Економија
Кумановска компанија објави инвестиција од 3,5 милиони евра
Македонската компанија за челични конструкции Стил Кон од Куманово, инвестираше 3,5 милиони во нов погон за преработка на арматурно железо, како и за доградба и доопремување на постоечкиот погон за челични конструкции во фабриката што се наоѓа во атарот на Младо Нагоричане.
Македонската компанија за челични конструкции Стил Кон од Куманово, инвестираше 3,5 милиони во нов погон за преработка на арматурно железо, како и за доградба и доопремување на постоечкиот погон за челични конструкции во фабриката што се наоѓа во атарот на Младо Нагоричане.Дел од овие средства, односно 750 илјади евра се обезбедени како грант од Холандија. Новата инвестиција отвора можност за околу 100 нови работни места, а со неа Македонија добива единствен погон од ваков тип, најсовремена технологија за преработка на арматурно железо наспроти досегашната пракса рачна преработка на железото.На денешната свеченост присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски, кој оцени дека инвестициите кои овој период влегоа во државата се доказ дека кризата е пребродена.„Владата на секој начин се обидува да создаде поволна клима за развој на економијата. Се надеваме дека наскоро ќе има и други позитивни примери како овој и многу нови вложувања кои можат да не вратат на патот на стабилни и високи стапки на економски раст, какви што бележевме пред да не зафати виорот на економската криза. На Стил Кон му посакувам среќна работа и многу нови нарачки“, истакна Груевски. „Денешното отворање на новиот погон за преработка на арматурно железо е круна на партнерската соработка меѓу Македонија и Холандија. Двете страни со визија за подобро економско утре и со заедничко вложување во новиот погон претставуваат локомотива на развојот на овој регион “, изјави генералниот менаџер на Стил Кон, Бобан Тодоровски.Новата инвестиција на Стил Кон, ја поздрави и амбасадорката на Холандија во Македонија, Марија Шурман. „Владата на Холандија, преку една од програмите за поддршка на приватниот сектор направи инвестиција во проектот Стил Kон со грант од 750.000 евра. Со нетрпение очекуваме да ја достигнеме нашата следна цел, а тоа е да понудиме дополнителни инструменти. Оваа цел е веќе на повидок со дополнителните инвестиции вложени од страна на двата партнера, кои веќе ја удвоија сумата која што беше првично инвестирана, како и бројот на вработени во фабриката Стил Kон“, истакна Шурман. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.