Економија
МФ: Заем од 50 милиони евра за македонските компании
Денеска заедно со бизнис заедницата и претставници на трите стопански комори и директорот на македонска банка за подршка на развој беа потпишани финалните договори со што се официјализираа 50 –те милиони евра од
Денеска заедно со бизнис заедницата и претставници на трите стопански комори и директорот на македонска банка за подршка на развој беа потпишани финалните договори со што се официјализираа 50 –те милиони евра од Европската инвестициска банка. Парите стануваат ефективни и на тој начин Владата го исполни ветувањето дека ќе го реализира овој проект кој што е еден од најзначајните во насока на поддршка на македонското стопанство со свежи финансиски средства добиени по извонредни услови. “Посебно користењето на овие пари е значајно во услови кога во Европа кризата зазема се поголеми размери и е извесно дека банкарскиот сектор се соочува со дополнителни ризици заради кои евидентно е дека пристапот до финансии станува се поотежнат. Затоа ние навреме ги почнавме подготовките за да ги обезбедиме нови финансиски средства за македонските фирми и успеавме да ги завршиме сите подготвителни активности”, изјави министерот за финансии Зоран Ставревски. Проектот всушност се надоврзува на претходниот проект од 100 милиони евра финансиска поддршка за малите и средни претпријатија во Македонија со кои се финансираа над 300 проекти и се отворија 2 000 работни места. Ставревски најави дека министерството за финансии и Владата веќе ги почнале подготовките за нова транша за нови 100 милиони евра подршка од Европската инвестициска банка. “Фирмите во Македонија го имаат ветувањето на Владата дека тогаш кога ќе се стигне до 70 процентна реализација на постојните 50 милиони ние веќе сме договорени со Европската инвестициска банка да почне подготовката за одобрување на новите 100 милиони. Тоа ќе овозможи вкупно 150 милиони евра свежи пари со апсолутно најповолна камата што може да се добие на пазарот од 5,5 проценти да стигнат до македонските фирми”, појасни министерот Ставревски. Со овие пари може да се финансираат проекти во доменот на здравството енергетиката, образованието, заштита на човековата околина. Ќе бидат одобрувани два вида на кредити и тоа инвестициски кредити и кредити за трајни обртни средства. Износите за кредити за инвестициските кредити ќе се движат од 10 000 евра до максимум три милиони евра за набавка на опрема, а за трајни обртни средства ќе се бидат доделувани од 5 000 евра до 70 000 евра. Во однос на роковите на отплата максималниот рок кај привиот вид е 8 години со грејс период од 2 години , а кај вторите до 3 години со грејс период од 6 месеци. Задоволство од овој заем изразија претставниците на трите стопански комори сметајќи дека на овој начин ќе се подигне квалитетот и конкурентноста на македонските компании во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.