Економија
„Лотарија на Македонија„ продолжува да книжи загуби

Според нерeвидираниот финансиски извештај „Лотарија на Македонија„ АД Скопје објави нето загуба од 34 милиони денари за 2010 година.Претходната, 2009 година загубата на компанијата која организира игри на среќа изнесуваше 16 милиони денари. Приходите од продажба на компанијата во 2010 година изнесуваат 135,4 милиони денари денари, додека пак нивниот износ во 2009 година беше 195, 9 милиони денари.„Лотарија на Македонија“ АД Скопје е компанија која се занимава со организирање на повеќе видови игри на среќа. Во нејзиниот асортиман на игри на среќа спаѓаат инстант грепки, лото и спортска прогноза, а компанијата располага и со автомати за игри на среќа и казино. /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бесими: Поради доверба на инвеститорите, каматна заштеда од 82,2 милиона евра

Кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките што се спроведуваат расте, забележа министерот за финансии, Фатмир Бесими, по повод издавањето на осмата еврообврзница.
„Осмата еврообврзница ја издадовме по убедливо најниска каматна стапка од 1,625 %, која е неколкукратно пониска од сите претходно издадени еврообврзбици од земјава, но истовремено е пониска и од каматните стапки по кои другите земји во регионот неодамна издадоа еврообврзници. Доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која треба да се рефинансира со оваа, каматната заштеда е 82,25 милиона евра“, посочи министерот Бесими.
Тој информира дека на вчерашната аукција имало 2,3 пати повисока побарувачка од страна на меѓународните инвеститори.
„Она што е особено охрабрувачки од аспект на меѓународниот пазар на капитал е дека за 9 месеци има значително подобрување на перспективите на нашата економија и нејзиниот потенцијал кај меѓународните инвестори“, рече Бесими.
Посочи дека ако се направи споредба со други економии од регионот и пошироко, кои издадоа еврообврзници во последните неколку месеци, нашата економија ужива поголема доверба кај инвеститорите, односно пониска каматна стапка.
Министерот истакна дека иако сумата на осмата издадена еврообврзница е 700 милиони евра, нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра. Имено, рече тој, со средствата од осмата еврообврзница ќе се рефинансира еврообврзницата издадена во 2014 година во износ од 500 милиони евра.
Додаде дека еврообврзницата од 2014 година, која беше издадена со каматна стапка од 3,975 % со рочност од 7 години, или за 2,35-процентни поена повисоко во однос на еврообврзницата издадена сега, што значи дека по основ на камата, според него, ќе се заштедат речиси 82,25 милиона евра.
„Кога се носеше буџетот за 2021 година, беше посочено дека покрај буџетскиот дефицит од 568,1 милиони евра, кој се должи главно на потребите поврзани со ковид-кризата, треба да се отплати надворешен долг во вкупен износ од 605,6 милиони евра – во кој влегува и еврообврзницата од 2014 година и отплата на домашен долг од 99,5 милиони евра по основ на претходно издадени државни хартии од вредност и структурни обврзници. Остатокот од средствата ќе се обезбеди преку издавање државни хартии од вредност на домашниот пазар, поволни развојни кредити од меѓународни организации и користење депозити, кои ги оставивме како резерви во 2020 година“, рече Бесими.
Заедно со преземните обврски и отплата на обврските што достасуваат, проекциите на Министертсвото за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2 %, а јавниот 63,4 %.
Економија
Заев на изградбата на далноводот Штип – Овче Поле: Инвестираме во енергетската инфраструктура и се поврзуваме со регионот

Изградбата на дановодот Штип – Овче Поле е само дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електропреносната мрежа на Република Северна Македонија. Тој опфаќа реконструкција и изградба на шест 110-киловолтни далноводи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано-бетонски столбови стари и до 66 години. Се вложува со над 15 милиони евра за изградба на повеќе од 130 километри нови далноводи, истакна премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, и претставникот на Европската банка за обнова и развој, Анди Аранитас, го означија почетокот на новата значајна инвестиција на МЕПСО.
Премиерот Заев рече дека ова е уште една потврда за посветеноста во реализација на ветените развојни проекти и заложбите за инвестиции во енергетската инфраструктура, кои на долг рок значат подобрување на животниот стандард.
„Со реализација на предвиденото ја јакнеме преносната мрежа и создаваме погоден инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори, кои можат и знаат како да ги искористат економските потенцијали во нашата земја. Оваа инвестиција ќе донесе многубројни придобивки како за населението така и за реалниот сектор. Новата и модернизирана преносна мрежа значи инвестиција во подобро утре и олеснување на животот и работата на населението. Дополнително, во целата наша земја се одвиваат активности за реализација на големи капитални проекти“, изјави Заев и упати честитки за посветената работата на градежниците, на компаниите изведувачи, надзорниот орган, како и на континуираната поддршка на Европската банка за обнова и развој за реализација на овие проекти.
Министерот Бочварски нагласи дека во услови кога со децении ништо не е инвестирано во преносната мрежа, оваа Влада, заедно со стручниот тим на МЕПСО, инвестира во реконструкција и модернизација на шест далноводи од над 130 километри.
„Изминатата година целосно се завршени обемните реконструкции на трафостаниците ‘Валандово’, ‘Осломеј’, ‘Дуброво’ и ‘Прилеп’, а во тек е реконструкција на транфостаниците ‘Битола’, ‘Струмица’, ‘Вруток’ и ‘Скопје 4’. Ова е доказ дека остануваме целосно посветени на изградба на стабилен електропреносен систем во државата. Инвестициите во електропреносниот систем се од клучно значење за севкупниот економски развој на државата“, изјави Бочварски.
Генералниот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, истакна дека со оваа инвестиција се спроведува стратешката цел на Владата, а тоа е транзиција на производството на електрична енергија од јаглен кон обновливи извори на енергија. Дополнително, додаде тој, на овој далновод во иднина ќе биде приклучена ветерната централа „Богословец“ со инсталирана моќност од 36 МW.
Претставникот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија, Анди Аранитас, ја поздрави посветеноста на Владата за имплементација на зелената агенда во стратегијата за енергетика со фазно деактивирање на термоцентралите „Осломеј“ и „Битола“, како и целокупната декарбонизација на земјата во согласност со барањата на Европската зелена агенда и Парискиот договор.
Економија
ОН: Цените на храната на највисоко ниво во последните шест и пол години

Цените на храната во февруари се зголемија деветти месец по ред достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2014 година, оттикнато од поскапувањето на шеќерот и растителните масла, објави денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).
Цените на шеќерот скокнале поради загриженоста за снабдувањето предизвикано од падот на производството во сезоната 2020/2021 во водечките земји произведувачи и поради силната побарувачка во Азија.
Индексот на цени на растителното масло достигна највисоко ниво од април 2012 година како одраз на растот на цените на палминото масло поради ниските резерви во земјите што важат за големи извозници.
Во јануари поскапеле и млекото и млечните производи и житните зрна за 1,7, односно 1,2 процент на месечно ниво.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер