Контакт

Економија

Ставревски: Не навлегувам во дискусиите меѓу НБРМ и ССК

Објавено пред

<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –>Министерот за финансии и Вицепремиер за економски прашања Зоран Ставревски, денеска не сакаше да ги коментира вчерашните обвинувања на претседателот на Созјузот на стопански комори, Златко Калеников кој обвини за постоење на спрега меѓу Народната банка,банките и големите фирми.

„Јас имав полни раце работа цел ден со ММФ и немам ниту намера, ниту потреба да коментирам и да навлегувам во дискусиите што се водат меѓу Централната банка и Сојуз на Стопанските комори.Немам намера да коментирам, ниту знам кој што кажал, ниту ме интересира. Самите нека го решаваат тоа што имаат да си го кажат. Јас не знам главата кај ми е од работа, имам други работни обврски, имам и со ММФ , имам и со буџет, почнува од понеделник на Собрание, така да дозволете да се посветам на своите работни обврски, “рече Ставревски.

Претседателот на ССК, Калеников вчера обвини дека постои спрега меѓу Народната банка, банките и големите фирми и поради тоа, според него, малите фирми доаѓаат тешко до кредити.

Гувернерот на НБРМ, Петар Гошев, пак рече дека НБРМ не е во спрега со банките, туку спрегите треба да се бараат на други места во економијата./крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Бесими: Економската состојба стабилна и покрај ковид-кризата

Објавено пред

Странските директни инвестиции од Италија во земјава изнесуваат 107 милиони евра, но соработката има потенцијал да се продлабочи. Земјата добро се справува со ковид-кризата, додека преку четирите пакети на антикризни мерки се дала поддршка на стопанството и на граѓаните за надминување на кризата, беше констатирано на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и новиот амбасадор на Италија во земјава Андреа Силвестри.

Министерот за финансии Бесими го запозна новиот амбасадор со економската ситуација во земјава. Тој посочи дека минатата година и покрај ковид-кризата, реализацијата на планираните приходи e над 99%.

Со четирите пакети антикризни мерки се таргетираа компаниите и граѓаните погодени од ковид-кризата, како и во насока на заштита на здравјето на населението. Вкупниот износ на сите обезбедени пакети изнесува околу една милјарда евра, или приближно 10% од нашиот БДП.

За годинава, беше посочено, нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, додека следната година ќе го достигне преткризното ниво. Од МФ наведуваат дека годинава се очекува закрепнување на инвестициската активност, потрошувачката и нето-странската побарувачка, при што е проектиран раст од 4,1% во 2021 година, согласно основното сценарио.

„Со редизајнирање на буџетската политика и политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст-SmartER Growth Policies се поставува цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2022 година и обезбедување на побрз економски раст на среден и долг рок“, рече Бесими.

Прикажи повеќе...

Економија

Гувернерката на „Еуромани“: Високото ниво на девизни резерви овозможи Народната банка да делува навремено на пандемијата

Објавено пред

Високото ниво на девизните резерви акумулирани во периодот пред пандемијата ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело преку намалување на основната каматна стапка, вбризгување на дополнителна ликвидност во системот и релаксирање на банкарската регулатива. Ова доведе до солидна кредитна поддршка на компаниите и домаќинствата, којашто впрочем и забрза во споредба со минатата година, како и натамошно намалување на каматните стапки до историски најниски нивоа, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на еден од водечките традиционални финансиски настани ‒ Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани“, на панел-сесијата на која учествуваа неколку гувернери од Централна и Југоисточна Европа (ЦИЕ).

Во овој контекст, таа исто така истакна дека за водењето релаксирана монетарна политика придонесува и за репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, којашто на барање на Народната банка за првпат ја одобри Европската централна банка. Ваквиот инструмент е особено важен бидејќи овозможува брз пристап до девизна ликвидност, а во услови на висока неизвесност и на евентуални можни поголеми нарушувања на меѓународните пазари заради шокот од Ковид-19.

