Економија
„Билитон“ вложува 10 милијарди долари во австралиските рудници

Најголемата светска рударска компанија „Билитон“ ќе вложи речиси 10 милијарди долари во проширување и експлоатација на железна руда и јаглен во Австралија.
Најголемата светска рударска компанија „Билитон“ ќе вложи речиси 10 милијарди долари во проширување и експлоатација на железна руда и јаглен во Австралија.
Англо-австралискиот гигант, со седиште во мелбурн, денеска соопшти дека ќе потроши 6,6 милијарди долари за зголемување на своите бизниси со железна руда во Западна Австралија и дека ќе вложи уште 2,5 милијарди долари во проширување на три металуршки погони на јаглен во Квинсленд.
„Билитон“ има доволно пари за трошење, со оглед на фактот дека во втората половина од минатата година заработи чисти 10,5 милијарди долари, пренесува Асошиејтед прес. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Боинг“ се согласи да плати казни од 6,6 милиони долари

„Боинг“ се согласи да плати казни од 6,6 милиони долари, објави Федералната управа за авијација на САД (ФАА).
Ова се случи откако регулаторот на авијацијата утврди дека компанијата не го почитува безбедносниот договор од 2015 година.
Казните вклучуваат 5,4 милиони долари за непочитување на договорот во кој „Боинг“ се обврза да ги промени своите внатрешни процеси и 1,21 милиони долари за уште два случаи.
„Боинг“ не ги исполни сите свои обврски од договорот за спогодба, врз основа на кој ФАА вклучи дополнителни казни ”, соопштија од ФАА.
Компанијата во 2015 година плати 12 милиони долари, како дел од спогодбата.
Економија
Експерти: Кина ќе стане најголема светска економија

Кина има добри шанси да ја удвои својата економија до 2035 година и да ги надмине Соединетите Американски Држави (САД), рече економистката од Бенк оф Америка, Хелен Кјао.
Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно изјави дека Кина може да го удвои својот бруто домашен производ (БДП) и приходот по глава на жител до 2035 година.
Растот на БДП во Кина бара просечна годишна стапка на раст од 4,7 проценти во следните 15 години, што според некои набљудувачи е тешко да се постигне.
Кјао рече дека некои реформски мерки ќе ѝ помогнат на Кина да го постигне тоа.
„Сметаме дека Кина може да го оствари тоа“, рече Кјао.
Таа верува дека Кина би можела да ги надмине Соединетите држави веќе во 2027 или 2028 година.
Кина беше една од ретките економии на глобално ниво што забележа раст минатата година, и покрај предизвиците на пандемијата на коронавирусите.
Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година се зголемила за 2,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Кина годинава предвидува раст од 8,1 процент.
Во меѓувреме, американската економија ослабе 3,5 проценти минатата година. ММФ очекува економијата на САД годинава да порасне 5,1 процент.
Економија
Во пошта повторно може да се плаќаат сметки – стартува платниот промет

Во пошта повторно може да се плаќаат сметки. Повторното функционирање на платниот промет во единиците на поштенската мрежа на АД „Пошта на Северна Македонија“ утре ќе биде официјално означено.
Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во повеќе единици на Пошта и тоа: Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на месец март услугата ќе биде достапна и во сите останати единици на Пошта, односно на повеќе од 300 точки низ целата држава.
Голем број на граѓани и компании изминатиов период апелирале до Пошта побрзо да ја воспостави оваа услуга бидејќи постојат многу места низ земјата каде шалтерите на Пошта се единствената физичка опција за вршење на трансакции од платниот промет.
Според најавите од Халкбанк освен стандардните банкарски услуги, банката-партнер ќе понуди и други услуги кои освен за нивните коминтенти, ќе бидат достапни и за сите кои ги користат услугите на „Пошта“.
Инаку, над 870 вработени во „Пошта“ целосно или делумно извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на услуги од платниот промет. Според договорот, 71 отсто од остварениот приход ќе биде наменет за државната пошта, а 29 отсто за Халкбанк.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран