Контакт

Економија

Реализирани речиси половина од вкупно проектираните 70 милиони евра земјоделски субвенции

Објавено пред

Вкупно 45,5 отсто од годинашниот буџет за субвенционирање на земјоделството е веќе реализиран. Почна префрлањето на средствата за млекото предадено во периодот јануари-април, а идната недела стартува и поддршката за пролетните жита

Директорот на Платежната агенција Тони Димовски го промовираше Информативниот центар на Агенцијата чија основна функција е да обезбеди податоци за бројот на поднесените апликации, одобрените барања и исплатените средства.„Реализацијата од 45,5 отсто е многу задоволителна и се одвива согласно планот“, оцени Димовски, додавајќи дека заврши  исплатата на средствата за есенските посеви и за млекото предадено во периодот септември-декември.Според него, моментно во Информативниот центар се обработуваат околу 35.000 апликации, за пролетните култури и за млекото предадено во периодот јануари-април 2009 година.„Центарот ги обработува барањата за субвенционирање до моментот на исплата. Сите што добиле поддршка наредниот ден се објавени на интернет страницата на Агенцијата. На веб порталот има и календар со роковите за пријавување“, објасни директорот.Одобрените средства на земјоделецот му се исплаќаат преку трансакциска сметка, а достапни се најдоцна за 24 часа од префрлувањето.„Годинава преку Платежната агенција ќе се реализираат 70 милиони евра со кои се стиумилира земјоделството. Во 2010 оваа сума ќе се зголеми и ќе изнесува 100 милиони евра“, вели министерот Димовски.За житните култури поддршката е зголемена 33,3 отсто. Поизводителите сега, наместо 6.000, ќе добијат вкупно 8.000 денари.Секој апликант што ќе пријави лажни податоци при барањето субвенции се елиминира од исплатата.За осигурување на посевите досега се поднесени над 800 апликации што е повеќе од лани. Интерсот расте, нагласува директорот Димовски, но, сепак, е неопходно оваа владина поддршка поинтензивно да се промовира на терен, меѓу земјоделците.За органско производство пристигнале 300 барања, слично како минатата година. Од Агенцијата очекуваат бројката да се зголеми со оглед дека рокот за пријавување се уште не е истечен, завршува на 30 овој месец.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заев: Владата е максимално посветена на поддршката за развој на единиците на локалната самоуправа

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, во придружба на министерот за земјоделство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделство, Никола Бабовски и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска го означија стартот на работите на реконструкцијата на локалната патна инфраструктура, која вклучува и мостови, за поврзување на повеќе села од општината до регионалниот пат во должина до 7 километри.

Вредноста на реконструкцијата на локалниот пат од село Владимирово до регионалниот пат е околу 19 милиони денари, од кои 13,3 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рурален развој поддржана од Владата на Република Северна Македонија.

„Реализацијата на оваа, и на другите капитални проекти од оваа Програма ќе придонесе за севкупен развој на инфраструктурата во Република Северна Македонија, а со ефикасно искористување на овие мерки ќе се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните средини. Реализацијата на проектите ќе обезбеди солидна урбана и транспортна инфраструктура во и надвор од руралните населени места, со единствена цел подобрување на условите за живот на граѓаните и позитивно влијание на развојот на економските активности“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите.

На повикот за апликацииза Програмата за рурален развој, која опфаќа три мерки како што се “Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини“, „ Обнова и развој на селата“ и „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“, 80 општини поднесоа вкупно над 200 капитални проекти за изградба и реконструкција на локални патишта потребни за поврзување на населени места, изградба и реконструкција на пазари, партерно уредување, плоштади, домови, мостови, канализациона инфраструктура, водоснабдителна мрежа, како и за инвестиции за развој на одредени туристички точки кои што можат да бидат интересни како за домашните така и за странските туристи.

„За реализација на овие мерки, Владата на Република Северна Македонија обезбеди 38 милиони евра, а досега се потпишани договори со 19 општини.Останатите се во фаза на подготовка за потпишување и после што ќе следуваат тендерски постапки“, информираше премиерот Заев и додаде дека освен за овој, Општина Берово има конкурирано уште со два проекти во оваа програма, и сите три се одобрени.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Анѓушев: Платите растат како резултат на растот на економијата

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на новинарско прашање посочи дека растот на економијата е резултат на растот на индустриското производство, градежништвото, земјоделството и трговијата и дека сето тоа делува и на природен раст на платите.

