Економија
Студентите решаваат инжинерски проблеми
БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти по технологија) оваа година по втор пат го организира локалниот инженерски натпревар -LEC.
БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти по технологија) оваа година по втор пат го организира локалниот инженерски натпревар -LEC. Натпреварот се одржува денес и утре на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Машинскиот Факултет (МФ). Овој натпревар е идеална можност за студентите да работат на инженерски проблем, при што можат да ја изразат својата креативност, да ги покажат своите знаења и да ги подобрат своите способности за работа во тим. Инженерскиот натпревар е настан каде тимови од студенти ги користат своите технички, социјални и комуникациски вештини за да се натпреваруваат во две категории: тим дизајн (Team Design), каде тимовите треба да решат даден технички проблем во рамките на даденото време, со материјали кои ќе им бидат дадени од организаторите и како резултат ќе изградат направа која што треба да ја врши потребната функција, и студии на случај (Case Study), каде тимовите треба да решат технички проблем, кој може да биде или реален, или фиктивен, при што на крајот, тимовите не ги имплементираат своите идеи практично, туку прават презентација за решението кое го разработиле. „Цел на натпреварот е да се постигне популаризација меѓу студентите за практично искуство, а и тие да се презентираат пред заинтересираните фирми„, вели Мартин Маневски, еден од организаторите на натпреварот.Оваа година на натпреварот се пријавиле 200 студенти од сите технички факултети, вели Дејан Мирчевски, организатор на натпреварот.„Идејата ни е да го подигнеме натпреварувачкиот дух, а и студентите добро да се дружат„, вели Мирчевски.Овогодишни покровители на локалниот инженерски натпревар се софтверската компанија SEAVUS, која на победниците во категоријата Case Study ќе им подари iPod Shuffle, и IT компанијата VISTA Group, која пак за победниците во категоријатаa Team Design има Nikon CoolPix. БECT Скопје е непрофитна и неполитичка студентска организација, организирана и водена исклучиво од студенти. Своите цели ги остварува преку бројни проекти во соработка со универзитетите и компаниите во цела Европа, се со цел да понуди дополнителна едукација, развој на студентите и подобар квалитет на работодавците. Функционира на интернационално ниво, поточно на 89 универзитети во 31 земја, каде оваа година 3.000 учесници ќе се придружат на локалните инжeнерски натпревари на нивните локални универзитети. /крај/пд/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.