Економија
S&P ќе го намали рејтингот на целата еврозона?
Агенцијата за кредитен рејтинг Standard and Poor’s ја стави речиси целата еврозона, вклучувајќи ги и Германија и Франција, на „кредитно набљудување“ поради се поголемите стравувања од должничката криза.
Агенцијата за кредитен рејтинг Standard and Poor’s ја стави речиси целата еврозона, вклучувајќи ги и Германија и Франција, на „кредитно набљудување“ поради се поголемите стравувања од должничката криза.
Во соопштението се вели дека агенцијата ги ставила „долгорочните суверени рејтинзи“ на 15 земји членки на еврозоната на кредитно набљудување со „негативни импликации“. Својата одлука, велат од агенцијата, ја донеле „поради нивното верување дека систематските стресови во еврозоната во изминативе неколку недели се зголемиле до степен што сега вршат надолен притисок врз кредитниот рејтинг на еврозоната во целост“.
Потегот на S&P значи дека земјите со врвниот рејтинг ААА сега имаат 50 проценти шанса да им бидат намалени рејтинзите во наредните 90 дена.ваков рејтинг во еврозоната имаат Германија, Франција, Австрија, Холандија, Финска и Луксембург.
Единствените две држави кои не се ставени на оваа листа за набљудување се Кипар, кој веќе е под мониторинг и Грција, за која не се потребни дополнителни објаснувања.
Информацијата ги фати инвеститорите неподготвени и предизвика пад на акциите по првичниот раст, а паѓа и вредноста на еврото.
Франција и Германија одговорија со најавата дека промените не европскиот договор ќе го засилат управувањето со еврозоната. По вчерашниот состанок во Париз, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози соопштија дека приоритет е да се истуркаат предлозите за реформи, но не дадоа детаљи и другите земји-членки на еврозоната се воздржаа од изјави додека не ги видат деталните предлози.
Меркел и Саркози, двоец кој медиумите веќе го нарекоа „Меркози“, сметаат дека сите 17 земји-членки мора да се соочат со посилни проверки на нивните буџети, како и со казни ако ги натрупаат дефицитите. Тие истакнаа дека новиот договор ќе биде готов до март 2012 година, за да се спречи ваква криза некогаш да се повтори.
Оценката на S&P излезе веднаш по состанокот на двајцата лидери. Одлуката на агенцијата сега да ја објави информацијата предизвика бес кај членките на еврозоната, затоа што уште повеќе ги крева влоговите и притисокот врз учесниците на самитот на ЕУ кој почнува во петок во Брисел и се смета за клучен за опстанокот на еврото.
Во пресрет на самитот, американскиот министер за финансии Тимоти Гатнер денеска пристигнува во Европа, каде што ќе одржи серија средби со врвни финансиски функционери од неколку земји. Првата средба ќе ја има со врвот на Европската централна банка во Франкфурт, а веднаш потоа и со германскиот министер за финансии, Волфганг Шобл.
Аналитичарите сметаат дека потегот на агенцијата го отсликува стравувањето на сите инвеститори за тоа што ќе се случи ако банкротира голема членка на еврозоната, како Италија. Тие, сит така, велат дека оценката воопшто не е контроверзна, затоа што банките од еврозоната се мачат да обезбедат заеми, голем број економии се повеќе потклекнуваат под товарот на големите долгови на државите и на домаќинствата и постои значителен ризик од рецесија.
Соопштението на S&P влијаеше и на финансиските пазари. Референтниот индекс Dow Jones вчера затвори со 78,4 поени, што е намалување од растот кој го имаше на почетокот на вчерашниот ден.
И еврото ослабе во однос на доларот, за 0,5 проценти./крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.