Контакт

Економија

Продолжува нискиот тренд на берзата

Објавено пред

Промет во износ од 4.235.044,67 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 3.057.536,67 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 1.177.508,00 денари.

Промет во износ од 4.235.044,67 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 3.057.536,67 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 1.177.508,00 денари. Индексот МБИ10 се намали за 1,33% и изнесуваше 2.610,18 поени. МБИД се намали за 0,41% и изнесуваше 2.654,22 поени, додека ОМБ се зголеми за 0,02% и изнесуваше од 117,41 поени.На Официјалниот пазар  најголем промет беше остварен со акциите на Гранит АД Скопје во износ од 786.142,00 денари по просечна цена од 610,36 денари .Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Макпетрол АД Скопје со која беше остварен 450.527,00 денари промет по просечна цена од 26.501,59 денари.Трета беше акцијата на Макстил АД Скопје со остварени 347.993,00  денари кои се тргуваа по просечна цена од 200,80 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 86,70% и беа остварени 727.597,02  денари. На Редовниот пазар со класично тргување најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Прилепска пивара АД Прилеп со која беше остварен промет во износ од 583.000,00  денари, по просечна цена од 11.000,00 денари по акција. Пет најтргувани хартии од вредност1.  Гранит АД Скопје2.  Обврзница за денационализација на Р.М десетта емисија3.  Прилепска пивара АД Прилеп4.  Македонски телеком АД Скопје5.  Макпетрол АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Обврзница за денационализација на Р.М осма емисија 0,11%2. Обврзница за денационализација на Р.М десетта емисија 0,05%Хартии од вредност со најголем пад1. Солун 2001 АД Гевгелија 50,00%2. ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово 2,78%3. Макпетрол АД Скопје 1,85%4. Алкалоид АД Скопје 1,79%5. Макстил АД Скопје 1,69%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Димковски: Постигната согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Трајан Димковски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски денеска беа во посета на Општина Ресен и преспанскиот регион.

Во Преспа се наоѓаат најголемите овошни насади со познатото препанско јаболко. Во овој регион има многу земјоделци кои одгледуваат јаболко и други овошни видови и се директно засегнати од мерките кои оваа Влада и МЗШВ ги превземаат за заштита, унапредување и развој на овоштарството во нашата држава.

МЗШВ вчера доби нова согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје, што е од особено значење за производителите на јаболка. Средставата за оваа набавка се обезбедени преку ИПАРД Програмата, Мерка 1- инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.

„Кофинансирањето ќе биде од 50% до 75%, а со набавка на овие пластични гајби кои се со капацитет до 20 килограми, на земјоделците им се олеснува бербата, транспортот и складирањето на јаболката. Пластичните гајби се многу полесни од дрвените, но истовремено се и полесни за одржување, особено во одржувањето на хигиената. Секако останува и понатаму да тече редовната набавка на бокс палети со капацитет од 300 килограми“ изјави министерот Димковски при денешната посета на Општина Ресен.

Една од целите за модернизација на земјоделското производство беше и инвестицијата за набавка на современ систем за заштита од град, бидејќи стариот начин на заштита беше застаран и недоволно ефикасен.

Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и директорот на УХМР Ивица Тодоровски искажаа благодарност до Владата и МЗШВ за мерките кои беа превземени во изминатиов период, во насока на заштита на земјоделското производство.

Прикажи повеќе...

Економија

Царовска во посета на компании во Кисела Вода: Со првите два сета мерки зачувавме над 60.000 работни места

Објавено пред

Вицепремирката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, реализираа посета на компаниите „Мако маркет“ и „Флора компани“, кои работат во оваа општина, каде што разговараа со менаџментот на компаниите за владините мерки за поддршка во услови на корона-кризата, како и за генералните владини политики за економски раст и развој на Република Северна Македонија.

Вицепремиерката во изјава за медиумите се осврна на една од најискористените мерки во периодот на социо-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, субвенционирање на минималната плата во износ од 14.500 денари за секој вработен, за компаниите кои работат со загуби поголеми од 30%, во однос на месечниот просек за 2019 година и рече дека со оваа мерка се заштитени и задржани огромен број работни места во државата.

„Секако дека во општина Кисела Вода имаме компании коишто ја користеа мерката за поддршка за минималната плата и ги поттикнуваме да продолжат да ги задржуваат работниците и да останат отворени работните места. Преку оваа програма, Владата поддржа повеќе од 120.000 вработени, во повеќе од 22.000 компании во нашата држава и на тој начин зачувавме повеќе од 60.000 работни места отворени“, посочи вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Таа по посетата на компанијата „Мако маркет“, домашна фирма која се занимава со производство и дистрибуција на прехранбени и други производи, изрази задоволство што компаниите од прехранбената индустрија и во услови на криза покажуваат солидни резултати во работењето. Таа дополни дека и за компаниите коишто работат со успех во време на корона-кризата се креирани мерки, од третиот сет, кои ги поттикнуваат компаниите да реализираат нови инвестиции, а со тоа да се врати економската активност во државата со побрза динамика.

