Економија
Сојузот на стопанските комори со предлог мерки до Владата
Македонските стопанственици предупредуваат дека домашното стопанство треба да биде стимулирано, затоа што тоа не останува недопрено од последиците на глобалната финасиска криза
Сојузот на стопански комори на Македонија до вицепремиерот за економски прашања, Зоран Ставревски пред една седмица испратија предлог со мерки, кои треба да доведат од олеснување на условите за стопанисување. Во вторникот, претседателот на ССКМ, Златко Калеников повторно со писмо се обрати до Старвевски, овојпат со предлог кој содржи мерки кои според нив Владата би требало да ги има предвид при носењето на ребалансот на Буџетот. Овие предлози, како што се вели во дописот од ССКМ, доаѓаат иако претпријатијата ги намалиле трошоците во сите сектори а со кои не влијаат врз намалување на прометот, како што се маркетингот, инвестициите кои на кус рок не носта профит итн. Овајпат, стопанствениците од Владата бараат замрзнување на плати во јавната администарција, со образложение дека со проекцијата на Буџетот за 2009 г., е предвиден одреден процент на зголемување на платите. Притоа, се прави споредба со состојбата во соседните држави, каде се замрзнати а некади и намалени. Втората мерка што ја препорачува ССКМ, е намалувањето на расходи на државата, со препорака да се намалат вложувањата во објекти и недвижности а кои се од значење за равојот на културата и на општеството да бидат намалени и да се направи прераспределба на средствата за повеќе години. Тоа се појаснива со примерот дека доколку една ваква инвестиција е веќе започната, анместо да биде финасикси поддржана од буџетот за две годи, тој рок да биде пролонгиран на три.Се предлага и намалување на трошоците за рекламирање, и на сервисирање на авто-парковите на државните институции, а да се преземе стимулативна мерка возните паркови да се обновуваат преку оперативнен лизинг. Со оваа мерка се укинуваат трошоците за сервисирање на возилата на државната администарција, а со отуѓување на старите возила се обезбедува покритите за двегодишни рати за оперативниот лизинг.Од Сојузот на коморите, сметаат дека треба да се стимулира изградба на објекти кои продуцираат капитал. Притоа како позитивен пример на активностите на Владата ја наведуваат инвестицијата на турскиот стакларски гигант „Шише Џам“ , што дирекно ќе влијае на намалување на трговскиот дефицит на државата со производство на стаклена амбалажа за доамшните производствени потреби, како на пример за „Прилепска пивара“, „Лозар Пелистерка“, „Горска ит.Следни вакви чекори, според Калеников би биле стимулирање на инвестиции на производствени капацитети за млеко во прав, конзервна индустрија, сушени зеленчук и овошје, стимулирање за обновување на возниот парк на транспортерите, за да не ја губат работата во меѓународен транспорт поради застарени еколошки норми итн.ССКМ потенцира дека сугестијата за намалување на буџетските расходи не се однесува на инфраструктурни проекти како што се патишта, инвестиции во енергетика, а инфраструктурните проекти што повеќе да се реализираат со македонски компании.Стопанствениците сметаат дека државата треба да се задолжи кај странски кредитори и фондови каде парите ќе ги добие на среднорочен и долгорочен рок со пониски каматни стапки, наместо на домашен пазар со високи каматни стапки за државни записи. „Од наше долгорочно искуство ММФ како печат на државата во минатото неповолно влијаеше кај странските инвеститори и развојот на економијата во државата. Сепак економските стручњаци тврдат, дека по завршување на економскиот самит Г20 во Лондон, ММФ добил наменети средства за помош на државите во развој и е преструктуиран во својата политика за доделување на истите. “, велат од ССКМ. Една од конкртните мерки што се предлагаат во овие предлози, е и усогласување на фискалната и монетарната политика на Народна банка, бидејќи фамата околу записите на Народна банка и државните записи влијае врз банките во подигање на каматните стапки на кредитите кон стопанството и широката потрошувачка.“, се наведува во предлогот на ССКМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Потпишан е договор со „ДМ-БАУ интернационал“ за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања
Потпишан е договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните 5 години и најмалку 200 нови работни места. Согласно последните информации добиени од менаџментот на компанијата, инвестицијата ќе го надмине овој минимален износ на кој договорно се обврзува.
