Економија
Сириските банки ќе ја користат рубљата
Сириските банки може да почнат да ја користат руската рубља во своето работење, доколку ЕУ воведе дополнителни санкции за употреба на еврото, изјави во ексклузивното интервју за RT на арапски јазик „Русија ал-Јаум“, гувернерот на Централната банка на Сирија, Адиб Мајалех.
Сириските банки може да почнат да ја користат руската рубља во своето работење, доколку ЕУ воведе дополнителни санкции за употреба на еврото, изјави во ексклузивното интервју за RT на арапски јазик „Русија ал-Јаум“, гувернерот на Централната банка на Сирија, Адиб Мајалех.Минатата седмица, Советот на Европската унија донесе одлука за замрзнување на средствата на Комерцијалната банка на Сирија (Commercial Bank of Syria), како израз на несогласување со репресијата и кршењето на човековите права во таа земја.„Ако почнат да ги применуваат кон нас таквите санкции (дополнителните санкции со забрана за употребата на еврото), ние ќе ги прекинеме сите операции со неговото (на еврото) користење … Не заборавајте дека ние можеме да ја употребуваме и руската рубља. И како потврда на ова, во блиска иднина рубљата ќе биде вклучена во дневните билтени на девизниот курс на странските валути, издадени од страна на Централната банка на Сирија. Исто така, ќе бидат вклучени и кинески јуани“, изјави Адиб Мајалех.Според Мајалех, Сирија е целосно подготвена за контакти со најголемите руски банки и отворање сметки кај нив, „коишто ќе станат главниот канал на соработка за сириските клиенти во приватниот и јавниот сектор“. Тој истакна дека веќе постоечките санкции на ЕУ „ги ограничија можностите за маневрирање за сириските економски структури“.„Тие (санкциите), нанесуваат штета само на една сфера. А таа сфера го претставува сирискиот народ“, додаде гувернерот на Централната банка на Сирија.Сирија речиси седум месеци живее во услови на непрекинати анти-владини протести, кои започнаа во средината на март во градот Дера’а, а потоа се проширија и во други региони на земјата. Опозицијата бара оставка на претседателот Башар ал-Асад и спроведување политички реформи. САД и ЕУ го повика претседателот Асад да се повлече од функцијата и инсистираат на засилување на санкциите против Сирија.На 24-ти септември стапи на сила седмиот пакет санкции на ЕУ против сириските власти, кои вклучуваат забрана за влез во Европа и замрзнување на средствата во земјите членки на ЕУ на министрите за правда и за информации, Тајисер Кала Авад и Аднан Хасан Махмуд.Покрај тоа, со ткн. „рестриктивни мерки“ е воведена и забрана за инвестиции во нафтениот сектор на Сирија, обезбедување банкарски заеми, купување и зголемување на уделите во сириските компании, како и формирање мешовити компании. Покрај тоа, ЕУ воведе забрана за увоз во Сирија на готовина во националната валута.ЕУ, исто така, соопшти дека во ткн „црна листа“ се вброени шест сириски компании: „Addounia TV“, „Cham Holding“, „El-Tel Co.“,„Ramak Constructions Co.“, „Souruh Company“ и „Syriatel“.Претходно, на 2-ри септември, ЕУ им забрани на земјите членки на Унијата увоз на нафта од Сирија. Оваа мерка од пакетот санкции во целост ќе стапи на сила на 15 ноември, кога истекуваат веќе постоечките договори./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.