„Она коешто можев да го утврдам при посетата на компанијата ‘Мако маркет’ е дека тие се во одлична кондиција, независно од социо-економската криза којашто ја погодува нашата држава, дека тие инвестираат во континуитет и дека постојано се грижат за своите вработени. Тие не користат ниту една од владините мерки во моментот, затоа што имаат производство на храна и дистрибуција на храна и тоа е нешто коешто во периодот се троши. Но во секој случај тие понатаму инвестираат во свои производствени капацитети на свои продукти и токму затоа ние како влада имаме и посебна мерка за овој тип инвеститори кои и покрај кризата вложуваат свои финансиски средства. Токму затоа ги повикувам сите компании коишто сметаат дека во наредниот период имаат капацитет за вложувања во своите компании, во производствените капацитети кои ги раководат, да се обратат со Министерството за економија да аплицираат за програмата којашто е директно за финансиска поддршка за инвестиции“, нагласи вицепремиерката Царовска.

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, рече дека општината е мост помеѓу Владата и компаниите кои функционираат во рамките на општината. Тој дополни дека во изминатите неколку месеци активно се информираа компаниите од Кисела Вода за сите мерки коишто ги донесе Владата за што полесно економски да се премости оваа криза. Воедно упати јавна благодарност до сите општествено одговорни компании, кои во периодот на кризата ѝ помагаа на општината во насока на побрзо и полесно надминување на актуелната состојба, особено на најранливите групи граѓани.

„Благодарност до компаниите коишто излегоа во пресрет во изминатиот период со различни донации за нашата општина, пред сè во средства за дезинфекција и прехранбени производи за нашите најпогодени граѓани. Праќам еден апел до сите компании заедно да си помагаме во наредниот период, бидејќи само со заеднички труд ќе излеземе посилни од оваа ситуација, а нормално ќе ја разубавиме и нашата општина и ќе покажеме дека се грижиме за сите поеднакво. Апел до Владата и во иднина да биде тука за нашата општина. Пред сè благодарност за сите инфраструктурни проекти коишто ги имавме во изминатите 2 и пол години. Се надевам дека и во иднина ќе продолжи со инвестиција во инфраструктурата пред сè да создадеме многу подобри бизнис-услови во нашата општина“, кажа градоначалникот Темелковски.

Прикажи повеќе...

Економија

„Визер“ ги намали цените на сите билети за 20 отсто

Објавено пред

„Визер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и најзелена авиокомпанија во Европа, објави 20 проценти попуст за сите билети на сите дестинации. Промоцијата важи за сите патници (до 23:59) за сите рути и за кој било датум. Билетите можат да се резервираат на wizzair.com или на мобилната апликација на WIZZ.

„Визер“ им препорачува на своите патници при нивната резервација да ја додадат услугата WIZZ Flex за дополнителна заштита. Со оваа услуга, патниците можат да го откажат летот до 3 часа пред полетување без дополнителни плаќања, а 100% од целата сума ќе им биде вратена во кредити, а можат и да ги менуваат датумот и дестинацијата во неограничен број.

Авиокомпанијата неодамна објави низа засилени мерки за хигиена, за да се обезбеди здравје и безбедност на своите патници и членови на екипажот. Како дел од овие нови протоколи, за време на летот и патниците и екипажот треба да носат маски на лицето, а екипажот треба да носи и ракавици. Авионите на „Визер“ редовно се поминуваат со специјален антивирусен раствор, а следејќи го дневниот распоред на Wizz за чистење, сите авиони на авиокомпанијата дополнително се дезинфицираат и преку ноќ со истиот антивирусен раствор. Секој патник при влегување во авионот ќе добие санитарни марамчиња, магазините од авионот се отстранети, а сите продажби за време на летот е препорачано да се вршат со бесконтактно плаќање. Патниците треба да ги следат мерките за физичко дистанцирање претставени од локалните здравствени власти и се охрабруваат да ги купуваат сите услуги пред летот преку интернет (на пр. Чекиран багаж, Wizz priority, брза безбедносна патека), за да го минимизираат можниот физички контакт на аеродромот.

Попустот од 20 отсто важи за цените на превоз, без административната такса. Попустот од 20 проценти важи за сите летови и сите дестинации.

Промоцијата важи на 3 јули 2020 година, во периодот 0:00 – 23.:59 CEST. Периодот за патување е неограничен. Цената важи само за резервации извршени на wizzair.com или преку апликацијата за мобилни уреди на WIZZ. Промоцијата не важи за групни резервации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Заев: САД се нашиот најголем партнер во градењето на стабилна, демократска држава

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, испрати честитка по повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. Во честитката...

Свет1 час

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, објави АП. Полицијата сè уште...

Свет1 час

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет2 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет2 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет3 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион13 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет14 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет15 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ19 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија19 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа21 час

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија21 час

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ22 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет22 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија23 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет24 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија24 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија1 ден

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион1 ден

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Досие