Економија
Мудис предупреди на можно намалување на рејтинзите на ризичниот долг за 87 банки во ЕУ
Агенцијата за доделување кредитни рејтинзи „Moody’s“ во вторникот предупреди дека може да ги намали рејтингот на обврзниците со понизок приоритет на наплата за 87 банки во 15 земји од Европската унија поради загриженоста дека владите во кризниот период
Агенцијата за доделување кредитни рејтинзи „Moody’s“ во вторникот предупреди дека може да ги намали рејтингот на обврзниците со понизок приоритет на наплата за 87 банки во 15 земји од Европската унија поради загриженоста дека владите во кризниот период можеби нема да имаат доволно пари да ги исплата барателите на поризичниот банкарски долг.Во „Moody’s“ нагласуваат дека во најголем дел на ревизија на рејтингот ќе бидат подложени банките во Шпанија, Италија, Австрија и Франција. Станува збор за 21 банка во Шпанија, 17 во Италија, 9 во Австрија и 7 во Франција. Следуваат Холандија со 6, Норвешка со 5 банки, Шведски со 4, Белгија, Финска и Луксембург со по три банки, Португалија, Словенија, Купар и Швајцарија со 2 банки и Полска со една банка. Ревизијата би можела да резултира со просечно потенцијално намалување на рејтингот на поризичниот долг за две нивоа, а второкласниот и трeтoклaсниот Tier 3 на подредениот долга за едно ниво, се наведува во соопштението на агенцијата.Поседувачите на подредениот долг доаѓаат на ред откако обврските ќе бидат подмирени кон сопствениците на долгот со право на предност во наплатата. Оттаму, подредениот долг припаѓа во поризичната категорија долгови. „Во „Moody’s“ веруваат дека системската поддршка на подредениот долг во Европа останува непредвидлива, поради комбинацијата на очекуваните промени во политиката и финансиските ограничувања“, се потенцира во соопштението на агенцијата, Се потенцира, исто така, дека во последниот период се појавија примери каде што загубите биле наметнати на поседувачите на подредениот долг, додека не се забележани поизразени прелевања на другите категории на финансиските обврски.„Последнично ’Moody’s’ ќе мор да има многу јасни причини за да ги разгледува опциите за задржување на претпоставките за поддршка на рејтинзите на подредените долгови“, се предупредува во соопштението што го пренесува Reuters. Агенцијата, исто така, предупредува дека заканата за рејтинзите на подредениот би можела да се прошири и надвор од границите на Европската унија. „’Moody’s’, исто така, ќе ги преиспита размерите во коишто изменетата претпоставка за поддршка ќе ги погоди другите цврсто интегрирани пазари надвор од ЕУ, како што се Норвешка или Швајцарија“, се истакнува во соопштението. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.