Економија
Драстичен пад на цената за задолжување на Италија
Цената за задолжување на италијанската влада во среда драстично опадна во споредба со последната аукција на италијанскиот долг во ноември, при што владата собра девет милијарди евра со камата чија вредност падна за половина од претходната.
Цената за задолжување на италијанската влада во среда драстично опадна во споредба со последната аукција на италијанскиот долг во ноември, при што владата собра девет милијарди евра со камата чија вредност падна за половина од претходната.
Каматата на шестмесечните задолжувања падна на 3,251 процент, споредено со каматата од 6,504 проценти, која Рим мораше да ја понуди на сличната аукција во ноември.
Аукцијата следуваше веднаш откако банките од еврозоната добија тригодишни заеми од Европската централна банка (ЕЦБ), во висина од 489 милијарди евра. Ова е прв случај ЕЦБ да се согласи на банките да им даде заеми кои достасуваат во рок подолг од една година, што покрена бран шпекулации дека банките ќе го искористат кешот за им дадат заеми на своите влади.
Од 489-те милијарди евра, банките искористија 300 милијарди евра за да ги рефинансираат своите сопствени долгови, по што им останаа околу 190 милијарди евра за инвестиции во други сектори, вклучително и во заеми на нивните влади.
Исто така во средата Италијанците успеаја да соберат уште додатни 1,7 милијарди евра како двогодишен долг, со камата од 4,85 , што е пад од претходните 7,81 процент.
Финансиските пазари добија додатно уверување од потезите во сферата на реформите и мерките за штедење на владата на премиерот Марио Монти. Меѓу најновите реформи е и уредбата за ограничување на кеш-трансферите, чија цел е да се сузбие одбегнувањето на данокот.
„Заемите од ЕЦБ ја намалија можноста за кредитен крах, по што банките не мораат повеќе да ја чуваат целата готовина која ја поседуваат. Она што владата на Марио Монти го стори во декември дефинитивно помогна да се подобри состојбата“, вели Марко Стринга, виш економист во Deutche Bank.
Италија во новата година има значителна потреба од заеми, вклучувајќи ги и 161 милијарда евра за отплата на стари долгови, кои стасуваат во периодот помеѓу фебруари и април, сума која целосно ќе мора да ја рефинансира преку нови зајмења.
Наметнатите трошоци за долгорочно зајмење на италијанската влада исто така нагло паднаа по последните информации, при што приносот од 10-годишната италијанска обврзница во среда наутро падна на 6,74 проценти. Во вторникот приносите од истите обврзници пораснаа на над седум проценти, ниво кое се смета за неодржливо ако една влада е присилена своите постоечки долгови да ги рефинансира преку нови заеми.
Италијанската влада во четврток треба да ја пушти новата емисија обврзници од нејзиниот долгорочен долг, вклучувајќи ги и 10-годишните.
И европските акции добро реагираа на информациите. Италијанската берза FTSE, со седиште во Милано, во среда се засили за 0,87 проценти. За половина процент пораснаа и берзите во Франкфурт, Лондон и во Париз. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.