Економија
Сивус стана член на ARM Connected Community
Групацијата „Сивус“ стана член на ARM® Connected Community®, најголемиот екосистем за производи и услуги во индустријата базирана на ARM технологијата.
<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –>Групацијата „Сивус“ стана член на ARM® Connected Community®, најголемиот екосистем за производи и услуги во индустријата базирана на ARM технологијата. Како дел од оваа глобална заедница, „Сивус“ ќе добие пристап до голем број на информации кои ќе му помогнат во развојот на иновативни решенија и ќе им овозможат на програмерите да ги понудат ARM Powered® производите побрзо на пазарот. “ARM Connected Community е еден од најдобрите примери за тоа како производителите се поддржани од најшироката мрежа на партнери во индустријата, кои се подготвени да помогнат во секој чекор од развојот на еден производ”, вели Коста Карпузовски, Стратешки програм менаџер во „Сивус„. “Големината и комплексноста на програмите за вградливите системи забрзано расте, а со тоа и трошоците за развој. Денес тоа се менува, новите концепти со кои се скратува времето за лансирање на еден производ на пазарот и се намалуваат трошоците за развој, стануваат сè попопуларни во софтверската индустрија. Јас тоа го нарекувам стратегија за намалување на трошоците за лансирање на нови производи. Применета во полето на ARM базирани уреди, каде што Андроид платформата е прв избор, преку експертизата на Сивус и употребата на напредните техники за развој на софтвер, се намалуваат трошоците преку стандардизацијата во ARM екосистемот. Ние, како партнери во ARM Connected Community, ќе им помогнеме на компаниите да се фокусираат на диференцирање на нивните производи, наместо на имплементацијата, за што ќе се погрижиме ние”, вели Карпузовски. ARM Connected Community е глобална мрежа на компании, поврзани за да понудат комплетно решение, од дизајн до производство на производи базирани на ARM технологијата. ARM нуди разновидни ресурси за членовите на Заедницата, вклучувајќи промотивни програми и можности за поврзување на членовите, што овозможува повеќе ARM партнери да понудат заедничко решение за крајните корисници. Посетителите на оваа заедница имаат можност да ги контактираат членовите директно преку интернет страницата. “ARM Connected Community е направена да им овозможи на компаниите да работат заедно за да понудат комплетни решенија за најкратко можно време. Со зачленување во Заедницата, која сега вклучува повеќе од 850 компании, Сивус го збогатува портфолиото на експертиза, производи и услуги поврзани со АРМ технологијата и моментално достапни на програмерите ширум светот”, вели Лори Кејт Смит, Програм Менаџер во АРМ заедницата. „Сивус“ е компанија за развој на софтвер и консалтинг, основана во 1999 во Малме (Шведска). Денес, „Сивус“ има повеќе од 500 експерти и докажано портфолио на успешни решенија, систем интеграција и поддршка на голем број клиенти ширум светот. Групацијата „Сивус“ има 8 канцеларии низ светот вклучувајќи ги канцелариите во Шведска, САД, Македонија, Швајцарија, Белорусија, Латвија и Србија. /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, преку фејсбук-објава извести за рекорден трговски дефицит во 2023 година за земјоделско-прехранбени производи во висина од 436 милиони евра.
„Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра. Еве како СДС го уништува македонското земјоделство, Македонија со СДС стана земја увозно зависна од храна. Негрижата за македонските земјоделци и тотално погрешните земјоделски политики на СДС ги принудија земјоделците да го напуштат полето, а со тоа македонските граѓани да јадат увозни земјоделски производи, Македонија од земја извозник стана земја увозник на храна под власта на СДС. Земјоделците ќе имаат вистински партнер во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме македонското земјоделство во онаа препознатлива состојба, а Македонија повторно ќе биде земја извозник на храна“, рече Трипуновски.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
На крајот на четвртиот квартал од 2023 година:
На 31.12.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.458 милиони евра (или 32,6% од проценетиот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2023 година, е зголемен за 305 милиони евра, или за 7,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.
Во текот на четвртиот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.500 милиони евра, односно 62,2% од проценетиот БДП за 2023 година.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следниот линк.
Економија
Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5 отсто, одржана седница на Советот на Народната банка
Советот на Народната банка, на својата редовна седница, одржана на 28 март 2024 година, врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во Република Северна Македонија во висина од 1,5%, којашто ќе се применува и во вториот квартал од 2025 година. Одлуката се заснова врз оцените за постепено стабилизирање на нагорните циклични системски ризици и постојана стабилност на банкарскиот систем. Исто така, ги зема предвид условите од окружувањето коешто и натаму е неизвесно и придружено со ризици, што е причина за претпазливо спроведување на макропрудентните мерки заради натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Со одржувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот се придонесува за спречување и за намалување на можните ризици.
Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Притоа, имајќи ја предвид природата на противцикличниот заштитен слој на капиталот и насоките на релевантните европски институции, Народната банка може да ја оцени потребата за зголемување на стапката, при раст на ризиците и неизвесностите од окружувањето, во услови на поволни остварувања на банките. Во случај, пак, на значително остварување на ризиците во билансите на банките, може да се оцени и потребата од делумно или целосно ослободување на овој заштитен слој на капиталот, како поддршка во работењето на банките при евентуални неповолни сценарија.
Советот на Народната банка на седницата разгледа и други материјали поврзани со работата на централната банка.