Контакт

Економија

25 години КИБС: Четврт век доверба и иновации во финансискиот систем

Објавено пред

Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС) го одбележа својот 25-годишен јубилеј на свечен настан со претставници на банките, државните институции и партнерите. Во изминатиот четврт век, КИБС прерасна од заедничка визија на банките за ефикасен платен промет во носител на дигиталната трансформација и сигурен столб на финансиска инфраструктура-инфраструктура што е доверлива, безбедна, современа и подготвена за она што доаѓа.

Секое плаќање, примање средства, електронско потпишување или идентификување зависи од системи што работат тивко, во позадина. Токму таа невидлива инфраструктура веќе 25 години ја гради КИБС. Ги поврзува банките и институциите, ги пренесува информациите и ги потврдува идентитетите – сигурно, точно и навреме.

„Во далечната 2001 година, Македонија направи голем чекор кон создавање современ и европски финансиски систем. Како дел од таа трансформација беше создаден КИБС – со јасна задача да изгради инфраструктура што ќе овозможи побрз, посигурен и поефикасен проток на плаќањата“, изјави Горан Анастасовски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на КИБС.

Од платниот промет, КИБС наскоро се прошири и во областа на дигиталната доверба. Уште во 2003 година го воведе електронскиот потпис, а потоа следуваа електронски печат, временски жиг и платформа за електронско потпишување. Во 2020 година стана квалификуван давател на доверливи услуги, усогласен со македонската и европската регулатива eIDAS.
Во 2021 година, заедно со Nextsense ја создаде OneID – првата национална шема за електронска идентификација.

Следниот голем чекор се инстант плаќањата. Во 2025 година, КИБС стана лиценциран оператор на инстант плаќања и ја заокружи инфраструктурата КИБС Инстант, која ќе овозможи плаќањата да се извршуваат моментално, 24 часа дневно, 7 дена во неделата. Многу наскоро, преку банките, платежните институции и решението СТРЕЛА овие придобивки ќе станат дел од секојдневието на граѓаните, компаниите и институциите.

Сепак, за овој развој не се најважни системите, туку луѓето. „Зад сите овие бројки, лиценци, системи и технологии стојат луѓето – во КИБС, во нашите банки и партнери и во институциите со кои споделуваме заедничка цел: да создадеме современа, сигурна и конкурентна дигиталнекономија“, истакна Горан Анастасовски.

Во знак на благодарност за долгогодишната соработка, КИБС им додели признанија на своите долгогодишни партнери од банкарскиот сектор, државните институции и од ИТ-секторот.

„Затоа, не славиме само 25 години постоење. Славиме 25 години доверба, партнерство, иновации и заеднички успех“, додаде тој. Технологиите ќе продолжат да се менуваат, плаќањата ќе бидат сè побрзи, а идентитетот сè подигитален.
Но, она што веќе 25 години го гради КИБС останува исто: довербата, како главна водилка за следниот четврт век.

ПР

Најново

Македонија2 минути

„ДПМНЕ им создаде хаос на занаетчиите и сѐ уште ги држи во неизвесност – луѓе остануваат без здравствено, со блокирани сметки и неизвесна егзистенција“, велат од Левица

„Поминаа недели откако Левица реагираше за хаосот што УЈП го создаде со новиот начин на пресметка на придонесите за занаетчиите,...

Забава3 минути

Поранешните партнери се враќаат во октомври: Три хороскопски знаци мора да одлучат што сакаат

Според астролозите, октомври би можел да донесе враќање на луѓе од минатото за одредени хороскопски знаци, принудувајќи ги да се...

Македонија9 минути

„Филипче проговори за скандалот тежок 37 милиони евра дури откако се скара со Петровска, Обвинителството да го повика на информативен разговор“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден...

Спорт14 минути

Седлоски: Бев борец како играч, таков сум и сега, не се предавам

Фудбалската репрезентација на Македонија цели 787 минути е без постигнат гол. Во мандаторт на Гоце Седлоски навионалниот тим нема постигнато...

Култура19 минути

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска...

Македонија22 минути

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите

Министрите за внатрешни работи на Европската унија постигнаа договор за построги правила за враќање на мигрантите. Целта на новите мерки...

Забава24 минути

(Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

Со два милиони пребарувања за #pumpkinspicehair на TikTok, оваа прекрасно топла и пријатна нијанса ги спојува најдобрите бои на есента....

Свет30 минути

(Видео) Кај американски шпион пронајдени 298 златни прачки; призна измама тешка 200 милиони долари

Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200...

Спорт32 минути

Великани се збогуваа со Меси – силни зборови од Роналдињо, Нејмар, Ди Марија, Модриќ…

Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација, а денот на неговото збогување беше обележан со емотивни сцени низ...