Таа исто така говореше и за улогата и мандатот на централните банки. Притоа истакна дека, врз основа на искуството од глобалната економска криза во меѓународни рамки, се преиспитуваат некои од традиционалните погледи во однос на целите, стратегиите и инструментите на централните банки. За ова придонесуваат и структурните промени во економиите коишто произлегуваат од пандемијата. Она што, според неа, суштински се менува е однесувањето на домаќинствата и бизнисите, а воедно постои и потенцијално забавување на процесот на глобализација, како и забрзување на дигитализацијата на економиите. Сето тоа наметнува потреба од преоценување на врските во економијата и на трансмисискиот механизам на монетарната политика, заради соодветно приспособување на инструментите и на политиките.

На Форумот беа опфатени и други прашања важни за економиите на ЦИЕ, со посебно внимание на влијанието на пандемијата врз иднината на овие економии.

Прикажи повеќе...

Економија

Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари

Објавено пред

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Ројтерс“.

Биткоинот излезе од својот мал „лажен пазар“ во последниве години и сега го купуваат обични луѓе, инвестициски фондови, па дури и големи корпорации. Некои дури земаат заеми за да го зголемат купувањето на таа криптовалута, чијашто вредност се зголеми десеткратно од минатиот март.

Сепак, неговата главно анонимна природа предизвика загриженост дека може да се користи за перење пари и други нелегални активности.

„Биткоинот е високо шпекулативно средство што се користи за некои чудни деловни активности и за некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари“, рече Лагард на конференцијата „Ројтерс некст“.

Таа не наведе конкретни случаи во кои таа дигитална валута е користена за перење пари, но рече дека има информации дека се води кривична истрага против тие незаконски активности. Таа не даде повеќе детали за тоа.

Со својот апел шефицата на ЕЦБ им се придружи на бројните регулатори од целиот свет во повиците за примена на глобалните правила и криптовалутите.

„Мора да има регулатива. Таа мора да се применува и да се договара на глобално ниво, и ако некој го избегнува тоа, тоа бегство ќе биде злоупотребено“, рече Лагард.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори...

Македонија1 час

Новите членови на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието

Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Нови членови на највисокото изборно...

Македонија1 час

Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија е за осуда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е...

Свет2 часа

Поради недостиг од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на...

Свет3 часа

СЗО: 95 отсто од произведените вакцини се распоредени во само 10 земји

Шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге, изјави во Копенхаген дека 95 проценти од вакцините против...

Свет3 часа

(Видео) Пјонгјанг ги покажа новите ракети – „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“

Северна Кореја организира воена парада во центарот на Пјонгјанг со цел да го одбележи крајот на осумдневниот конгрес на Работничката...

Македонија4 часа

Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни...

Македонија15 часа

Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите...

Европа15 часа

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај...

Македонија17 часа

15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на...

Домашен20 часа

Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во...

Македонија20 часа

Лекари од Македонија дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во...

Свет21 час

Трамп: САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот

САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот, рече американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, во видео-обраќањето. „Сакам...

Свет22 часа

Германска студија: Ризикот од ширење на коронавирусот во концертни сали е незначителен

Ново истражување во Германија за движење на честички во воздухот во затворен простор покажа дека постои незначителен ризик од инфекција...

Европа23 часа

Шефот на институтот „Роберт Кох“: Пандемијата ќе ја ставиме под контрола до крајот на годината

Германија ќе воспостави контрола над пандемијата на коронавирус до крајот на годината, но нов, позаразен вид на ковид може да...

Македонија23 часа

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Од следниот четврток, 21 јануари, угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот, а Комисијата за заразни болести размислува да...

Свет24 часа

СЗО: 13 експерти пристигнаа во Вухан, двајца задржани поради сомнение дека имаат вирус

Светската здравствена организација соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија за утврдување на потеклото на новиот коронавирус во Кина сè...

Топ1 ден

Дете загина откако во него удрил автомобил во Тетово

Дете загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера доцна попладнето на ул. Видое Смилевски-Бато во Тетово. До несреќата дошло...

Свет1 ден

(Видео) Протести во Брисел – запалена полициска станица, нападнато возилото на кралот

Во Брисел за време на протестите поради смртта на младо момче од африканско потекло, кој починал во притвор, избија немири...

Свет1 ден

СЗО свика итен состанок

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состанува денескa, две недели пред редовниот состанок, за да разговара за...

Досие