Контакт

Економија

ЕБОР: Телекомуникацискиот сектор е целосно усогласен

Објавено пред

Во последниот извештај на ЕБОР е изнесена оценката дека постои усогласеност во сите сегменти на телекомуникацискиот сектор во Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) смета дека во сите сегменти на телекомуникацискиот сектор во Македонија има целосна усогласност. Ваквата оценка е донесена врз база на компаративна анализа за проценката на комуникацискиот сектор во земјите во транзиција. Со анализата се опфаќаат повеќе сегменти како што се институционалната рамка, регулаторната независност, пазарен пристап и овластувања, значителна пазарна моќ, мерки за заштита на конкуренцијата, универзална услуга и потрошувачки прашања, перспектива и проценка.Во смисла на институционалната рамка забележано е дека електронските комуникации се регулирани со Законот за електронски комуникации според кој е утврдена националната регулаторна власт и се дефинирани одговорностите на Владата и ресорното Министерство. Регулаторната независност е набљудувана преку процесот на приватизација на Македонски Телеком и управувањето со Агенцијата за електронски комуникации, а во анализата е констатирано и дека во Република Македонија се имплементирани повеќе мерки за заштита на конкуренцијата, предвидени во регулаторната рамка на Европската Унија од 1998 г., меѓу кои и можноста да се вршат повици кон друг оператор ако претплатникот е приклучен на различен оператор, озвозможувањето на РИО на фиксниот оператор и тоа дека функционира преносливоста на броеви.Во однос на перспективата, ЕБОР утврдено е дека главните приоритети на Агенцијата за електронски комуникации се имплементација на мерките за заштита на потрошувачите, посебно изнајмувањето на локалните јазли, преносливоста на броевите и референтна интерконекциска понуда, како и комплетирање на процедурата за пазарната анализа, ефективна примена на регулаторните обврски и имплементација на планот за универзалната услуга.Од Министерството за транспорт и врски сметаат дека врз основа на групното анализирање на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија, Косово и Турција, Република Македонија споредено со другите земји во регионот предничи во делот на ефикасното решавање на спорови, изградената рамка со важни овластувања во согласност со барањата на Европската Унија за сите активности кои не бараат пристап до големи ресурси и поседувањето режим во согласност со стандардите на Европската Унија за прецизно дефинирање на пазарот на големо и мало.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Објавено пред

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на првата половина на 2019 година, со што за првпат во историјата го надминаа износот од 250 милијарди долари , соопшти Меѓународниот институт за финансии.

На зголемувањето на глобалниот долг најмногу влијаеле должниците во САД и Кина, чии власти, претпријатија и поединци  учествуваат со 60 проценти од годинешното зголемување, пренесува Си-ен-би-си.

Меѓународниот институт за финансии вели дека глобалниот долг ќе достигне 255 милијарди долари до крајот на годината. Економиите во развој достигнаа рекорден долг од 71,4 милијарди долари, или 220 проценти од бруто-домашниот производ.

Растот на долговите првенствено е поттикнат од ниските каматни стапки коишто ги наметнаа националните централни банки и растечкиот пазар на државни обврзници.

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека 40 проценти од кредитите што ги земаат корпорациите во развиените економии се потенцијално ненаплатливи во случај на глобална рецесија.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Објавено пред

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во светот, за прв пат по повеќе од две години, покажуваат податоците за индексот за милијардери на „Блумберг“.

„Блумберг“ наведува дека е можно за првото место на Гејтс делумно влијание да има и Пентагон, од каде на 25. октомври објавија дека решиле да склучат договор со „Мајкрософт“ вреден 10 милијарди долари.

Акциите на компанијата оттогаш пораснаа за четири проценти, а богатството на Гејтс на 110 милијарди долари.

Акциите на „Амазон  од друга страна, опаднаа за околу два процента, по објавата на Пентагон.

Вкупното богатство на Безос во моментов изнесува 108,7 милијарди долари.

Индексот за милијардери на „Блумберг“, кој го мери богатството на 500 најбогати луѓе, се ажурира по затворањето на американската берза, а Гејтс и минатиот месец кратко се најде на првото место на списокот, откако „Амазон“ за првпат по две години соопшти дека има загуби во профитот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Елезовски: Се изгуби курсот за човечките вредности

Објавено пред

Политизираноста на општеството и негрижата за младите допринесе за да се загуби курсот на човечките вредности, смета Ашмет Елезовски од „Националниот ромски центар“. Пред почетокот на денешниот марш на толеранцијата организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права а посветен на едукцијата и образовниот систем и насилството, Елезовски рече дека насилството е расте и дека нема добра политичка волја за системски да се реши проблемот.

„Ако продолжиме вака насилството ќе расте. Потребна е итна политичка волја да ги вратиме вистинските вредности, меѓуетничката толеранција, почитта и љубовта. Во спротивно миграцијата ќе продолжи а насилството меѓу младите ќе стане секојдневие. Посакувам да работиме на враќање на почитта и да престане секој вид на дискриминација, и ова не се однесува само за Ромите туку за сите што живееме во оваа наша мултиетничка држава, рече Елезовски.

Маршот на толеранцијата беше поддржан и од неколку други граѓански организации како „Маргина“, „Цивил“, „Националниот ромски центар“ и други. Поддржувачите и активистите маршираа од Музејот на град Скопје, преку улицата Македонија до  платото пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет2 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија2 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија3 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија13 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет14 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа15 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет16 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија19 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет20 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет21 час

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија22 часа

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион23 часа

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа24 часа

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија24 часа

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија2 дена

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа2 дена

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ2 дена

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ2 дена

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Досие