Економија
Волстрит со раст ја почна 2012-та
Цените на акциите на њујоршки Волстрит во вторникот, првиот ден од тргувањето во новата година, забележаа силен раст поттикнати од извештаите за раст на индустриското производство во САД во серијата стопански извештаи од светот кој ги надминаа очекувањата, коментира CNBC News.
Цените на акциите на њујоршки Волстрит во вторникот, првиот ден од тргувањето во новата година, забележаа силен раст поттикнати од извештаите за раст на индустриското производство во САД во серијата стопански извештаи од светот кој ги надминаа очекувањата, коментира CNBC News.Индексот Dow Jones заврши со раст од 1,5 отсто на 12.397 поени, додека преку денот растеше и над два отсто. Поширокиот индекс S&P 500 исто така порасна за 1,5 отсто на 1.276 поени, додека технолошкиот индекс Nasdaq е зголемен за ,17 отсто на 2.648 индексни поени. Индексот на волатилноста (нестабилноста) CBOE кој се смета за најдобар показател за стравот на пазарот, заврши под 23 поени.Според аналитичарите консултирани од The New York Times, инвеститорите и трговците на Волстрит обемот на тргувањето бил слаб, па многу инвеститори останале настрана чекајќи ги натамошните насоки или барајќи разјаснување за силата на американското стопанство. Исто како и минатата година, многуте предизвици со коишто е соочена еврозоната остануваат првата и централна грижа на многу инвеститори, додека светските политички челници предупредуваат на нови тешкотии и турбуленции кои го очекуваат светот во 2012 година. Меѓу водечките акции во вторникот беа на банкарскиот сектор, па така акцијата на „Bank of America“ порасна за 6 отсто на 5,86 долари, а акцијата на „Citigroup“ скокна за 8 отсто на 28,46 долари.Аналитичарите укажуваат на новите извештаи за американското производство како причина за зголемениот оптимизам на инвеститорите. Институтот за управување со снабдувањето (ISM) објави дека неговиот индекс на производството скокнал на 53,9 отсто во декември, од 52,7 проценти во ноември. Инаку, сите вредности над 50 индицираат стопанска експанзија. Индустриското производство во светот во декември растеше, па така во Австралија е зголемено првпат по шест месеци, а податоците од Кина и од Германија ги надминаа предвидувањата на економистите./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.