Инвестицискиот план, како што образложи Мицкоски, вклучува вложувања во купување на земјиште, целосна изградба на погоните и нивно опремување со машини и опрема за производство на модуларни објекти со различна намена. ДМ Бау Интернационал е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години историја.
„Покрај производството на ваквите објекти, компанијата се јавува и како изведувач на истите. Со годишен обрт од околу 10 милиони швајцарски франци, над 70 вработени и 30-тина проекти годишно, ДМ Бау се вбројува меѓу најголемите европски производител во овој сегмент. Моменталното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите ДМ Бау одлучи да го реализира преку Македонија. Во индустриска зона во близина на Куманово, ДМ Бау Интернационал ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање, со вкупна површина од околу 35.000 метри квадратни под покрив. За таа цел, во 2024 година компанијата купи земјиште со големина од околу 72.000 метри квадратни. Моментално таму се изведуваат првични земјени работи за нивелирање на земјиштето, по што, во текот на 2025 година ќе отпочне изградбата на нивните производни погони“, рече премиерот.
Напомена дека компанијата ДМ Бау Интернационал е во сопственост на наш сограѓанин, со потекло од Македонија, кој живее и работи во Швајцарија, но одлучил своите инвестициски планови да ги реализира токму во нашата земја.
Економија
Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино
Инженери од реномираното стручно здружение МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино, заедничка инвестиција на фирмите Централинвест-Скопје, Агриа-Велес и АСПП-ПАК-Охрид.
Инженерите од МАКО СИГРЕ, кои работат во различни делови од електроенергетиката во земјава, се интересираа за технологијата на работа на биогасната електрана, опремата која е вградена, нус производите од процесот на производство на електрична енергија, како и за предизвиците во работењето на оваа се уште нова технологија на нашите простори.
Раководните лица на електраната, која е лоцирана на територија на општина Лозово, ги запознаа инженерите со сите фази на произвдството во биогасна електрана, од складирањето на силажа и обезбедувањето отпад со кои се полни дигесторот, биохемискиот процес на вриење при кој настанува гасот метан, неговото складирање во посебен простор, спроведување на гасот и негово согорување без загадување на воздухот во процесот на производство на електрична енергија, и на крај нуспродуктите кои остануваат: течно земјоделско ѓубриво и хумус.
Централинвест, сестринската фирма на ФЕРОИНВЕСТ, останува општествено одговорна и посветена на зајакнување на стручните знаења на инженерите и споделува заеднички вредности со МАКО СИГРЕ, а тоа се приближување на академската заедница, индустријата и сите останати чинители во електроенергетскиот сектор и размена на знаења и искуства меѓу нив.
ПР Објава
Економија
Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор
Сопственикот и управител на ЕМС (Energy Maintenance Solution), Тодор Анѓушев, учествуваше на Конференција на тема „Модернизација на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во Северна Македонија“, каде говореше на панелот „Складирање на енергија – предизвици и можности за македонскиот, албанскиот и косовскиот енергетски сектор“. Конференцијата ја организираше Македонско-германското стопанско здружение, а под покровителство на германското министерство за економија.
Фероинвест, ЕМС, Аквават и другите фирми од групацијата имаат долгогодишно исуство во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија, и од страна на Тодор Анѓушев на панелот беа споделени корисни искуства и увиди од процесите преку кои се граделе електраните на групацијата, како и предизвиците кои стојат пред државата како дел од енергетската транзиција, при што акцентот се стави на имплементација на батериските системи.
По конференцијата, остварени беа и посети од германски компании во седиштето на Фероинвест и ЕМС, каде тие се запознаа, пред се’, со управувањето на електраните од еден центар, нивното мониторирање 24 часа и организирано одржување на терен, без оглед дали станува збор за сопствени или за електрани на клиенти.
Со германските компании беше разговарано за помошта која можат да ја понудат, преку имплементирање на модерни софтверски решенија од последната генерација, а кои ќе ја подобрат предвидливоста во производството на електрична енергија од обновливи извори. Производството од овие електрани зависи од временските прилики: сонце, ветер, врнежи итн., што го прави тешко за прецизно предвидување, а со тоа и за максимално искористување на нивната енергија.
ПР текст