„Државниот завод за статистика денес објави дека бруто-просечата плата во јули 2019 година во однос на истиот месец лани порасна за 5,5%, додека нето-просечната плата е зголемена за 4,3%, а просечната нето-плата веќе изнесува над 25 илјади денари. Растот на платите не е возможен без да индустријата расте. Се радувам што растот на бруто-домашниот производ, кој во последните квартали е особено позитивен, е базиран на работата на реалниот сектор. Сите економски параметри се компатибилни, речиси со ист процент растат платите, индустриското производство, како и приходите во буџетот и тоа е една логична целина“, истакна вицепремиерот Анѓушев на новинарско прашање.

Прикажи повеќе...

Економија

Презентиран новиот закон за данок на моторни возила

Објавено пред

Царинската управа во соработка со Министерството за финансии подготви Предлог закон за данок на моторни возила кој се очекува да придонесe за зголемување на уделот на возила кои се енергетски ефикасни и кои нема да придонесуваат кон зголемено загадување на животната средина.

Во Република Северна Македонија минатата година беа увезени 37.000 возила. Од нив 88% биле стари употребувани возиласо просечна старост од над 10 години, при што од оваа категорија речиси 90% биле дизел возила.

Ова беше истакнато на вчерашната средба на претставници на Царинската управа со присутните генарални застапници и импортери на нови возила во земјава на која беа запознаени со предложените законски одредби и бенефитите кои од нив ќе ги имаат граѓаните и општеството. Притоа, беше посочено дека станува збор за прв закон со кој се излегува од фискалниот аспект и приоритет добива еколошкиот аспект. Вкупниот приход од данокот на возила, во споредба со приходот остварен од наплатата на сегашната акциза од патничките автомобили, се очекува да остане во истите рамки.

Предлог Законот за данок на моторни возила кој ќе ја замени досегашната “акциза“ која се плаќа на возилата, со данок на моторни возила, подетално ги дефинира моторните возила кои се предмет на даночење и возилата кои не се предмет на даночење, како и категориите на возила кои се ослободуваат од плаќање данок на моторни возила, па така електричните возила се изземени од обврската за плаќање данок на моторни возила. За да се стимулира замена на возниот парк во делот на бизнисот, доставните возила од типот “van” и комби возилата кои се наменети за превоз на стоки се изземени од плаќање на данок на моторни возила. Патничките комби возила за превоз на 8 или 9 патници, амбулантните возила, возилата за превоз на починати лица, кампер возилата и т.н “олд тајмер“ возилата исто така се изземени од обврската за плаќање данок или е предвиден поврат на дел од платен данок за моторни возила. Данокот на моторни возила генерално ќе се наплаќа како и досега при увоз.

При изработка на Предлог законот за данок на моторни возила, користена е методологија за пресметка на данокот изработена од експерти од областа, при штоосвен цената на возилотопри увоз, ќе се зема предвид и износот на емисијата на јаглерод диоксид – CO2. Согласно препораките и добрата пракса во повеќето земји на ЕУ, воведени се нови категории возила кои се предмет на даночење, мотоцикли и скутери со зафатнина над 50 см3, четирицикли или “ATV” возила, “pick-up” возила кои ќе се даночат имајќи го предвиди нивото на емисија изразено преку Euro норма.

Од Царинската управа наведуваат дека импортерите на нови возила го поздравија новиот Предлог закон и во дискусијата се разјаснија одредени дилеми, особено во однос на данокот на хибридните возила. Препораките кои беа упатени за време на средбата ќе бидат дополнително разгледани од страна на Царинската управа и Министерството за финансии при финализирањето на законот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Трамп се закани дека ќе ги однесе затворените борци на ИД на границите на Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските држави да ги примат назад своите граѓани кои ѝ се приклучиле на Исламската...

Македонија5 часа

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата5 часа

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет9 часа

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ13 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија13 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија14 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет14 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет15 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет16 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет16 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа1 ден

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет1 ден

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија2 дена

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион2 дена

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ2 дена

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија2 дена

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ2 дена

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Досие