Контакт

Економија

Од мај уште поевтини кредити

Објавено пред

Монетарната власт реши да ја намали референтната каматна стапка на 6,5 отсто, а ја спушти и каматата на ломбардните кредити

Банките експресно изјавија дека по ваквиот сигнал од месец мај и тие значително ќе ги поевтинат кредитите за населението и за бизнис-секторот. Ова е четврто намалување на каматната стапка на благајничките записи во период од неколку месеци. Последното снижување е значително похрабро, за еден процентен поен, од 7,5 проценти на 6,5 отсто, додека претходните беа по половина процентен поен.Претходно референтната камата изнесуваше дури девет проценти, ниво до кое пристигна заради неопходноста од затегнување на монетарната политика поради високиот трговски дефицит, ниските трансфери и ризикот врз девизниот курс на денарот. Потоа Народната банка на Македонија (НБМ) ја намали каматата од девет отсто на 8,5 проценти, а во вториот и во третиот наврат намалувањето беше исто.Последниот потег со намалување на каматите НБМ го образложува со добрите девизни резерви, добрите дознаки и намалениот трговски дефицит, иако укажува дека се уште постојат ризици: „Продолжуваат позитивните движења на девизниот пазар и кај динамиката на девизните резерви. Имено, од почетокот на годината досега девизните резерви, иако незначително, сепак, бележат пораст. Позитивните движења се во согласност и со намалувањето на трговскиот дефицит во јануари за 39,2 отсто на годишна основа и со движењата на менувачкиот пазар. Всушност, овие сегменти укажуваат на помала увозна побарувачка од проектираната и подобри остварувања кај приватните трансфери. Со тоа, трендовите во надворешниот сектор се релативно подобри во споредба со проектираните, овозможувајќи поповолни услови за спроведување на монетарната политика. Од тие причини НБРМ донесе одлука за намалување на каматната стапка на благајничките записи за еден процентен поен, од 7,5 на 6,5 отсто. Се намалува и каматната стапка на кредитите одобрени преку ноќ, односно ломбардните кредити, од девет отсто на осум проценти“, се вели во соопштение на Советот на НБМ.Монетарната власт, сепак, укажува дека ризиците околу идните движења во надворешниот сектор и понатаму се присутни. Неизвесноста околу одржливоста на тековното закрепнување на глобалната економија создава непознатости и во врска со очекуваното закрепнување на извозот и околу големината на капиталните приливи во домашната економија. „Присутни се ризици и во поглед на оцените за умерено закрепнување на домашната побарувачка, што заедно со можниот послаб извоз може да доведе до помала увозна побарувачка. Оттука, идните изгледи за надворешниот сектор, иако, главно, се подобри, се’ уште се проследени со ризици и наметнуваат потреба од натамошно внимателно следење на движењата“, информира централната банка.Банкарите велат дека сосема сигурно ќе следуваат намалувања на каматите и на кредитите, но и на депозитите: „Ова е позитивен потег“. Бизнис-секторот очекува дека најмалку за еден процентен поен треба да поевтинат и банкарските кредити.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Шпанската влада месечно ќе дава по 462 евра за најсиромашните граѓани

Објавено пред

Шпанската влада усвои декрет со кој се воведува основен месечен приход од 462 евра за најсиромашните граѓани, дополнително загрозени од пандемијата на коронавирус.

Право на приход ќе имаат граѓаните на возраст од 23 до 65 години чијашто имотна вредност не надминува 16.614 евра кога од неа ќе се исклучат недвижнините и кредитите со намалени каматни стапки.

Минималниот приход ќе се зголеми со бројот на членовите на семејството, до максимум 1.015 евра месечно, а програмата ќе вклучува и иницијативи за наоѓање на редовна работа, рече на прес-конференција вицепремиерот Пабло Иглесијас.

Програмата треба да опфати околу 2,3 милиони граѓани, а Владата за исплата на приходот ќе издвојува три милијарди евра годишно.

Шпанија, со повеќе од 27.000 смртни случаи, е меѓу земјите кои епидемијата на коровирус ги погоди особено тешко.

Прикажи повеќе...

Економија

Царовска: Угостителите и граѓаните да го почитуваат протоколот

Објавено пред

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, денес апелираше до угостителите и до граѓаните да го почитуваат протоколот со кој се дозволува примање гости во кафулињата и рестораните во услови на коронавирусот. Вицепремиерката изјави дека инспекторите се на терен и секаде каде што ќе утврдат неправилности, истите ќе бидат санкционирани.

„Би сакала да апелирам до сите угостители да ги почитуваат протоколите заради самите себе првенствено, но и заради здравјето на граѓаните и здравјето на нивните семејства и нивните деца. Важно е дека со секоја наша постапка денес, а и во наредниот период, треба да покажеме свесност и насочување кон новото живеење. Токму тие протоколи се начинот на кој што ќе треба да постапуваме и да се однесуваме во наредниот период се со цел од една страна економијата да се одржува во континуитет но од друга страна да го заштитиме здравјето на граѓаните. Инспекторите се на терен, во текот на вчерашниот ден укажуваа, едукативно делуваа кај сите угостители. Секако дека тие што нема да ги почитуваат согласно закон инспекторите ќе постапат кон поригорозни мерки“, изјави Царовска.

