатие за државни патишта.
Со Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на ТЕН-Т проектот за автопат од Скопје до границата со Косово, се предвидува да се обезбедат 167,6 милиони евра од ЕБОР, кои се обезбедуваат со рок на отплата од 16 години, со грејс период од 4 години и каматна стапка која е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%.
Со ова се комплетира финансиската конструкција за реализација на овој проект. Покрај средствата обезбедени од ЕБОР, ќе се финансира со грант средства од ВБИФ во износ од 26,5 милиони евра.
Целта на проектот е да се подобри патната инфраструктура во земјата, односно предвидува изградба на втората подделница која се однесува на останатиот дел од автопатот Блаце – Скопје, со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.
Од министерството нагласуваат дека со Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад се обезбедуваат 55 милиони евра со рок на отплата од 15 години, грејс период од четири години и каматна стапка која се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%.
Целта е да помогне на земјата во развојот на регионални системи за управување со отпад во одредени региони на Република Северна Македонија, односно воспоставување регионален систем за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион.
ЕБОР во изминативе 30 години има инвестирано над 2,2 милијарди евра во 159 проекти во земјата.