Економија
Европските акции на највисокото ниво во пет месеци
Европските акции во четвртокот го достигнаа новото највисоко ниво во последните пет месеци откако стигнаа позитивните информации од успешната аукција на шпанските државни обврзници што им даде поддршка на цикличните сектори, како што се банкарскиот и рударскиот.
Европските акции во четвртокот го достигнаа новото највисоко ниво во последните пет месеци откако стигнаа позитивните информации од успешната аукција на шпанските државни обврзници што им даде поддршка на цикличните сектори, како што се банкарскиот и рударскиот.Индексот на лондонската берза FTSE 100 зајакна за 0,2 отсто на 5.682 поена, индексот на берзата во Франкфурт DAX скокна за 1,2 отсто на 6,227 поени, додека индексот на париската берза CAC 40 беше во позитива 0,6 отсто и изнесувал 3,224 индексни поени.Индексот на токиската берза, Nikkei, во четвртокот ослаби за 0,74 отсто на 8.385 индексни поени. „Шпанската аукција овозможи јакнење на еврото, што им помогна и на пазарите на кации. Засега тоа претставува позитивен почеток на 2012 година и покрај значајните неповолни фактори и многумина и натаму сметаат дека акциите се потценети“, вели за Reuters Агнус Кемпбел од „Capital Spreads“.Првата аукција на шпанските државни обврзници во 2012 година е оценета како проверка на довербата во способностите на Европа да ги намири своите потреби за финансирање. Шпанските трошоци за задолжувањето паднаа, но владата во Мадрид во годинава ќе се соочи и со предизвикот да ги исполни строгите европски прописи за дефицитот во буџетот. Во таквата атмосфера во четвртокот најголеми добитници беа банките, што се темелеше на надежите дека подобрените должнички ситуации во земјите од еврозоаната може да го забрзаат темпото на стопанското заздравување и со тоа да ги поттикнат подобрените нивни биланси. Банкарскиот сектор во целост просечно зајакна за 2,5 отсто, откако минатата година загуби на вредноста 32 отсто. Така италијанската „UniCredit“ банка зајакна за 8,2 отсто, француската „BNP Paribas“ за 5,9 а германската „Commerzbank“ за 5,6 отсто.Меѓу добитниците се издвојуваа и акциите на рударските компании, имајќи предвид дека цените на базните метали пораснаа благодарејќи на надежите за подобрената побарувачка на метали и послабиот долар кој ја зајакна куповната моќ на поседувачите на другите валути. Така индексот на производителите на базични ресурси во четвртокот порасна за 2,3 отсто. Минатата година, пак, забележа пад од 300 отсто. Така „Eurasian Natural“ зајакна за 3,1, „Rio Tinto“ за 2,5 а „Xstrata“ за 1,9 отсто. Меѓу губитниците, пак, во четвртокот се истакнуваа трговците на мало, ослабувајќи во просек за 4,9 отсто, откако „Тesco“ издаде предупредување за добивката во којашто беше соопштено за најлошата божикна продажба во неколку децении наназад. Нетовите акции загубија на вредноста 14,4 отсто. Во центарот на вниманието на инвеститорите во четвртокот беше и конференцијата за новинарите на претседателот на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, откако банката соопшти дека ги задржува каматните стапки во еврозоната на еден процент. Англиската централна банка „Bank of England“, исто така, ја задржа клучната каматна стапка на важечкото рекордно ниско ниво од 0,5 отсто.Пазарите така беа во потрага по сигнали за евентуалните неочекувани одлуки на ECB за каматните стапки во следните месеци. Повеќето аналитичари сметаат дека нивното намалување ќе следи во февруари или март. /крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.