Економија
„Комуна“ со нето загуба од 40,7 милиони денари

„Комуна“ АД Скопје според неревидираниот финансиски извештај во 2010 година остварила нето загубата од работењето во вредност од 47,7 милиони денари.
„Комуна“ АД Скопје според неревидираниот финансиски извештај во 2010 година остварила нето загубата од работењето во вредност од 47,7 милиони денари.„Комуна“ во 2009 година оствари нето добивка по оданочување во вредност од 30,7 милиони денари.Иако приходите од продажба минатата година ги надминале оние од 2009 година, сепак зголемувањето на трошоците за вработени, амортизацијата и останатите оперативни расходи ја донеле загубата на крајот на 2010 година, известуваат од компанијата.„Комуна“ е компанија која се занимава со производство на хартија и амбалажа со седиште во Скопје и собирање и рециклирање на стара хартија. Производната програма опфаќа широка палета на производи како плочи, кутии, гајби, картон вреќи, кеси и рекламна хартија во ролни и табаци. Најголем акционер во „Комуна“ е словенската компанија „Валкартон“. /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Нови повисоки цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од минатата недела.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар по литар и ќе изнесуваат: за ЕУРОСУПЕР БС-95 65,50 денaри, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 56 денaри, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари за литар.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден и пол денар, и од полноќ ќе изнесува 67,50 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 денари.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,364%, дизелот за 2,798%, екстра лесното масло за 3,039% и кај мазутот за 3,013 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,43%, информираат од Регулаторната комисија.
Економија
Средба на Бектеши со новиот амбасадор на Катар

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари средба со Јасим бин Хамид Ал-Тани, новиот амбасадор на Државата Катар во нашата земја.
На средбата министерот и амбасадорот разговарале за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, информираат од министерството за економија.
Бектеши го информирал амбасадорот за потенцијалите кои што ги има Северна Македонија, пред се во делот на привлекување на странски инвеститори, а од амбасадорот бил пренесен интересот за разгледување на можностите за инвестиции во земјава.
„Податоците за трговската размена помеѓу Северна Македонија и Државата Катар покажуваат дека има голем простор за зголемување на билатералната трговија. Според статистичките податоци билатералната размена помеѓу двете земји покажува значителен раст во вкупната трговија за 371,1%, во 2018 и за 55,8% во 2019 година и благо намалување од 8,9%, во 2020 година, како резултат на пандемијата, што дава голем простор истата да се подобри во иднина“, стои во податоците од министерството за економија.
Од таму истакнуваат, дека на средбата било констатирано наредниот период засилено да се работи на подобрување на соработката меѓу двете земји и создавање на бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Државата Катар.
Економија
Од денеска граѓаните повторно може да ги плаќаат своите сметки во „Пошта“

Во одделни подружници на „Македонска пошта“ од денеска (1 март) граѓаните повторно може да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.
Функцинирањето на платниот промет во „Пошта“, кој беше во неколкумесечен прекин, во првата недела од март ќе биде достапен во повеќе подружници на „Пошта“, и тоа: во „Скопје 1“ и „Скопје 2“, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и во Куманово.
Во текот на март услугата ќе биде достапна и во сите други единици на „Пошта“. Со ова граѓаните веќе нема да мораат, како во изминатите месеци, да одат во некоја банка за да ги извршат овој вид плаќања, туку тоа ќе може да го направат во најблиската пошта.
Платниот промет на „Македонска пошта“ отсега ќе се одвива преку Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за партнер на „Пошта“, а која во согласност со потпишаниот договор имаше обрска до 1 март да го имплементира системот за наплата.
„Македонска пошта“ пред некој месец имаше исклучително важно место во платниот промет, односно во над 300 филијали колку ги има „Пошта“ се одвиваше над 25 % од вкупниот платен промет во земјата. Од „Македонска пошта“ очекуваат дека многу бргу ќе се вратат на оваа позиција, што ќе придонесе и за финансиско зајакнување на претпријатието.
„’Пошта’, во соработка со Халкбанк, обезбедува можност за плаќање сметки, како и вршење други финансиски трансакции со најниска провизија, и тоа во повеќе од 300 точки во државата. Голем број граѓани и компании изминатиов период апелираа да ја обновиме оваа услуга бидејќи постојат многу места во целата земја каде што нашите шалтери се единствената физичка опција за вршење трансакции од платниот промет. И токму ова претставува голема одговорност и обврска, која повторно ја преземаме“, изјави Јани Макрадули, генерален директор на „Македонска пошта“.
Плаќањето во готово преку шалтерите на „Пошта“ ќе биде со провизии од 35 денари за плаќање сметки и други режиски трошоци, а висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот што се уплаќа.
Според најавите, многу бргу коминтентите на Халкбанк на шалтерите на „Пошта“ ќе можае да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски дополнителни услуги.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран