Економија
Светските цени на нафтата значително опаднаа
Цените на нафтата на светските пазари во четврток (23-ти јуни), значително се намалија како резултат на одлуката на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) да ослободи дополнителни 60 милиони барели на пазарот на нафта за да се компензира недостигот, јавува Reuters.
Цените на нафтата на светските пазари во четврток (23-ти јуни), значително се намалија како резултат на одлуката на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) да ослободи дополнителни 60 милиони барели на пазарот на нафта за да се компензира недостигот, јавува Reuters.Ценатa на августoвските фјучерси за нафта од Северното Море Brent Crude Oil на Лондонската берза ICE (InterContinental Exchange Futures) забележаa пад зa 6,95 долари до цената од 107,26 долари за барел, што е најниска во последните четири месеци.На Њујоршката берза NYMEH (New York Merchantile Exchange) цената на августовските фјучерси за американската лесна сурова нафта Light Sweet Crude Oil падна за 4,39 долари – до 91,02 долари за барел. Од најавените 60 милиони барели, половината ќе ги обезбеди САД, чии резерви на нафта во моментов изнесуваат 727 милиони барели. Според плановите на ИЕА, на пазарот ќе се испорачуваат дополнителни два милиона барели дневно во рок од 30 дена.Агенцијата ја објаснува својата одлука со потребата да се компензира недостигот што се јави на пазарите кој може да расте значително во текот на летото. Операцијата на НАТО во Либија и продолжувањето на борбите во оваа земја доведе до тоа нафтените пазари кон крајот на минатиот месец да добијат помалку 132 милиони барели сурова нафта.Од друга страна Bloomberg коментира дека САД и неговите 27 сојузници во Меѓународната енергетска агенција ја донесоа одлуката само 15 денови откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во Виена одлучија да не се зголемуваат продукциските квоти.Набуко Танака, извршниот директор на Меѓународната енергетска агенција во Париз изјави за новинАрите дека високите цени на нафтата им штетат на светските стопанства. Меѓународната енергетска агенција е основана во 1974 година и ова е само третпат да ослободува резерви од нафтата. Првпат тоа се случи во 1991 година за време на Заливската војна, а вториот пат во 2005 година кога ураганот Катрина ги оштети платформите и рафинериите во Мексиканскиот залив./крај/ро/бл/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, преку фејсбук-објава извести за рекорден трговски дефицит во 2023 година за земјоделско-прехранбени производи во висина од 436 милиони евра.
„Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра. Еве како СДС го уништува македонското земјоделство, Македонија со СДС стана земја увозно зависна од храна. Негрижата за македонските земјоделци и тотално погрешните земјоделски политики на СДС ги принудија земјоделците да го напуштат полето, а со тоа македонските граѓани да јадат увозни земјоделски производи, Македонија од земја извозник стана земја увозник на храна под власта на СДС. Земјоделците ќе имаат вистински партнер во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме македонското земјоделство во онаа препознатлива состојба, а Македонија повторно ќе биде земја извозник на храна“, рече Трипуновски.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
На крајот на четвртиот квартал од 2023 година:
На 31.12.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.458 милиони евра (или 32,6% од проценетиот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2023 година, е зголемен за 305 милиони евра, или за 7,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.
Во текот на четвртиот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.500 милиони евра, односно 62,2% од проценетиот БДП за 2023 година.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следниот линк.
Економија
Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5 отсто, одржана седница на Советот на Народната банка
Советот на Народната банка, на својата редовна седница, одржана на 28 март 2024 година, врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во Република Северна Македонија во висина од 1,5%, којашто ќе се применува и во вториот квартал од 2025 година. Одлуката се заснова врз оцените за постепено стабилизирање на нагорните циклични системски ризици и постојана стабилност на банкарскиот систем. Исто така, ги зема предвид условите од окружувањето коешто и натаму е неизвесно и придружено со ризици, што е причина за претпазливо спроведување на макропрудентните мерки заради натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Со одржувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот се придонесува за спречување и за намалување на можните ризици.
Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Притоа, имајќи ја предвид природата на противцикличниот заштитен слој на капиталот и насоките на релевантните европски институции, Народната банка може да ја оцени потребата за зголемување на стапката, при раст на ризиците и неизвесностите од окружувањето, во услови на поволни остварувања на банките. Во случај, пак, на значително остварување на ризиците во билансите на банките, може да се оцени и потребата од делумно или целосно ослободување на овој заштитен слој на капиталот, како поддршка во работењето на банките при евентуални неповолни сценарија.
Советот на Народната банка на седницата разгледа и други материјали поврзани со работата на централната банка.