Контакт

Економија

Eos Matrix, Seavus и Next Sense со најголема грижа за човечките ресурси

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Единственото списание за човекови ресурси во Македонија „Global Hr“ денеска за првпат организираше доделување на награди во повеќе категории  за развој на човечки ресурси. Наградата за  најдобар менаџер за човекови ресурси замина во рацете на Марина Сивакова-Таскова од компанијата Eos Matrix.Компанијата  Seavus има најдобар оддел за човечки ресурси во Македонија, додека компанијата Next Sense најмногу вложувала во своите вработени и во развојот на човековиот капитал.Наградите ги додели експертот за човечки ресурси Весна Димевска, која што оцени дека човечките ресурси претставуваат моторната сила на секоја компанија.„Правилното водење и менаџирање со човечкиот капитал се предуслов за успешна и профитабилна компанија. Токму затоа со овие награди сакаме да им дадеме почит и признание на компаниите, кои во изминатата година се покажаа за најуспешни“, рече Димевска.Најдобриот менаџер за човекови ресурси Сивакова-Таскова изјави дека од една страна е најтешко да се работи со луѓе, бидејќи станува збор за многу карактери и особини, но од друга страна, е и најслатко да се работи со луѓе.„Ова е големо признание за мене, но и голем мотив и поттик да бидам уште подобра во иднина“, изјави Сивакова-Таскова.Раководителот на одделот за човечки ресурси на Seavus, Оливера Геговска истакна дека наградата претставува потврда за долгогодишна работа и е признание за она каде што во моментов се наоѓа Seavus.„Пред се сакам да се заблагодарам на самата компанија, која што несебично инвестира во постоењето на еден ваков оддел и која што ја знае вредноста на неговото постоење. Ова е една обврска за нашиот оддел и во иднина оваа награда да ја потврди“, рече Геговска.Претставникот на Next Sense истакна дека вработените во компанијата се најзаслужни за оваа работа бидејќи од срце вложуваат во својата компанија  Принципот на  избор на најдобрите е по пат на номинација на кандидатите од страна на самите вработени во компаниите, додека  изборот на наградените го изврши стручно жири. /крај/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Трипуновски: Зелката ќе остане неоткупена заради лошите политики на СДС кои наместо на извоз, се фокусираа на увоз на земјоделски производи

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на два откупни центри за зелка во Струмичкиот регион каде што во моментов актуелен е откупот на зелката.

dobivaj vesti na viber

„Откупот тече споро, има побарувања од странскиот пазар, но Министерството и Владата заради незаинтересираност не го следи процесот на откуп со што директно се оштетени земјоделците. Ова е резултат на лошите земјоделски политики на СДС кои наместо да обезбедат извоз, тие се насочија кон увоз на земјоделски производи“, изјави Трипуновски.

„Градинарите од Република Македонија пред извесен период се пожалија за ниската откупна цена на зелката која во моментов се движи околу 15-тина денари за килограм.

ВМРО-ДПМНЕ одговорно и посветено ќе работи во интерес на земјоделците, бидејќи ние навистина се грижиме за нив, тие ќе имаат сигурен партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Дизелот од полноќ поевтин за 0,50 денари, цените на бензините остануваат исти

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 oтсто во однос на одлуката од 8.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,536%, кај дизелот намалувањето е за 0,730%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,580% и кај мазутот намалувањето е за 2,057%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,362%

Од 16.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,302 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 ден/кг и сега ќе изнесува 44,302 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.4.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Николовски: Украинци во Македонија учат како полесно да ги приспособат своите земјоделски политики со барањата на ЕУ

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, од денес, па до крајот на неделава, ќе биде домаќин на украинската делегација, предводена од заменик-министерот за земјоделска политика и храна на пријателска Украина, Маркијан Дмитрасевич.

dobivaj vesti na viber

„Нашата држава е посочена од Европската комисија како една од земјите која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство и користењето на средствата од ИПАРД во однос на другите земји кандидати за членство во ЕУ, што ме прави особено горд и е само уште една потврда за добро завршената работа“, изјави по средбата министерот Николовски.

Од некогаш заробена и изолирана држава, рече Николовски, денес Република Северна Македонија е земја пример, која своето искуство го пренесува на другите земји.

„Ми преставува особена чест што нашето искуство ќе имаме можност да го споделиме токму со украинската делегација, со цел полесно да ги приспособат своето земјоделство и политиките кон барањата на Европската Унија“, изјави министерот Николовски.

Украина е во почетна фаза на правните приспособувања кон законодавството на Европската Унија во делот на Законот за земјоделството, воспоставување платежна агенција и ИАКС, како и користење на претпристапните средства од ЕУ.

„Работната посета на украинската делегација треба да ѝ овозможи размена на македонските искуства за успешно воспоставување на политиките и системите во делот на Интегрираниот систем за администрација и контрола на државната поддршка во земјоделството и руралните средини (ИАКС), искуствата од воспоставување ЕРЗС, ЛПИС и ФАДН, подготовките за користење на ИПАРД-програмата и функционирањето на Платежната агенција“, изјави министерот Николовски.

За време на официјалната посета, украинските колеги, ќе остварат посета на Платежната агенција, а на теран презентирана ќе биде успешна ИПАРД-приказна, претставена преку винарницата „Мовино“ во Росоман. Дополнително, украинските колеги ќе бидат запознаени со функционирањето на подрачните единици на Министерството, како и со придобивките од спроведувањето на процесот за консолидација на земјишните парцели во Пелагонија.

Двајцата министри на денешната средба разговараа и за зголемување на заедничката соработка меѓу двете држави во делот на трговската размена.

„Минатата година потпишавме измени и дополнувања на договорот за слободна трговија за натамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи, со што овозможивме целосна либерализација за извоз во Украина на македонските домати, зелка, краставици, грозје и јаболка и увоз на украински месо и месни производи, како и производи од маслодајни култури. Со измените се постигна многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло, односно ако досега за извоз и увоз се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила се овозможи да се користат и ЕУ-суровини. А ова значително влијае на зголемување на трговската размена и девизниот прилив“, изјави министерот Николовски.

Министерот Николовски изрази благодарност за честа да ѝ бидеме домаќини на украинската делегација посакувајќи овие неколку дена да уживаат во убавините на Македонија додавајќи дека посакува да се оствари заедничката желба набргу двете држави да бидат заедно во Европската Унија како рамноправни членки на европското семејство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија17 минути

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион58 минути

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет1 час

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет2 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион2 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија11 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија12 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија19 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија20 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија20 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија21 час

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија21 час

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized22 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ22 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија23 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...