Контакт

Економија

Цените на недвижности во Париз уриваат рекорди

Објавено пред

цените на недвижностите во Париз, во изминатиот квартал достигнаа рекордна висина, без оглед на рецесијата, долговите и владините мерки за штедење.На крајот на септември цената за метар квадратен достигна 7.030 евра, а просечната цена за стан во Париз порасна за 13,8 отсто во споредба со истиот период лани. Во однос на претходното тримесечје, цените се зголемиле за 5,1 отсто, соопшти париската нотарска комора.Благодарејќи на екстра ниските кредитни камати, потрошувачите активно купуваат недвижнини во француската престолнина, а тоа ги зголеми цените на рекордно високо ниво, пренесе Ројтерс.„Британците и Италијаните најактивно купуваат недвижнини во Париз, но забележан е бран на кинески купувачи“, изјави претседателот на нотарската комора, Кристијан Лефевр./крај/смедиа/ит



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Повеќе од 1.000 невработени се охрабриле да отворат свој бизнис за време на корона-кризата

Објавено пред

1.468 нови бизниси се отворени преку програмата за самовработување на Агенцијата за вработување, соопшти директорот Абдуш Демири.

Невработените лица најчесто се охрабруваат да почнат бизнис со трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и објекти за сместување.

Министерката за труд и социјална политика Јадода Шахпаска вели дека 189 лица со попреченост се вработиле преку програмите на Агенцијата за вработување.

„Со цел зајакнување на конкурентноста на невработените лица на пазарот на трудот, обезбедивме разни обуки за практикантство. Следејќи ги глобалните трендови за дигиталната писменост, обезбедивме обуки за ИТ-вештини“, вели Шахпаска.

Прикажи повеќе...

Економија

Обилните врнежи ја отежнаа работата во рудниците на РЕК Битола

Објавено пред

Обилните врнежи од дожд и снег во Битолскиот Регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК Битола, а со тоа и врз целиот комбинат, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

„Врнежите од над 100 литри на квадратен метар и надојдената вода предизвикаа застој во подготовките за поместување на лентите  кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3 и покрај сериозните предизвици со кои се соочува комбинатот“, се неведува во соопштението во кое се нагласува дека со натчовечки напори на сите вработени и на менаџерскиот тим на компанијата и на комбинатот, се работи на нормализирање на состојбата.

ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк.

„Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Усвоен годишниот план со мерки и програми за намалување на невработеноста

Објавено пред

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема усвојувањето на новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.

„Со Оперативниот план за вработување за 2021 во континуитет продолжува стремежот за што поголем опфат на невработени лица со мерките за вработување, како и креирање на ад хок мерки согласно новонастаната состојба на пазарот на труд, предизвикана од пандемијата од Ковид-19. Притоа, посебен акцент беше ставен на директната интервенција на пазарот на трудот и повторно вклучување на лицата кои ги изгубиле своите работни места како резултат на пандемијата“, се наведува во соопштението.

Министерката Шахпаска истакна дека министерството во чиј фокус се ранливите категории на невработени лица, продолжува со креирање политики и мерки со цел помош и поддршка за нивна успешна активација на пазарот на трудот.

Таа додаде дека со оглед на успешноста на Оперативниот план за 2020 година и новонастаната состојба предизвикана од пандемијата, оваа година трансферот на средства за програми за вработување е зголемен за повеќе од четири пати во однос на минатата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги...

Свет7 часа

„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет9 часа

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Свет9 часа

Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за...

Македонија10 часа

Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на...

Македонија13 часа

Обвинителството отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на...

Македонија13 часа

Опцијата граѓаните да може да докупат стаж за пензија може да се одолговлечи до 2024 година

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани,...

Свет14 часа

Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Резултатите покажуваат дека подготвеноста за...

Македонија14 часа

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти...

Македонија15 часа

Во последните 24 часа нема нови ковид – пациенти на интерните клиники во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Европа17 часа

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори...

Македонија17 часа

Новите членови на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието

Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Нови членови на највисокото изборно...

Македонија17 часа

Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија е за осуда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е...

Свет18 часа

Поради недостиг од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на...

Свет18 часа

СЗО: 95 отсто од произведените вакцини се распоредени во само 10 земји

Шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге, изјави во Копенхаген дека 95 проценти од вакцините против...

Свет19 часа

(Видео) Пјонгјанг ги покажа новите ракети – „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“

Северна Кореја организира воена парада во центарот на Пјонгјанг со цел да го одбележи крајот на осумдневниот конгрес на Работничката...

Македонија19 часа

Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни...

Македонија1 ден

Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите...

Европа1 ден

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај...

Македонија1 ден

15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на...

Досие