Економија
Остар пад на цените на индексите на Волстрит
На вол стрит во вторникот цените на акциите забележаа остар пад, поради слабите макроекономски податоци, разочарувачките деловни резултати на компаниите и сомнежите на инвеститорите дека европските лидери ќе ги усогласат решенијата за надминување на должничката криза.
На вол стрит во вторникот цените на акциите забележаа остар пад, поради слабите макроекономски податоци, разочарувачките деловни резултати на компаниите и сомнежите на инвеститорите дека европските лидери ќе ги усогласат решенијата за надминување на должничката криза. Индексот Dow Jonesс падна за 205 поени или за 1,72 отсто на 11.706 поени, индексот S&P 500 потона за 1,99 отсто на 1.299 поени, додека Nasdaq се намали за 2,26 отсто на 2.638 поени.Денеска се очекува самитот на Европската унија и челниците на земјите од еврозоната, но откажан е состанокот на министрите за финансии. Тоа резултираше со ставувањето дека европските лидери не се во состојба да договорат конкретен сеопфатен план за справување со должничката криза. „Има многу различни соопштенија од различни земји, што наведува на заклучокот дека Европа тешко доаѓа до заеднички заклучоци во врска со решавањето на кризата. Поради тоа инвеститорите се разочарани“, коментира Гејл Дадак, аналитичарка во компанијата „Dudack Research Group“.Доколку европските лидери во среда не ги усогласат мерките за надминување на кризата, цените на кациите би можеле да забележат уште поостар пад. Негативно на пазарите во вторникот делуваше и податокот за падот на довербата на потрошувачите во САД во октомври на најниското ниво во последните две ипол години. Со индексот Conference Board се мери каков е ставот на потрошувачите кон деловните услови, пазарот на трудот и изгледите во следните шест месеци. Инвеститорите беа обесхрабрени и од серијата лоши деловни извештаи, Индустрискиот гигант „3М“ оствари послаби резултати отколку што се очекуваа во третото тримесечје и ги намали процените за раст во четвртиот квартал, поради должничката криза во Европа и забавувањето на растот на светското стопанство. Цената на акциите на „3М“ падна за повеќе од 6 отсто. Од истите причини акциите на „US Steel“, најголемата американска челичарница, поевтини за повеќе од 9 отстo ,а на воздухопловната компанија „Delta Airlines“ за повеќе од 5 отсто. Најголемиот, пак, губитник по затворањето на Вол стрит беше акцијата на Amazon.com, со падот на цената за 15 отсто. Најголемиот светски интернет трговец во изминатиот квартал оствари послаби резултати отколку што се очекуваше, додека истовремено неговите трошоци значително се зголемиле. И на европските берзи цените на акциите во вторникот паднаа. Лондонскиот FTSE ослаби за 0.41 отсто на 5.525 поени, франкфуртскиот DAX за 0.14 отсто на 6.046 поени а парискиот CAC за 1.43 отсто на 3.174 поени./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.