Таа рече дека е важно овој апел за почитување на протоколот да стигне и до граѓаните, бидејќи секој од нас е одговорен и за своето здравје, но и за здравјето на своето семејство за здравјето на нашите заедници.

„Ако ги почитуваме мерките и протоколите ќе придонесеме кон тоа да оваа успешна приказна што ја имавме како држава во справување со корона вирусот да продолжи и понатаму и со тоа да покажеме дека сме зрели да се носиме со сите предизвици“, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Економија

Завршни активности за модернизација на трафостаницата во Валандово

Објавено пред

Заменичката на престедателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, реализираа работна посета на трансформаторската станица во Валандово, каде што во тек се низа завршни инвестициски активности за модернизација на преносната енергетска мрежа.

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, посочи дека во изминатиот период Владата навистина покажа дека вложувањето во енергетскиот сектор е приоритетно прашање.

„Тоа го покажавме и со носење на Законот за енергетиката, нов, европски и усогласен со сите директиви. Ја воведовме евтината тарифа за струја, а со тоа укажуваме дека ги намалуваме трошоците за секое семејство. Од друга страна, покажавме дека инвестираме со капитални инвестиции со вложувања во енергетскиот сектор и во стабилна достава на енергија во нашата држава“, нагласи Царовска.

Вицепремиерката додаде дека државните енергетски компании, како што е МЕПСО, вложија многу труд и посветеност во реализација на капитални инфраструктурни проекти за стабилноста на електроенергетскиот систем, при што се спроведуваат низа проекти за модернизација и дополнителна сигурност на системот, што ќе биде бенефит за сите граѓани, но и компании, кои функционираат во земјата.

„Не е сето тоа само политичка волја, доколку немаме оперативци, како што е директорката на МЕПСО, кои сите овие финансиски средства и вложувања ги операционализирааат и ги внесуваат во системот и обезбедуваат да тие станат реалност и да постигнеме една стабилна мрежа на достава на електрична енергија во нашата држава. Со ваков тип вложувања, како што денеска ги гледаме во трафостаницата во Валандово, се намалуваат трошоците за одржување, добиваме поголема доверба на граѓаните и на реалниот сектор за оваа мрежа на достава, односно во енергетскиот систем на нашата држава, но исто така се поттик други инвеститори да дојдат и да може да ги искористат потенцијалите на нашата држава“, додаде вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, посочи дека основна стратешка мисија на компанијата е да обезбеди доверба во преносниот систем, намалување на оперативните трошоци, сведување на минимум ризици, испади, дефекти, овозможување и искористување потенцијал за развој на регионите во делот на обновливи извори на енергија и последно, но не и по значење, поддршка на македонски компании кои би добиле знаења и искуства во делот на енергетиката и тоа знаење би останало во нашата држава.

„Во оваа стара трафостаница во Валандово, која со години ни служеше доверливо, извршивме замена на стара опрема, која беше во функција речиси 40 години, со нова високонапонска опрема. Заменети се старите со нови прекинувачи и разделувачи во целата постројка, освен во полето ВЕЦ ‘Богданци’, кои се нови и во целост во сите полиња заменети се потпорни изолатори и мерни трансформатори. Инвестицијата од 770 илјади евра во нова опрема за АД МЕПСО ќе значи намалување на трошоците за одржување и дефекти, а за стопанството сведување на минимум на ризиците од испади. Покрај новата опрема, на долг рок ќе овозможи зголемена доверба во работата на трансформаторската станица. Таа ќе овозможи зголемена сигурност во напојувањето на потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа и тоа во Валандово, Богданци и Гевгелија. Со реконструкција на трафостаницата обезбедуваме стабилност на две врски, кои се од круцијално значење. Првата е снабдување со квалитетна електрична енергија на железница, инфраструктура на македонски железници, а втората е прием на електрична енергија од производителот на ветерните централи во Богданци“, потенцира Шуклева.

Директорката Шуклева додаде дека АД МЕПСО со новата опрема е подготвен на овој енергетски јазол во иднина да приклучи и нови производители или потрошувачи на електрична енергија на преносната мрежа. Таа нагласи дека во транспаретна, јавна постапка на меѓународен тендер финансисран од Европската банка за обнова и развој, како изведувач на работите, првпат е избрана домашна фирма – „Беннинг Псам ДОО“.

„Со тоа, освен што го поддржуваме македонското стопанство, ние како општествено одговорна компанија инвестираме и во знаење на македонски компании и македонски стручни кадри. АД МЕПСО ја заврши модернизацијата на ТС ‘Валандово’ во пократок рок од првично планираното“, заврши генералната директорка на АД Мепсо, Ева Шуклева.

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, од името на сите граѓани на општина Валандово, изрази благодарност за реализација на овој значаен проект за енергетската стабилност на Валандово, но и целиот Југоисточен Регион.

„Со реализација на овој проект добиваме доверба и стабилност на електроенергетскиот систем при преносот и снабдувањето со електричната енергија. Оваа трафостаница, која е изградена во 1973 година, сега е со нова опрема, комплетно реконструирана и сите оние испади што се случуваа на енергетскиот систем, со реализацијата на овој проект се веќе минато“, констатира градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Пауновски: Угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија2 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија3 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија3 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија4 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија4 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија4 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија4 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет5 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет7 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион7 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет8 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа8 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет8 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија8 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија21 час

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион22 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ24 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија1 ден

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Досие