Економија
Македонија претставена на Саемот за туризам во Утрехт
Од 10 до 15 јануари во Утрехт, Холандија, беше одржан традиционалниот годишен настан -Туристичка берза на кој како туристичка дестинација се претстави и Република Македонија.
Од 10 до 15 јануари во Утрехт, Холандија, беше одржан традиционалниот годишен настан -Туристичка берза на кој како туристичка дестинација се претстави и Република Македонија. „Тимот на АППТ работеше напорно за да организира достоинствена презентација на туристичките можности на Македонија на овој саем. Направивме нови иновативни промотивни материјали, а направиваме и убав штанд и во соработка со повеќе фирми и асоцијации од туристичката индустрија одлично се претставиме, што треба да придонесе за подобра овогодишна туристича сезона“, изјави Јордан Трајков, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Макеодонија (Агенција организатор – носител на саемското презентирање на Македонија)./Според Васко Коциров, сопственик на „Каратанова турс“, компанија од Холандија која долги години носи бројни туристи од оваа земја во Македонија, годинава поради кризата саемот бил помалку посетен, но од друга страна, на штандот на Македонија никогаш немало толку многу посетители. Коциров, сепак, очекува рекордна сезона. „Штандот на Македонија имаше одлична локација и изглед, а материјалите кои беа делени на посетителите беа перфектни за истите. Нашата пак продажба на аранжманите за Македoнија стартува одлично. Имаме додатни чартер летови, подолга сезона и воглавно продаваме аранжмани на база ноќевање со доручек што значи дека Македонија може да очекува позитивен ефект за туристичката индустрија и воопшто за економијата“, вели Мараје Криегсман, продукт менаџер од ТУИ Холандија, туроператор кој и оваа 2012 година како и минатата година воведе чартер летови за Македонија.Крсте Блажески, сопственик на Хотел Дрим и претставник на ХОТАМ за овој саем изјави:” Јас сум редовно присутен на овие саеми и можам да кажам дека оваа година за разлика од последните години нашиот штанд добива изглед како што треба, а имавме и значително подобрување на посетеноста. До овој момент имаме продадено околу 500 аранжмани, за разлика од лани кога во исти период имавме продадено само 120 аранжмани. Моја проценка е дека можеме да очекуваме пораст од 20-30% од холандскиот пазар.” Евалд Кениг, странски инвеститор во Македонија во туризмот, сопственик на туристичката агенција „МакСан Травел“ вели дека македонскиот штанд имал добра организација и презентација на саемот „што е добро, бидејќи Холандија е важен пазар за Македонија“. „За нашата агенција основни целни пазари досега беа Германија и Австрија. Холандија е нов пазар за нас и се надеваме дека преку оваа промоција на саемот во Утрехт оваа година ќе го отвориме истиот“, додаде Кениг./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.