Економија
Загуба на Ерсте Банка поради должничката криза во еврозоната и проблемите во источна Европа
Австриската банка „Erste Group“ соопшти во петокот дека во деветмесечниот период од годинава заклучно со крајот на септември забележала нето загуба од 973 милиони евра поради должничката криза во еврозоната и проблемите во работењето во источна Европа.
Австриската банка „Erste Group“ соопшти во петокот дека во деветмесечниот период од годинава заклучно со крајот на септември забележала нето загуба од 973 милиони евра поради должничката криза во еврозоната и проблемите во работењето во источна Европа. Во сиот период минатата година банката забележала нето добивка од 633,8 милиони евра. Во „Ерсте“ наведуваат дека резултатите ги притиснале отписите на ткн goodwill во Унгарија и Романија, дополнителните резервации за ризиците во Унгарија и ревалоризацијата на портфељот на CDS.Нето приходите од каматите во споменатиот период се зголемени за 0,9 отсто на 4,13 милијарди евра. Нето приходите од надоместите и провизиите се намалиле за 1,3 отсто на 1,35 милијарди евра. Нето добивката од тргувањето забележала остар пад поради осцилациите на вредноста на CDS портфељот, па изнесувала само 37,4 милиони евра наспроти дури 290,4 милиони евра во истиот период во 2010 година. Оперативната добивка се намалила за 8,8 отсто на 2,63 милијарди евра.Трошоците на покривањето ан ризикот се зголемени за 17 отсто на 1,86 милијарди евра, првенствено поради дополнителните резервации за ризиците во Унгарија, се наведува во соопштението на „Ерсте“. Извршниот директор Анреас Трејшл нагласи при претставувањето на резултатите дека банката ја намалила изложеноста на CDS-ите од 52, милијарди евра на крајот од септември на 300 милиони евра на 27 октомври. Нагласи, исто така, дек следните денови има намера да го затвори овој портфељ.Во „Ерсте“ ја потврдија прогнозата за целогодишната нето загуба во обем од 700 до 800 милиони евра. Очекуваат, исто така, дека трошоците за покривање на ризиците годинава ќе се зголемат на 2,3 милијарди евра. Трејшл покрај тоа ја нагласи насоченоста на банката е на „источниот дел од Европската унија“ и дека „неодамнешните случувања само го потврдија тоа уверување“. Процени, исто така, дека на банката ќе и’ бидат потребни околу 750 милиони евра дополнителен капитал за да ги исполни барањата на европските банкарски регулатори за стапката адекватноста на капиталот (Core Tier) од 9,0 отсто./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.