Економија
„Сабвеј“ поброен од Мекдоналдс

Фирмата Сабвеј (Subway) во моментот во светот има повеќе ресторани за брза храна отколку Мекдоналдс (McDonald’s).
Фирмата Сабвеј (Subway) во моментот во светот има повеќе ресторани за брза храна отколку Мекдоналдс (McDonald’s).Синџирот за продажба на сендвичи го престигна во 2002. година најголемиот синџир за хамбургери по бројот на продавници во САД, а од почетокот на оваа година е водечки и во светот. Сабвеј има 33.749 ресторани ширум светот, соопшти денеска оваа компанија. Мекдоналдс на крајот на минатата година поседуваше 32.737 ресторани.Сабвеј е во целост организиран на франшизи на што, според нив, се должи дел од нејзиниот успех, бидејќи помал формат на продавници чини помалку.Мекдоналдс пак, остана шампион во заработувачката, и за минатата година објави приходи од 24 милијарди долари.Сабвеј заработил околу 15 милијарди долари, според наводите на Вол Стрит Џурнал (Wall Street Journal). /крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Годишната инфлација во еврозоната во февруари стабилна

Годишната инфлација во еврозоната остана на 0,9 проценти во февруари, бидејќи порастот на цените на свежата храна, услугите и индустриските добра го надминаа падот на цените на енергијата, покажаа проценките на Европскиот завод за статистика.
На месечна основа, според проценките на Евростат потрошувачките цени се зголемиле за 0,2 проценти.
Цените на свежата храна по овие анализи пораснале најмногу на годишно ниво, за 1,4 проценти.
Следни се услугите, со пораст на цените за 1,2 проценти.
Тежината на инфлацијата и натаму се енергенсите, со пад на цените од 1,7 проценти во споредба со истиот месец лани.
Меѓу членките на еврозоната со најголема годишна инфлација е Холандија, со 1,9 проценти. Следува Германија со 1,6 проценти повисоки цени во споредба со февруари минатата година.
Пад на цените на потрошувачка се забележани во седум земји членки на Унијата.
Предводи Грција со 1,9 проценти пониски цени од февруари минатата година. Следува Словенија, со 1,1 процент пониски цени.
Економија
(Видео) Бесими: Во ковид-кризата реагиравме со брзи и интерветнтни мерки

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за финансии, Фатмир Бесими, присуствуваа на работна средба во Стопанската комора, на која се разговараше за неколку иницијативи од страна на Комората, усогласување на царинскиот тарифник со ЕУ, анализа на парафискалните давачки и прашањето за холдинг.
Вицепремиерот Битиќи истакна Владата има отворен пристап кон соработката со стопанските комори и дека тие се еден од клучните фактори не само како претставник и застапувач на потребите на бизнис-заедницата туку и како иницијатори и партнери во креирањето политики.
Министерот за финансии, Бесими, посочи дека главен предизвик на Владата и на Министерството во ковид-кризата е да се реагира со брзи и интервентни мерки за да им се даде поддршка на компаниите во справување со кризата предизвикана од глобалната пандемија, креирање мерки за ревитализација на економијата, а во исто време и создавање долгорочни системски мерки за поинтензивен и одржлив економски раст.
Од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше истакнато дека соработката и комуникацијата со Владата е на многу високо ниво преку одржаниот голем број работни средби, притоа во рамките на платформата за јавно приватен дијалог се отворени многу стратешки теми, кои чекаа да бидат отворени повеќе од една деценија.
Економија
Бочварски: Новиот пат до Кочани ќе овозможи подобар живот за жителите од Источниот Регион

Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, како и експресниот пат од Штип до Радовиш, е пример како треба да се реализираат капиталните инвестиции во државата.
Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, како и градоначалниците на општините Штип, Кочани, Карбинци и Чешиново-Облешево, изврши увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани, делница Крупиште – Кочани.
„Овој дел од експреснот пат е со должина од 13,7 километри, а инвестицијата е со вредност од 18,2 милиони евра. Или вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри за што инвестираме 37,3 милиони евра. Задоволни сме од фактот што граѓаните веќе ја возат првата делница од Три Чешми до Крупиште по нов, модерен и безбеден пат“, истакна Бочварски.
Директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека патот се очекува да биде завршен до крајот на оваа година.
„Вкупната ширина на експресниот пат е 11,4 метри, со две сообраќајни ленти од 3,5 метри, две ленти за принудно застанување од 2 метра и две рабни ленти од 0,20 метри, што значи дека овој патен правец ќе има четири ленти, по две коловозни и две ленти за застанување. Овој нов патен правец почнува кај месноста Три Чешми во Штип и се надоврзува на веќе завршениот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип. Идната максимална брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час“, изјави Рустеми.
Со изградбата на овој експресен пат се создава брза патна врска меѓу источниот и централниот дел на државата. Првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште е изгардена и веќе пуштена во сообраќај.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер