Контакт

Економија

Ставрески: Ќе имавме поголем ефект доколку НБ порано ја намалеше каматната стапка

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за финансии, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарските прашања изрази убедување дека ефектот од намалувањето на референтната каматна стапка на Народната банка ќе беше поголем и кај стопанството и кај граѓаните, доколку беше направено порано и наеднаш

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, истакна дека сепак е охрабрувачки што Централната банка ги согледа подобрувањата во реалниот сектор и перспективите на македонската економија. Toj oчекува во иста насока да сe продолжи и во текот на 2010 година.Според Ставрески, падот на БДП ќе беше помал доколку навреме се реагираше и се спуштеше референтната каматна стапка, и со тоа и каматните стапки на банките, а повеќе кредити ќе се слееја во стопанството. За тоа колку би било реално намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, министерот за финансии рече дека не може да се утврди прецизен износ на тоа колку би биле оптимални каматни стапки, но оти во секој случај факт е дека колку се пониски толку подобро. „Сметам дека до крајот на 2010 г. би можело да се приближиме до нивото што беше пред кризата и тоа би било оптимално ниво за овој степен на вкупни ризици и вкупна проценка на економската состојба, а во 2011 г. верувам и натаму постепено да оди приближувањето на каманите стапки во Македонија кон европските каматни стапки“, истакна Ставрески. Тој потенцираше дека заедничка цел и задача на минситерот за финансии и гувернерот е да обезбедат макроекономска стабилност и услови за развој на стопанството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Објавено пред

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска поддршка, истакна пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска.

Предлог – законот се однесува на финансиска поддршка за работодавачите погодени од Кивид-19 кризата за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година.

„Компаниите што имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен додека кај оние компании со намален приход од над 80% износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува максимални 21.776 денари по вработен. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а како рефрентен период, во Законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар“. појасни Георгиевска.

Компаниите што аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година.

Оние компании што користат финансиска поддршка, бројот на вработени нема да смеат да го намалуваат два месеци по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

За да се спречат какви било злоупотреби предвидени се и заштитни механизми, во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделена превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Прикажи повеќе...

Економија

„Рајанер“ и „Изиџет“ ќе им ги вратат парите на патниците за откажаните летови во Италија

Објавено пред

Италијанскиот регулатор за авиосообраќај соопшти дека успеал да убеди четири нискобуџетни авиокомпании, вклучувајќи ги и ирската „Рајанер“ и британскиот „Изиџет“, да им понудат на патниците за откажани летовите да им ги вратат парите наместо да им нудат ваучери.

Италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата AGCM објави дека ја прекинува истрагата против „Рајанер“, „Изиџет“, „Вуелинг“ и „Блу панорама“, бидејќи ги исполниле нејзините барања.

Покрај можноста за враќање на средствата, четирите авиокомпании ќе обезбедат бесплатен пристап до нивните кориснички услуги и ќе го зголемат бројот на работници во службите за корисници.

AGCM започна постапка против превозниците кон крајот на септември.

Прикажи повеќе...

Економија

Фирмите погодени од кризата ќе добијат помош и за октомври, ноември и декември

Објавено пред

Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од КОВИД-19 кризата за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, предложен од Министерството за финансии, вчера беше усвоен од страна на Владата и истиот ќе биде доставен на усвојување до Собранието. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите кои имаат најмалку 30% пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година, спроедено со истиот период минатата година.

Министерството за финансии соопшти дека со оваа мерка ќе се поддржат работните места, платите на вработените, а ќе се инјектираат околу 70 милиони евра во стопанството и ликвидносно ќе се поддржат компаниите.

„Со новиот предлог-закон мерката е уште потаргетирана, односно на фирмите потешко погодени од кризата, предвидено е да им се исплаќа повисока финансиска поддршка. Имено, кај фирмите кои имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен; за намален приход од 40,01% до 50% предвидени се до 15.955 денари по вработен; за намален приход од 50,01% до 60% до 17.410 денари по вработен; за намален приход од 60,01% до 70%, до 18.865 денари по вработен; за намален приход од 70,01% до 80%, до 20.320 денари по вработен и за намален приход од над 80% износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен. Во однос на подоброто таргетирање – со предлог законот е утврдено дека не се опфатени фирми кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години“, се наведува во соопштението.

Како рефрентен период во законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар.

Фирмите кои аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година.

Во однос на работниците, фирмите кои аплицираат за финансиска поддршка можат да имаат најмногу 10% од вработените со месечна нето-плата од над 120.000 денари. Фирмите не можат да аплицираат за финансиска поддршка за плата за вработен кој во јуни, јули, август и септември остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно на полно или неполно работно време. Исто така, мерката нема да може да се користи за вработени за кои се користи мерката „Македонија вработува“, како и за вработени кои се ангажирани за дополнително работење.

Работодавачите кои користат финансиска поддршка, бројот на вработени нема да смеат да го намалуваат два месеци по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со месец февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

Предвидени се и заштитни механизми во предлог-законот, за да платата стигне во целост до работникот. Имено, во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделени превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Внатрепартиски избори, Форум на пензионери, црвената да биде боја на СДСМ- Заев ги најави промените во статутот

Партискиот претседател да се бира на внатрепартиски избори, целосна родова еднаквост, форумот на жени и СДММ да се воведат како...

Македонија1 час

Погребан Амди Бајрам

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел. Амди Бајрам...

Европа4 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион5 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ6 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија7 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија8 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија8 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија21 час

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија24 часа

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион24 часа

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет1 ден

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет1 ден

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија1 ден

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија1 ден

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија1 ден

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион1 ден

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија1 ден

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет1 ден

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија1 ден

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Досие