Економија
Еврото зајакна, добивките ги кочи стравот од кризата
Еврото во средата на меѓународните пазари ги надомести од претходно во однос на доларот, бидејќи инвеститорите беа посклони кон поризничните вложувања откако кинеската централна банка ја намали стапката за задолжителните резерви
Еврото во средата на меѓународните пазари ги надомести од претходно во однос на доларот, бидејќи инвеститорите беа посклони кон поризничните вложувања откако кинеската централна банка ја намали стапката за задолжителните резерви, но не се очекува негов поголем залет поради непопустливата загриженост околу должничката криза. Еврото во текот на средата зајакна за 0,7 отсто и со него се тргуваше по 1,3425 американски долари. Зајакна, исто така, и во однос на швајцарскиот франк на 1,2285 франци. Кинеската централна банка во средата објави дека од 5-ти декември ќе ја намали стапката на задолжителните резерви за тамошните банки првпат по три години, за да ги намали притисоците врз кредитните пласмани и да ја поддржи активноста во второто според обемот светско стопанство. Во таквите услови, зајакнаа акциите и пораснаа цените на сировините, иако економските аналитичари сметаат дека поголемата склоност на инвеститорите кон поризичен имот ќе биде краткотрајна имајќи предвид дена вниманието на пазарите и натаму е свртено кон должничката криза во еврозоната. Кон поризичните вложувања инвеститорите се посвртени и откако беше објавен подобар од очекуваниот податок за новите работни места во американското стопанство. Еврото, така, скокна од најниското ниво од 1.3259 долари на кое се спушти во текот на средата, погодено со засилената загриженост во врска со должничката криза откако италијанскиот пазарен регулатор рече дека на еврозоната и’ се заканува распад доколку улогата на Европската централна банка остане непроменета во периодот на должничката криза. Претходно единствената европска валута се најде под притисокот на продажбата, бидејќи инвеститорите не беа охрабрени од плановите за зголемување на капацитетите на Европскиот фонд за финансиска стабилизација (EFSF), што беше изнесено на состанокот на министрите за финансии од земјите членки на еврозоната во вторникот навечер во Брисел, бидејќи не беше спомнат неговиот обем. Инвеститорите, исто така, се сомневаат дека тоа ќе биде доволно за да се спречи финансиската катастрофа во регионот. Во таквата атмосфера дополнително пораснаа разликите во приносите од државните обврзници на членките на еврозоната, Италија и Шпанија и од референтните германски државни обврзници, коишто инаку се сметаат за најсигурните во еврозоната.„Тргувањето и натаму го диктира старата приказна со растот на разликата во приносите на државните обврзници на членките на еврозоната, со мала веројатност за скорешно надминување на кризата, а тоа значи дека и натаму останува актуелен трендот на послабото евро“, вели за Reuters Каспер Киркегард, валутен стратег во Копенхаген.За полошото расположение кон еврото и продажните притисоци придонесе и најновата одлука на агенцијата за доделување кредитни рејтинзи „Standard & Poor’s“ за намалувањето на кредитните рејтинзи на 15 големи банки, од Европа и од САД, поради воведувањето нова методологија. Трговците очекуваат променливо тргување коешто ќе го одредува побарувачката на инвеститорите коишто сакаат да ги урамнотежат своите портфељи од последниот ден на многу променливиот ноември во кој еврото во однос на доларот ослаби за повеќе од 4 отсто./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.