Контакт

Економија

ССК на Генералниот совет на Светската федерација на комори

Објавено пред

Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска ќе учествува на годишната средба на Генералниот совет на Светската федерација на стопански комори која ќе се одржи во Париз, седиштето на Федерацијата на стопанските комори

Како дел од големото семејство на  стопанските комори ССК ќе има можност пред останатите членки на Федерацијата да ги претстави своите активности, достигнувања, како и да ги запознае со сите свои тековни проекти и услуги кои ги нуди како институција за своите членки.“Горди сме што Сојузот на стопански комори на Македонија присуствува на средба од ваков карактер на која се поставуваат стратешките и развојните правци на организацијата и  нејзините услужни дејности, каде што ССК ќе има можност не само да ги  претстави своите активности, туку и да ги запознае останатите членки на Федерацијата со економското бизнис опкружување во Р.Македонија“, изјави Златко Калеников, претседател на ССК и додаде „Сојузот на стопански комори како етаблирана организација во Македонија го зацврстува своето место на меѓународно ниво. Преку членувањето во Меѓународната стопанска комора (International Chamber  of Commerce), ССК останува на својот курс кој води кон унапредување на индустријата, трговијата и инвестициите, создава услови за пласирање на македонските производи на нови светски пазари и придонесува за зголемување на конкурентноста на компаниите на меѓународно ниво“.Светската Федерација на стопански комори (World Chambers Federation) основана е во почетокот на 50-тите години од минатиот век и има за цел да биде единстевен и уникатен глобален форум каде што коморите и високите директорати од сите држави можат да комуницираат едни со други и да соработуваат за прашањата од взаемен интерес.Меѓународна стопанска комора (International Chamber  of Commerce) е основана во 1919 година со цел да унапредување на светскиот бизнис преку промоција на трговијата и инвестициите, отворени пазари на стоките и услугите и слободен проток на капитал. Во него членуваат стопански комори од над 130 земји во светот и негови членки се едни од највлијателните светски компании.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Митрески: Со буџетот за 2021 економијата и здравството се во нашиот фокус

Објавено пред

Предлог Буџетот кој денеска влегува во собраниска процедура е континуитет на одговорните политики на Владата, рече денеска Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Како што рече тој, предлогот предвидува ште посилна поддршка на здравствениот систем и уште поголема помош за домашната македонска економија.

„Владата предводена од СДСМ праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места, поддршката на најранливите категории, но и поддршката за јавното здравство продолжуваат уште повеќе и во следната 2021 година“, посочи претставникот на владејачката партија.

Како што рече Митрески, предлог Буџетот за 2021 година пред себе има три клучни цели:

– Да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани;
– Да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои имаат потреба од помош во справувањето со последиците од пандемијата;
– Да се одржат и унапредат основните функции на државата и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи.

„Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост но и можности за побрзо надминување на негативните последици од коронакризата. Затоа е важно сите пратеници, низ отворена, инклузивна и транспарентна дебата овде во Собранието, да дадат поддршка и Буџетот за 2021 година да биде усвоен“, нагласи Митрески.

Прикажи повеќе...

Економија

Исплатени 152 милиони денари за субвенции за втора фаза произведено и предадено млеко

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 6,755 сточари исплати над 152 милиони денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека средствата од оваа мерка, се свеж капитал кои треба да им помогне на сточарите, да ја обезбедат потребната количина на храна за презимување на стоката.

„ Преку мерките од програмите за земјоделство и рурален развој, создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на домашното производство на млеко, а со тоа и обезбедување на суровина за домашните капацитети за производство на млеко, млечни производи како и домашно произведено месо. Пандемијата со „ковид 19“ уште повеќе ја нагласи потребата од здрава, безбедна храна. Владата, Агенцијата и министерството ќе продолжат да создаваат поволни услови за одржливо земјоделство, негова модернизација, со што ќе се овозможи задоволување и на домашните потреби со земјоделски производи но и за извоз“ – информира директорот Бабовски.

Агенцијата, Владата и министерството ќе продолжи со навремената и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.

Земјоделството е наша шанса за успех. Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицевски: Буџетот не е народен и граѓански туку партиски

Објавено пред

Предлог буџетот е огромен, нереален и неразвоен. Овој буџет е строго партиски, истакна Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според него, буџетот покажува дека СДСМ не планира да ја помага економијата, не планира да го помогне реалниот сектор и граѓаните, не планира и не знае како да се справи со катастрофалните последици од Ковид-кризата, но затоа, многу добро знае како да се задолжи уште повеќе врз грбот на граѓаните.

„СДСМ и со овој буџет повторно ги намалува и онака малите средства за капитални проекти. Тие за наредната година предвидуваат 10 милиони помалку за капитални проекти. Чувството и фактот што го имаме сите граѓани на Република Македонија дека за време на владеењето на СДСМ никогаш и ништо не се гради, а парите ги нема, очигледно ќе продолжи и во наредната година. Во услови на криза, СДСМ реши да крати и да удри и по грбот на земјоделците. Тие предвидуваат намалување на средствата во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Токму СДСМ на земјоделците им ветуваше мед и млеко, а сега гледаме дека и нив ги изигра и излажа“, рече Мицевски.

Тој вели дека во буџетот нема пари за помош на фирмите, за помош на земјоделците, за опремување на медицинските лица во справуавње со Ковид-19, а истиот содржи непродуктивни расходи.

„Расходите за плати во 2021 година се за 20 милиони евра или 4,1% повисоки од оние за 2020 година. Иако министерот најави дека нема да има зголемување на платите во јавниот сектор. Повторно лага. Исто така, расходите за стоки и услуги растат за фантастични 3,5 милијарди денари или 18% во однос на претходната година. Во услови на криза, раст на овие расходи буквално значи расфрлање со парите на граѓаните за непотребни работи на сметка на оние на кои им се далеку попотребни“, рече Мицевски.

Тој нагласи дека досега СДСМ потрошила многу пари, а не направила ништо.

„Потрошија три буџети досега, а не изградија ништо. Го нема Клинички центар во Скопје, ги нема ниту автопатите кои што ги ветија“, заклучи Мицевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против корона се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот за...

Македонија2 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија3 часа

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири...

Македонија3 часа

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет4 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија4 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет5 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет18 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет18 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија20 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија22 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион24 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие