Економија
Тројца премиери предлагаат како да се поттикне растот во ЕУ
Тројца европските премиери повикаа на носење амбициозна програма за стопанскиот раст кој би овозможил заздравување на Европската унија, а земјите членки би ги натерала на построга даночна стега, во моментот кога се заострува кризата во еврозоната.
Тројца европските премиери повикаа на носење амбициозна програма за стопанскиот раст кој би овозможил заздравување на Европската унија, а земјите членки би ги натерала на построга даночна стега, во моментот кога се заострува кризата во еврозоната.„Неопходна е јасна и веродостојна одлука за носење на амбициозната програма на национално ниво и на ниво на ЕУ, за Европа стопански да се опорави“, истакнаа премиерите на Холандија, Мар Руте, на Шведска, Фредерикк Реинффелт и на финска, Јурки Катаинен, во писмото испратено до највисоките функционери на Европската унија. „Длабочината на кризата со која сме соочени, предупредува на важноста на програмата за поттикнување на растот во ЕУ“, се дополнува во писмото на тројцата европски челници коешто во четвртокот навечер е објавено на интернет страницата на холандската влада. Документот е упатен до претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и до претседателот на Советот на Европа, Херман ван Ромпуј.Во него се наведуваат редица предлози за поттикнување на растот во ЕУ, особено „големите планови за отворени и конкурентни пазари, иновации, пристап до финансирањето, разумна регулација и силен единствен пазар“. „Доколку сакаме и во иднина да уживаме во благодатите на најголемиот внатрешен пазар на светот кој внимателно се градеше последните педесет години, сите земји членки мораат да учествуваат во одлучувањето заради поттикнувањето на растот и конкурентноста на ЕУ. Тие благодати би биле загубени во двобрзинската Европа“, предупредуваат тројцата европски премиери. Писмото, инаку, е објавено пред седницата на Советот на Европа на која главна тема, како што мислат овие премиер, ќе биде „постоечките планови за работа кои би требало да опфатат за мерки во врска со кризата и кои би требало поттикнат раст“.„Предлозите од ова писмо се поврзани со повиците коишто минатиот месец ги упати Руте заради воведувањето на функцијата независен европски комесар“, изјави портпаролот на холандскиот премиер, Хенк Бронс за AFP.Руте од почетокот на септември се залага за воведување на должноста европски комесар кој ќе надгледува дали земјите во еврозоната го почитуваат Пактот за стабилност и кој ќе може да носи мерки спрема земјите кои не ги почитуваат договорите. Холандскиот премиер како можни санкции ги наведе намалувањето на европските субвенции и „губењето на правото на глас“ . „Во краен случај, земјите секогаш можат да одлучат да ја напуштат еврозоната, а таа слобода веќе ја имаат“, додава Руте./крај/афп/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.