Економија
Германската економија во одлична состојба

Економијата во Германија е во одлична состојба и наскоро би можела да оствари полна вработеност на работоспособното население, смета германскиот министер за економија Рајнер Брудерле.„Германците се во добро расположение, повторно инвестираме, повторно трошиме и луѓето се чувствуваат сигурни и купуваат“ истакна Брудерле.Уверен дека економијата на Германија наскоро ќе оствари полна вработеност, тој прецизираше дека во земјата моментално има помалку од три милиони невработени, додека во екот на глобалната криза без работа биле пет милиони Германци.„Сигурен сум дека наскоро е можна полна вработеност, која веќе се остварува во некои јужни делови на Германија“ додаде Брудерле.Тој нагласи дека основен двигател за економскиот раст, не е толку извозот, колку што е приватната потрошувачка на земјата.„Економските советници на владата најавуваат дека идната година, 90 отсто од растот ќе го обезбеди токму домашната побарувачка“ рече тој./крај/см/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Грчките бизниси со загуби од скоро 35 милијарди евра

Сите грчки компании, не само оние кои беа принудени да се затворат за време на блокадата, претрпеа загуби на приходите од речиси 35 милијарди евра помеѓу јануари и септември минатата година. Ова го покажуваат најновите податоци објавени од Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).
Овие загуби се очекува да бидат уште поголеми во четвртиот квартал од годината, барем во споредба со првиот и третиот квартал – период што традиционално се карактеризира со зголемена потрошувачка, пренесе БГНЕС.
Податоците за прометот во ноември, го одразуваат шокот предизвикан од втората блокада, особено во секторите за малопродажба и рестораните. Трговијата на мало, која беше прекината од 7 ноември, забележа пад на прометот од 38,5 проценти во ноември во споредба со ноември претходната година.
Угостителството, кое е суспендирано од 3 ноември, забележа пад на прометот за 54,1 отсто во ноември во споредба со истиот месец во 2019 година.
Покрај тоа, податоците покажуваат дека грчките компании забележале вкупен промет од 193,84 милијарди евра во првите три квартали од 2020 година, во споредба со 228,68 милијарди евра во соодветниот период во 2019 година – разлика од 34,84 милијарди евра.
Вкупниот промет во третиот квартал на 2020 година изнесува 69,80 милијарди евра во споредба со 82,91 милијарди евра во третиот квартал од претходната година – пад од 15,8 проценти. Ова намалување е значајно не само затоа што има дупка од 13,11 милијарди евра, туку и затоа што демонстрира силно влијание врз економијата и бизнисот, имајќи предвид дека во третиот квартал имаше само некои локални блокади и тие не беа многу долги.
Економија
Повеќе од 1.000 невработени се охрабриле да отворат свој бизнис за време на корона-кризата

1.468 нови бизниси се отворени преку програмата за самовработување на Агенцијата за вработување, соопшти директорот Абдуш Демири.
Невработените лица најчесто се охрабруваат да почнат бизнис со трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и објекти за сместување.
Министерката за труд и социјална политика Јадода Шахпаска вели дека 189 лица со попреченост се вработиле преку програмите на Агенцијата за вработување.
„Со цел зајакнување на конкурентноста на невработените лица на пазарот на трудот, обезбедивме разни обуки за практикантство. Следејќи ги глобалните трендови за дигиталната писменост, обезбедивме обуки за ИТ-вештини“, вели Шахпаска.
Економија
Обилните врнежи ја отежнаа работата во рудниците на РЕК Битола

Обилните врнежи од дожд и снег во Битолскиот Регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК Битола, а со тоа и врз целиот комбинат, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
„Врнежите од над 100 литри на квадратен метар и надојдената вода предизвикаа застој во подготовките за поместување на лентите кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3 и покрај сериозните предизвици со кои се соочува комбинатот“, се неведува во соопштението во кое се нагласува дека со натчовечки напори на сите вработени и на менаџерскиот тим на компанијата и на комбинатот, се работи на нормализирање на состојбата.
ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк.
„Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира“, се додава во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира