Економија
Грција ќе добие 85 млрд евра нова помош
Грција може да добие околу 85 милијарди евра нови финансиски средства, вклучувајќи и учество на приватните инвеститори, во вториот пакет за спас насочен кон спречување на банкротот и запирање на должничката криза во евро-регионот, пишува „Блумберг“
Грција може да добие околу 85 милијарди евра нови финансиски средства, вклучувајќи и учество на приватните инвеститори, во вториот пакет за спас насочен кон спречување на банкротот и запирање на должничката криза во евро-регионот, пишува „Блумберг“ повикувајќи се на претставник на австриското министерство за финансии. Така пакетот вкупна финансиска помош ќе изнесува меѓу 190 и 195 милијарди евра, вклучувајќи ги 110-те милијарди евра од првичниот пакет за спас на Грција донесен годинава, изјави Томас Вејсер челникот на секторот за економски политики и финансиски пазари при австриското министерство за финансии, на брифинг во четвртокот доцна навечер со министерот за финансии Марија Фектер Меѓународниот монетарен фонд ќе учествува во новиот пакет со 30 отсто, заедно со земјите од евро-регионот и приватни инвеститори кои ќе ги дополнат останатите 70 проценти, изјавил Вејсер. Последниот обид на Европа да се спречи фискалната пропаст на Грција да се прошири на целиот регион, па и во светот, доаѓа откако премиерот Јоргос Папандреу обезбеди пакет во големина од 78 милијарди евра дополнителни буџетски расходи потребни да се постигнат целите на првата финансиска помош. На Грција сега и’ се потребни повеќе средства, како и записи од продажбата на обврзниците кои останаа блокирани на пазарите и можност да се исполни целта од планот во вредност од 30 милијарди евра Барањето на инвеститорите да се откупуваат 10-годишните грчки обврзници придонесе за зголемување на германските обврзници за 2 бода на 13.325 бодови.Додека германските и француските претставници сигнализираа дека целат е да се соберат 30 милијарди евра од приватни инвеститори, Фектер вели дека „никој не може да каже со сигурност колку приватниот сектор ќе придонесе“. Секое инвестирање мора да биде доброволно и не смее да придонесе да предизвика проблем, вели таа.Носителите на грчките обврзници бараат да учествуваат во планот за согласноста за измена рокот на доспевање на обврзниците во наредните три години на подолг рок на достасување на обврзниците. Фектер рече дека очекува во наредните денови да се слушнат предлозите на приватните инвеститори. Министрите за финансии од еврозоната во сабота треба да одржат состанок на која ќе се расправа за ослободувањето на петтата рата од помошта/ На Грција и’ се неопходни 12-ти милијарди евра за плаќање на долговите од 6,6 милијарди евра кои ќе доспеат во август. Германските банки се согласија да ги репрограмираат доспевањата на грчките обврзници по 2014 година, кои изнесуваат околу две милијарди евра, изјави вчера во Берлин германскиот министер за финансии, Волфганг Шаубле. Тој додаде дека Германија ги повика банките да обезбедат 1,2 милијарди евра.Јозеф Акерман, главниот извршен директор на Deutsche Bank AG, на конференцијата во Берлин вчера заедно со канцеларката Ангела Меркел, предвиде дека финансиските компании ќе помогнат се спречи колапсот. Германските и француските кредитори се инаку најголемите странски носители на грчкиот долг./крај/бл/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.