Економија
„Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Ирска

„Стандард и Пурс“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Ирска од АА- на А, со негативна прогноза.Краткорочниот рејтинг на „келтскиот тигар“ намален е од А-1+, на А-1. Кредитниот рејтинг на Ирска и покрај овие намалувања и натаму е за пет нивоа над грчкиот.Ирска кон крајот на минатата недела ја прифати помошта на Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за излез од кризата. Таа ќе биде прва земја членка на ЕУ која ќе користи пари од кризниот фонд на ЕУ.\крај\ пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Компаниите се ослободени од царинските давачки за една година

Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија со цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија.
Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија.
Со оваа одлука компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година, кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра, со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија.
Економија
Повисоки пензии за 185 денари од 26 јануари

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година.
Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок).
Економија
Заев: Поддршката на туризмот даде одлични резултати

Премиерот Зоран Заев вели дека поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дале одлични резултати за домашните туристички капацитети.
„Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од шест отсто за домашните туристи и од девет проценти за ноќевањата, во споредба со 2019 година. Во Берово имаме покачување од 29 отсто на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37 проценти во однос на истиот период 2019 година“, наведува Заев во статус на социјалните мрежи.
Според него, отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможила поголем број украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот, благодарение и на зелените коридори кои земјава ги воспостави со Србија и Албанија.
Најави дека годинава предвидени се 31.000.000 денари за туризмот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира