Контакт

Економија

Истекува рокот за компаниите да решат како ќе постапуваат со отпадот

Објавено пред

На крајот на месецот истекува законскиот рок кој компаниите загадувачи со амбалажен отпад го добија како одлагање за да најдат начин да се усогласат со новиот Закон за пакување и отпад од пакување

На крајот на месецот истекува законскиот рок кој компаниите загадувачи со амбалажен отпад го добија како одлагање за да најдат начин да се усогласат со новиот Закон за пакување и отпад од пакување кој стапи на сила од први јануари годинава.Засега “ПАКОМАК“ е единствениот правен субјект кој со дозвола колективно постапува со отпад од пакување, и кој им нуди на своите членови поевтин систем за собирање, сортирање и преработка на нивниот амбалажен отпад, од цените за истата услуга кои се дефинирани во Законот по тон отпад.Од “ПАКОМАК“ информираат дека до минатата недела, кон нивниот систем секојдневно пристапуваат нови компании кои се засегнати со законот и до 30-ти јуни очекуваат најголем број од компаниите загадувачи со амбалажен отпад да бидат нивни членови.“Нашите членови имаат над 70 отсто од пазарниот удел во своите индустрии, а во одредени индустрии како што се пивската, индустријата за сокови, вино, млечната, месната и индустријата за кафе, нашите членки учествуват со преку 90 отсто од вкупниот пазарен удел во продажбата, а со тоа и количините на амбалажен отпад кој се генерираат“, велат од „ПАКОМАК“.Иако ова е дополнително финансиско оптоварување за компаниите кои се производители и увозници на производи за македонскиот пазар, компаниите го прифаќаат и ги согледуваат општествените и еколошките бенефити од неговата имплементација, а  преку „ПАКОМАК“  тоа можат да го направат на најефикасен и најевтин начин.Со оглед дека во управувачката структура на „ПАКОМАК“ се компаниите кои се и најголемите загадувачи со амбалажен отпад, а со тоа носат и најголем финансиски товар преку плаќање на надоместоците за тон отпад, „ПАКОМАК“ има поставено ефикасен механизам за контрола на своите цени, нудејќи секогаш најповолни услови за своите членови.Со одредбите од Законот, сите трговци на мало имаат законска обврска да работат само со компании- добавувачи кои се дел од некој систем за управување со амбалажен отпад односно добавувачи кои се грижат за својот амбалажен отпад. Од 1 јануари 2012 година, сите компании загадувачи со овој тип на отпад, на својата амбалажа мора да имаат знак на припадност кон некој систем во кој ќе плаќаат за собирање и преработка на амбалажен отпад./крај/пд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта по програма 2020 година

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ, ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и ќе можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел за земјоделска механизација“.

„Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“, изјави министерот Димковски.

Право на користење на оваа поддршка имаат сите кои биле корисници на субвенции по Програма 2019- та година. Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година.
Лани кофинансирањето на трошоците за набавка на зелена нафта за земјоделска механизација беше 30 %, оваа година поддршката е зголемена на 50%

„Со оваа мерка во овој момент опфатени се близу 51 илјада земјоделци. Во струмичко зелена нафта ќе користат 5 илјади земјоделци.
Земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат „еуро дизел гориво“ веќе од понеделник по 10 часот. Исто така и земјоделците кои прв пат годинава стекаа право за добивање на картичка за зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на МЗШВ и да ги подигнат зелените картички. Во овој период земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво затоа што сме во екот на берба, на жетва“- изјави директорот Бабовски.

Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на Република Северна Македонија. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. По првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката.

Преку мерката за зелена нафта, се овозможува рентабилно земјоделско производство и конкурентни домашните земјоделски производи.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска на тркалезна маса на Светската банка за поддршка на приватниот сектор во Ковид-19

Објавено пред

Министерката за финансии Нина Ангеловска учествуваше на настан на Светска банка од висок профил – Тркалезна маса на тема “Политики за поддршка на приватниот сектор“ за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Целта на овој онлајн настан е да собере високи претставници од областа на финансии и економијата за да зборуваат за своите искуства и мерките кои ги преземаат за справување со последиците од КОВИД- 19 кризата и ефектите врз стопанството.

На тркалезната маса, покрај Ангеловска учествуваа министри за финансии, за економија, за инвестиции, гувернери на централни банки, како и високи претставници на Светска банка – Сејла Пазарбасиоглу потпретседател за рамномерен развој, финансии и институции, Мари Пангетсу, оперативен директор за развој и партнерство и други високи претставници.

Светска банка останува наш посветен партнер, како во поволни економски услови, кога ни е поддршка во мерките кои се преземаат за развој на економијата и општеството, така и сега – кога преземаме мерки за надминување на последиците на КОВИД-19 кризата, најголемата економска криза по Големата депресија. Инаку преку Светска банка се обезбедени дел од средствата за мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со која околу 20.000 или една третина од сите компании во земјава кои вработуваат преку 130.000 лица, да ги задржат вработените и да исплатат пристојни плати во време на кризата, во услови кога нивните приходи се намалија за над 30 проценти.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска: Работиме на зголемување на бројот на општините за чии услуги граѓаните ќе плаќаат со картичка

Објавено пред

Ковид-19 нуди можност за побрза транзиција од кога било кон безготовинско општество, која треба да ја искористиме, смета министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Како што напиша таа на својот фејсбук-профил, за да се искористи можноста, сите треба да го дадат својот придонес – Владата, банките, граѓаните, компаниите, стопанските комори, но и општините – за подобри и поквалитетни услуги за граѓаните.

Ангеловска објаснува дека во Министерство за финансии направиле мапирање на состојбата во општините и можностите за плаќање со картичка на нивните услуги што им ги даваат на граѓаните.

„Од 66 општини, кои одговорија, 41 имаат ПОС-терминал за плаќање со картички. На месечно ниво, вкупно во сите општини се реализираат околу 6.000 плаќања на општински услуги преку ПОС-терминалите (173 од општина). Општини со најмногу трансакции и промет на ПОС-терминали се општина Штип и општина Прилеп (кои прават над 40 % од вкупниот реализиран промет од јануари 2019 до мај 2020)“, пишува Ангеловска.

Таа посочува дека врз основа на таа анализа биле дадени и усвоени препораки кон Министерство за локална самоуправа и Заедницата на единиците на локалната самоуправа и општините – да дадат придонес кон зголемување на бројот на општини што ќе воведат ПОС-терминал за безготовински плаќања.

„Предлагаме и годишен натпревар помѓеу општините – иницијатива за наградување на општината која ќе биде лидер во безготовински плаќања со грант-средства за капитален проект, кој им е најпотребен на граѓаните“, објасни министерката на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија12 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија14 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ15 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион15 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија15 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион16 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија20 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија21 час

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија21 час

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија21 час

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија22 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија22 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион1 ден

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет1 ден

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион2 дена

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија2 дена

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија2 дена

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија2 дена

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија2 дена

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Досие